Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ќе може мене КОЈ БИЛО да ми направи?
Благодарам однапред:smir:.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
а бре треба десет пати да повторувам ! анализааааааааааааааааааа еве предуслов НЕРВОЗЕН кога барам НАСЕКОЕ една факинг анализа

п.с не се нервирам внимание да привлечам :smir:

Како можи да бараш анализа со само 300 постови јас добив со 3000 постови неможи некој одма да дознај што човек си , освен ако не те познава лично па да ти направи анализа, почекај малку попиши уште малку на форум.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
а бре треба десет пати да повторувам ! анализааааааааааааааааааа еве предуслов НЕРВОЗЕН кога барам НАСЕКОЕ една факинг анализа

п.с не се нервирам внимание да привлечам :smir:
Штом гледаш дека не сака никој да те анализира - повлечи се и ќути. Или анализирај некој од членовите, па потоа побарај истиот да те анализира тебе.
Пробај поразличен начин од тоа да џамкаш и да замараш на темава.

Уште еден пост во кој плачеш да добиеш анализа - ќе бидеш баниран од темава.
Па-Па

Фантом... Олади со коментарите.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фантом само мене нејке да ме анализира...ако ако:(
mRnO - Член што сум го почитувал и сум имал високо мислење отсекогаш. Секогаш пишува издржани постови, и знае да отвора интересни и необични теми, како и во Музика, така и во сите други подфоруми, што ми укажува на тоа дека е „јак“ на повеќе полиња.
Јузер: mRnO - скратеница од Mister Nobody - што значи или дека во моментот на регистрирање си немал попаметна идеја за јузер, или дека претпочиташ приватност... По се изгледа е второто, затоа што и ден денес на мсн си потпишан mRnO. Сакаш да имаш одредена доза на приватност, иако не претеруваш во тоа, т.е. дозволуваш другите да знаат што се случува во твојот приватен живот.
Аватар: Јасно се гледа дека си фудбалски фан и би дал се за да гледаш натпревар во живо на Meazza. Тоа што си го ставил Роберто Баџо, ми укажува и дека во животот не одиш како што ќе дувне ветрот, туку си издржан, лојален на своето и не отстапуваш во никој случај.
Тајтл: Модератор си веќе подолго време, си ја заслужил титулата, и освен дека си амбициозен и исполнителен, друго од ова не можам да ти кажам.
Потпис: Њама.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Нов сум на темава...Па ако може мене некој да ме анализира?? Па по извесно време ќе се обидам и јас некој да анализирам и да ги процитам сите страни од темава :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
sky_dog<no1> - Релативно нов член, скинер. :) Од постови не можам многу да анализирам, бидејќи околу 80% му се во играчница. Другите му се претежно во Музика и Општи муабети. За музика мислам дека доста се разбира и интересира, Доста пушува на добро позната тема во Љубов и Секс, од што е многу јасно дека е заљубен до уши.:)
Јузер: Искрено да си кажам, појма немам зошто стои скај дог, ама <no1> јасно дава до знаење дека сакаш во се да си прв - друштво работа... Оддава некаков знак дека имаш самодоверба и дека си амбициозен да стигнеш до самиот врв.
Аватар: Аватарот ќе го поврзам со неколку твои постови: Си усрал скоро некоја работа, љубовна ќе да е, и се каеш и тоа многу. Тоа кажува дека не си егоистичен и надуен, туку дека си емотивен, и се грижиш како им е на другите, а себеси се ставаш во втор план. Солзата на аватарот ја искажува тагата што ја чувствуваш за тоа што си усрал, и се трудиш да го исправиш тоа.
Тајтл: Guilty Of Love - Самиот се обвинуваш затоа што љубиш - веројатно инспирирано од невозвратена или несреќна љубов. Сакаш нејзе да и кажеш дека ти за ништо не си крив, освен за тоа што ја сакаш.
Потпис: Celi tri meseci nema doma da bidam. - Убаво да си поминеш во војска. :helou:
 
Член од
11 август 2007
Мислења
49
Поени од реакции
1
Анализа врз основа на форумско однесување.... Вие сте шампиони еј:helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Анализа врз основа на форумско однесување.... Вие сте шампиони еј:helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou:
Dr.KillJoy:

Нов.Свежа крв.Донекаде и интересен.Се прослави со еден пост во темата за скинери и доби Икарови Крилја.Познат е по своите офтопици и ексентрични испади во постовите во кои на убав начин кажува ништо.

Аватарот му одговара.:)Тој ја има моќта да суди што чини а што не на форум кој функционирал одлично две години наназад,верувале или не...и без него.Значи,полн е со себе и верува дека неговото како последно е најреалното нешто и ако биде следен,луѓето ќе бидат среќни,весели и ќе има доволно елени за лов и вегетаријанците ќе станат самовили.

Не верува во виртуелните луѓе:).Тој е вљубеник во крв,месо и трепки со гурелки.Затоа му е смешна помислата дека некој може да добие вистински впечаток,вистинска замисла или пак,не дај Боже,да анализира некого врз основа на форумско рандеву.Вие сте патетични,а само тој знае.

Тој е совршен.Учете.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Fantom oh:

Фантом е закачка во човечки облик.Едноставна река на зборови во која рибите добиваат желба да живеат на суво.Фантом е јадица за луѓе.Тој е неверојатен.Црвениот ќилим го следи секој негов збор за кој дводимензионалноста е успех.Неговото мото е дека тој е доволно кул(макар шо е малце и скромен оти признава дека има некој дури и пред него)за да може да плукне човек во врат,таму одпозади кај што обично гугутките серат.Никој не е над него.Сите се негови жртви.Тој може.Тој знае.Тој е меч.

Фантом има некојси идиотски аватар со некој денсер кој навидум изгледа кул,а во основа така би изгледал човек кој страшно го чеша газот,но му е срам да се почеша од народот,па денса.Тоа ти е и Фантом.Од пусти страв некој на форумов дане му см'кне гаќи и сите да се смеат на неговата фалусна нееластичност(во преносна смисла)тој крека.Цело време.Безмилосно крека плачејки во себе,бидејки,нормално и тој ги сака луѓето и сака и тие него да го сакаат.

Фино момче.Ама,брцни бате у г'з и покажи дека си обичен како сите нас.Не ти личи големата уста.Тешка е за одржавање и брзо знае да засмрди.
 
Член од
11 август 2007
Мислења
49
Поени од реакции
1
Dr.KillJoy:

Нов.Свежа крв.Донекаде и интересен.Се прослави со еден пост во темата за скинери и доби Икарови Крилја.Познат е по своите офтопици и ексентрични испади во постовите во кои на убав начин кажува ништо.

Аватарот му одговара.:)Тој ја има моќта да суди што чини а што не на форум кој функционирал одлично две години наназад,верувале или не...и без него.Значи,полн е со себе и верува дека неговото како последно е најреалното нешто и ако биде следен,луѓето ќе бидат среќни,весели и ќе има доволно елени за лов и вегетаријанците ќе станат самовили.

Не верува во виртуелните луѓе:).Тој е вљубеник во крв,месо и трепки со гурелки.Затоа му е смешна помислата дека некој може да добие вистински впечаток,вистинска замисла или пак,не дај Боже,да анализира некого врз основа на форумско рандеву.Вие сте патетични,а само тој знае.

Тој е совршен.Учете.
Колку јасно разбрана порака. Браво:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom