Фан клуб: РК Пелистер

Член од
30 август 2012
Мислења
3.562
Поени од реакции
6.215
Честито победа :D
Просто неверојатно е како за ракометна држава, толку врска немаат од ракомет луѓево што коментираат на фб воглавно. Без разлика од кој град доаѓаат.
Одма да се задржел Шундо, доживотни договори за младите македонски ракометари итн.
Денешниов противник е можеби единствен послаб од Пелистер во лигава, луѓево споредуваат победа над Фредериција со порази од екипи ко ПСЖ, Веспрем, Киелце, Кил итн.
Демек ете нов тренер и има промена. Промена има затоа што противникот е на исто рамниште, со другиве екипи ќе играш колку ќе ти дозволат со составите кои ги имаме и ние и вие, кои се 4 класи под најсилниве европски екипи.
Од наша перспектива, се надевам победава ќе придонесе да го врзете Шундо до крај на година :D
Толку бевме очајни со Бранко шо на некои дури и овде пишеа дека многу јак проток на топка имале Висла Плок :ROFLMAO: , а федерација ги тепа тие со протокот на гости .
Јас лично мислам дека Плок на таа утакмица беа поотепани од оваа Федерација ама нашите имаа самодоверба со Бране минус 1000.
Инаку промена има ради тоа што барем Шундо знаеше кога да напрај ротации и на кој да му дај шанса , да беше Бранко и ова ќе се изгубеше.
Ќе напрат грешка ако го остат Шундо ама дури не најдат ОК тренер поарно тој да биди уште некое време отколку пак експерименти .
За 90% пикерот сите го хејтаа дека стар демек , ама првиот впечаток е повеќе од задоволителен.
И уште еднаш се потврдува дека сите стручнаци кај нас маме му ебаа на Павле последните 2 години , треба да дојдат уште среден и да менват минутажа Павле , а Тајник нека игра со Бутел дури има договор, во напад е потпросек во одбрана очај .
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.864
Поени од реакции
2.845
Митревски беше НЕВЕРОЈАТЕН, тој најмногу ја заслужи оваа победа.
Шебиб ќе биде одлично засилување, грамада играч, одбраната ја крена ниво погоре.
Павле Атанасијевиќ идеално решение за партнер на Кузмановски во нападот, не ми е јасно зошто толку се форсираше Тајник? Нема што да бара во тимот, покрај таков Павле.
Нека ви е честито победата, сега со добар тренер до подобри резултати.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.562
Поени од реакции
6.215
Честито нека ви е победата, Митревски е ѕвер еден од најквалитетните голмани во историјата на македонскиот ракомет. По која логика го остави Кире во резерви на списокот на репрезентација, јас не знам.
Сега ако го викни треба да ми рече неможам повреден сум :ROFLMAO:
Нема логика кај Кире летна во облаци со неговиот проект со победата над вас и нас.
Реално со нормален тренер ние ќе му дупневме глата таму , ама тоа е .
Како и да е не е ОК спрема Никола да го клајш резервен голман , поарно речи му ќе подмладиме не рачунаме на тебе , а реално пар треба да бидат Митревски и Томовски ,
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.365
Поени од реакции
6.858
КОНЕЧНО!

Неверојатно е како може истата екипа да одигра онакво ужасно прво полувреме, за после одморот конечно да пружи ЛШ ниво на ракомет во второто. После првото, мислев пораз е незбежен, тоа беше можеби најлошо полувреме цела сезона на било кој натпревар. Фредериција беа очајни, спремни да изгубат уште од старт. Плус конечно и голман расположен имаше Пелистер, Митревски реално беше man of the match. Се поклопија коцките. Ама заради трагично лошиот напад и изгубени топки, наместо со +5 со -3 заминаа на полувреме.

Е во второ украдените топки на Кузмановски во првата минути како да донесоа самодоверба и комплетно се смени натпреварот. И на дело, тоа што го зборуваме веќе 3 месеци - Павле Атанасијевиќ место Борзаш/Тајник + пикер во два правци (Мамду Шебиб) и одма целата игра се трансформира. Одеднаш, одбраната е многу подобра, има простор да се влече прв бран транзиција, се отежнуваат нивните измени напад/одбрана.

Шебиб физички делува ок, тоа ми беше главниот прашалник мене после 2 години кај арапите, ваков сигурно ќе помогне на екипата оваа сезона, дури и на 35 години - одма се гледа разлика. Нормално против појаките екипи ќе излезат слабости, ама е чекор напред во однос на тоа што имавме претходно.

Рецептот е очигледен. Со игра како во второто полувреме, може да се игра и со останатите екипи, барем дома. Прогнозираните 2-3 бода за оваа сезона веќе се остварени. Но простор за задоволство нема. Треба да се оди до максимум и натаму, со оглед колку лошо игра Висла Плок во ЛШ засега, можеби има некакви шанси и за повисок пласман од очекуваното 7-8 место.

П.С. Никако потценувачки пристап за 20 дена дома. Полошо од ова не верувам дека може да одигра Фредериција - ова не беше настап на ниво на ЛШ.
Автоматски споено мислење:

Сега ако го викни треба да ми рече неможам повреден сум :ROFLMAO:
Нема логика кај Кире летна во облаци со неговиот проект со победата над вас и нас.
Реално со нормален тренер ние ќе му дупневме глата таму , ама тоа е .
Како и да е не е ОК спрема Никола да го клајш резервен голман , поарно речи му ќе подмладиме не рачунаме на тебе , а реално пар треба да бидат Митревски и Томовски ,
Претпоставувам дека е во договор со Митревски одлуката. Резерва е пишан, да не случајно се повреди некој. Инаку за со Естонија и Литванија нема зошто да го трошат, поарно нека одмори 10 дена.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.365
Поени од реакции
6.858

Прва гостинска победа на Пелистер во ЛШ од 1996 наваму. И тогаш во Данска кај ГОГ Гудме.
Автоматски споено мислење:

So pobeda nad ovie doma sami ke si resvame so Wisla doma za pominvanje na grupa sho bi bilo odlicno!!
Не треба филмови да се прават отсега, треба меч по меч. Висла сите натпревари ги изгуби тесно, може слободно 2-3 победи против други екипи да врзат. Исто и Пелистер можеби откако се скрши мразот ќе може да даде добра партија дома и со друг противник.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.562
Поени од реакции
6.215
Претпоставувам дека е во договор со Митревски одлуката. Резерва е пишан, да не случајно се повреди некој. Инаку за со Естонија и Литванија нема зошто да го трошат, поарно нека одмори 10 дена.
Па нели и да е така треба транспарентно да излези и кажи во договор со Митревски ова и ова ќе правиме .
Не гледам ништо лошо во тоа , кога моментално ни е најдобар голман со Томовски заедно .
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
324
Поени од реакции
775

Прва гостинска победа на Пелистер во ЛШ од 1996 наваму. И тогаш во Данска кај ГОГ Гудме.
Автоматски споено мислење:



Не треба филмови да се прават отсега, треба меч по меч. Висла сите натпревари ги изгуби тесно, може слободно 2-3 победи против други екипи да врзат. Исто и Пелистер можеби откако се скрши мразот ќе може да даде добра партија дома и со друг противник.
Neznam zosto site... prvi bodovi so Sporting ili prva pobeda denes vo LS...vo 2005 god, mislam Oktomvri bese go pobedivme Shafhausen doma so eden razlika...so eden izgubivme od Zagreb doma, tamu katastrofa...ili ne se priznava deka mozi drugo ime imase LS formatot, neznam ni samiot...ili deka se vika liga na sampioni, po taa logika ne treba da se priznavaat ni titulite evropski na tie sto ja imat osvoeno...ama to e...prva utakmica so Celje na domasrn teren vo novoformiranata Kup na evropski sampioni, prv pretstanik na makedonska ekipa vo evro natprevaruvanje so Atletiko Madrid 1986, dete bev togas, prisuten bev na tribinata kaj lapacite, sprotivnata od Ckembarite, prv sampion na Makedonija, prv ucesnik vo finale na evropski kup od Makedonija protiv Skjern, prv oformen rakometen klub vo Makedonija...1946, vo 1955 menato imeto vo Pelister...sepak imame istorija sto treba da si ja pocituvame
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
324
Поени од реакции
775
Pak citam statusi na FB od Bojan Sterjev...vika radvajte se, ama tie vistinskite..
Abe Bojan, dete... se radva cela Bitola, za mene vistinska e cela Bitola...za mene uste povistinski sme tie bas ti so mislis deka ne se vistinski, nie so kritikuvame i so ne boli sekoj poraz i nepravilna rabota...ako ne sme vistinski nema da se zamarame i nema da reagirame...klubot e nas i sekogas ke bidi, upravata i i igracite se menlivi i prolazni, nie navivacite i Pelister sme vecni...ne sme protiv sponzorot Eurofarm, sekoja cest za vlozvanjeto,( iako trebase da odvoite mnogu povekje, so semki nemozi vo top 16), protiv imeto sme Eurofarm Pelister so go silovate uporno i tie vistinskite so sakate da gi spomnite ke se vratat v sala ako klubot se vika Pelister Eurofarm....i dedo ti vlozvase vo klubot 1% od tie vistinskite ukradeni od REK 100%, ama klubot se vikase Pelister Evrokar, Pelister Zito Bitola mladite, Pelister TAT, TAM zenite itn.... vasata ljubov kon klubot se vide uste koga oformivte paralelen klub vo Bitola...
VO OVAJ CUDEN GRAD, ZA PELISTER NAVIVA SEKOJ STAR I MLAD!
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.583
Поени од реакции
17.426
Се изнадерив глас немам поќе на крај се поздравија со нас. Срамота само шо од 30 души на трибини само ние 2ца со другарот се убиваме пеење и скокање и другите 3-4 со нас шо беа …30 слики ни пуштија од ТВ гахха
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2012
Мислења
3.562
Поени од реакции
6.215
Pak citam statusi na FB od Bojan Sterjev...vika radvajte se, ama tie vistinskite..
Abe Bojan, dete... se radva cela Bitola, za mene vistinska e cela Bitola...za mene uste povistinski sme tie bas ti so mislis deka ne se vistinski, nie so kritikuvame i so ne boli sekoj poraz i nepravilna rabota...ako ne sme vistinski nema da se zamarame i nema da reagirame...klubot e nas i sekogas ke bidi, upravata i i igracite se menlivi i prolazni, nie navivacite i Pelister sme vecni...ne sme protiv sponzorot Eurofarm, sekoja cest za vlozvanjeto,( iako trebase da odvoite mnogu povekje, so semki nemozi vo top 16), protiv imeto sme Eurofarm Pelister so go silovate uporno i tie vistinskite so sakate da gi spomnite ke se vratat v sala ako klubot se vika Pelister Eurofarm....i dedo ti vlozvase vo klubot 1% od tie vistinskite ukradeni od REK 100%, ama klubot se vikase Pelister Evrokar, Pelister Zito Bitola mladite, Pelister TAT, TAM zenite itn.... vasata ljubov kon klubot se vide uste koga oformivte paralelen klub vo Bitola...
VO OVAJ CUDEN GRAD, ZA PELISTER NAVIVA SEKOJ STAR I MLAD!
Не планирав да пишам нешто отпоќе уште пред некој ден ко беше со координатите ама овие малку почнаа да кажват приказни поќе отколку шо треба .

Прво која доблест е да пишиш големи зборови за чесност и љубов кон градот, кога парите на дедо му се од тендери и зделки, на грбот баш на тој град и народ .

Незнам шо сакат да отворат теми и провоцираат и да кажват кој се вистински , а кој не, место да гледат да напрат хемија меѓу клубот и навивачите овие многу мудруват.

Му се прогледа низ прсти за Еурофарм шо е пред Пелистер , му се прогледа низ прсти за неколку несмасни изјави до сега,ама ако мислат дека клубот почнал од дедо му е и нивна приватна играчка , тогаш влегват во матното, изгледа уште не му е јасно дека на повеќето му е побитно клубот да е на градот и битолчани отколку и да освојат и ЛШ.

А и да му допишам кога спонзорирање Циле , беше дел од спонзорите каде беше директор во државна фирма. Ај нешто да му се разјасни .
И тоа претежно во период
1955 - 1980-ти: Пелистер главно беше поддржан од фабриката за тутун „Битола“ и неколку други локални индустриски компании.

1980-ти - почеток на 1990-ти: Комбинатот „Пелистер“, главен и стабилен спонзор и тогаш клубот беше на врвот и во југословенскиот ракомет.

Во 90-ти до 2000-та негде комбинат Пелистер , кој тогаш помалку вложување, поради криза ,плус Жито Битола , па после Еврокар превзеде повеќе.

Така да ако читат овде, нека се приберат малку најарно клубот никогаш не бил на Циле нема да биди, ни на никој друг освен на градот и битолчани , а ако сака приватен клуб нека си го реотворат Работник и нека одјебат.
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
909
Поени од реакции
1.209
Браво за вчера, конечно победа и радост за нас ВИСТИНСКИТЕ !

Да, сите ши пишиме овде, јадиме лајна е ОТИ не боли и оти си го сакаме Пелистер како свое, ние ВТОР клуб немаме и неможеме да навиваме ни за Работник, а ни за Тумбе Кафе.

Прво незнам дали гледате дека без Бранче одма се гледа атмосферата дека е на повисоко ниво, дека гинат, пристапот негов ала Обрадивиќ не му успеа за жал, неможи за некој мајка за некој маќеа и да се дериш само и да свириш, Јок !

Никучот НЕ Е НОРМАЛЕН, Павле мислам требаше после натпреварот со Алкалоид да паузира 10-14 дена пошто беше отворен кај окото, тој не само шо игра, туку како... и напад и одбрана.

Одбрана горе долу освен Деки Бој и Богдан другите сите на ниво, па дури и Петар беше одличен. Иначе да работеа на Петар до сега на техниката и на финесите за крило, тој ќе беше едно од ретките крила шо можи да игра одбрана централно и во напад на крило... ама толку имаат визија и план, го донесоја Деки Бој за Цветан и Петар да замрзнат на клупа... Фитилот стандарден. Пикерот новиот изгледа солиден. На крај, селфито кажва се, а то е конечно насмеани лица.

Како шо кажа коментаторот на Арена Тамше најверојатно ќе биди нов тренер, во игра е и друг странец (шпанец), а одлуката треба да биди денес/утре, а најверојатно Тамше.

Кој и да биди, комплетно одврзани раци, нов менаџмент, нов стручен штаб (освен алекот) и нормално, соработка со нови менаџери, доста не отепа црногорецот со убалвања играчи.

БИТОЛА РЕЗЕРВЕН КЛУБ - НЕМА !!!

Честито победа и нека се множат.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom