YuZe
Sic Semper Tyrannis
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 1.868
- Поени од реакции
- 2.090
Не ме свати, кога реков ти треба мачор мислев на метафора за маж.Треба да одберам едно, не разбирам?
Животинки имаа моите родители кога се родив, цел живот сум со животни, не сакам поинаку да живеам.
Животните не ми менуваат партнер, имав партнер и животни, и тој човек сака животни колку што јас сакам.
Нормално дека ќе бидам со маж, со кој ќе делиме заеднички вредности (нешто што прв го спомна - што ти било важно при избор на сопатничка) - исто е. Јас и ти имаме различни вредности, што е сосема океј. Не можеме сите со сите да бидеме компатибилни.
**Не барам "перфекција" во маж. Јас сум далеку од перфектна. Но мора да имаме заеднички погледи на животот, во спротивно само би се унесреќувале еден со друг. Не зборувам за ситници и небитни работи, баш дадов примери за многу битни работи - на пример имање дете, земја на живеење, ставови кон религија. Кога јас веќе знам дека сакам да имам дете, не сакам да се отселам од земјава, иако не сум верник многу почитувам македонски традиции (вклучително и православни), како би била океј со маж кој не сака дете, во процес е на селење, не сака да чуе за славење Божиќ на пример?
Мислам дека ме разбираш што сакам да кажам.
Сите со сите дефинитивно не се компатибилни. Екстроверти, интроверти, амбиверти, харизматици и перфекционисти. Најбитно е да не изгубиш надеж.