Тоа што вие бугарите појма немате што беше Југославија и како фунционираше ве прави заблудени во вашите убедувања. Македонците српската окупација прво ја заменија со бугарска окупација за во 1944 се ослободат и можат слободно да си се кажат дека се македонци, да учат на свој-македонски јазик. 1991 година само се испадна од федерацијата каде не бевме поробени па да се ослободуваме и затоа и беше такво прашањето во можен иден сојуз со останатите републики ама само во случај тоа да се сите бивши републики што беа во склоп на СФРЈ.Како точно се ослободивте? "со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија" Ова не е ослободување. Какво беше мислењето за ова ослободување на вашата сегашна претседателка, истата што ја избравте? Нема ослободување кога пушташ претежно српска музика во кафани, гледаш српска телевизија и слушаш српско радио. Едноставно имаше несакано отцепување, затоа што веќе немаше де факто Југославија.
Тоа што денес има омраза кон бугарската држава е само поради ветото и ништо друго. Како може да има повеќедецинска омраза на македонците спрема бугарите а во исто време толку многу македонци да ја посетуваа Бугарија како туристичка дестинација и да се школуваат толку многу студенти во Бугарија? Само лошата политика на бугарската држава спрема Македонија е главниот виновник за денешните односи помеѓу двете држави а со самото тоа и помеѓу одреден број на граѓани од двете страни.
Очигледно е толку сте задоени со таа санстефанска Бугарија која никогаш не суштествувала па тешко ги разбирате денешните состојби во Македонија.