После ваква утакмица очекував многу појке серења на форум ама изгледа малку од двете страни се има сватено дека ветар дупка не полни, браво има напредок.
Од моја гледна точка Комити најдобра бројка до сега во Битола (500/600) мислам дека нашето гостување 2012 бевме малку повеќе од тоа. Како и да е одлична бројка. Изглед на трибина добар, добра баклијада со бајраците. Корео ништо посебно, а со оглед дека идиш на дерби и се очекува да биди тензично не се ни потрудиле ништо посебно и си зеле веќе искористено покривно. Навивање не слушнав воопшто кај нас во коп ама се гледаше кога креват раце или скокаат дека цела трибина е синхронизирана и навива.
За нас добар изглед, топ бројка, а да имаше 500 луѓе помалку сигурен сум дека и подобро ќе се навиваше. Најмногу ме бендиса шо за споредба од претходно се слушаја инструкци кога и како да се кренат пароли, палење пиро, кореографија и слично. Доста пиро се запали во текот на цел натпревар да беше барем на два пати ќе беше многу помоќно.
Меѓусебни спаризни на толку народ се веќе стандард процедура кај нас имаше барем 3/4, некој спомна имало и кај гостите.
Се на се се одлично дерби, секое наредно ќе биди за ниво послабо освен ако не дочекаме меѓусебна борба за титула.