Никако не можам да го замислам Рашфорд како шпарта напред назад, од 16 до 16. Ја освојува топката во одбрана и потоа шпринт напред за да помогне во нападот. Тој филм не го гледаме.
Јас во животот само еднаш сум видел некој успешно да игра 3-4-3 со крилни фудбалери наместо бекови. Тоа беше Киево кога пред 200 години влезе во Калчото. Не играа 3-4-3, туку 3-5-2, ни во основа тие две формации се многу слични. Киево тогаш играше спектакуларен фудбал, во следната сезона им купија неколку фудбалери и толку беше од нив. Инаку, во Италија каде најмногу се игра со 3 играчи назад, проблемот по крлните позиции се решава со тоа што едното крило е повеќе офанзивно и е по вокација крило, а од другата страна игра бек, така да се добива некој баланс. Или едноставно се игра со два класични крилни бекови. Не можам да се сетам на ниту една екипа во моментот која игра со тројца назад а користи две крила по страните.
Ќе биде многу весело, едвај чекам да дојде Аморим.