Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ќе може сега некој мене да ме анализира? Ќе го честам пиво :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ќе може и за мене една анализа?:smir:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Possible....ама од мене:helou:

Би започнала со никот...Очигледно дека те фасцинираат пеперутки, што не ме чуди поради твојата нескротлива природа. Можеби подзастануваш за да се одмориш, но само на секунда, и веднаш продолжуваш кон она што си го замислила. Го сметаш шареното за интересно, но она што навистина те привлекува и има некаков посебен ефект врз тебе се потемните нијанси. Го сметаш за некако загадочно и нешто што не е лесно да се открие исто како што си и ти.

Имаш некој посебен стил на убаво изразување од кое можам да заклучам дека си доста начитана личност. Твојата бунтовна природа не дозволува да поминеш така лесно дури и при некоја најмала ненамерна навреда. Можеби грешам но поради твојата независност честопати си главна во друштвото во кое се наоѓаш. Имам некое чувство дека постојано брзаш некаде и тврдоглаво ги браниш своите ставови и гледишта. По природа си многу амбициозна. Она по што те препознаваат и за што те почитуваат е твојата отвореност кон околината.

Мислам дека аватарот си целосно ти, впрочем како и претходните аватари. Сеуште сметаш дека не си го пронашла своето место. Одлично се снаоѓаш со сите случувања но мислиш дека нешто ти недостига. Она што сакам да ти го кажам е дека треба да продолжиш со барањето на она што вистински го сакаш и посакуваш, но запамети дека ништо не е совршено.
...good luck...:smir:

Лелее КИКИ фалааа многуу, ама стварно ме психоанализира ептен, се што кажа сум јас, се до последниот збор. Фалаа пак:helou::helou::helou:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Пи си Џеј ај мене една,плиз? :)
Може, нема проблем.

Ти си ведра личност, со позитивен став кон животот. Имаш шегаџиска страна, која не толку често, но сепак ја покажуваш. Постовите ти се супер, секогаш на место и со доза на несериозност за да разбиваат монотонија. Имаш карактер полн со енергија која со радост ја делиш со другите. Секако позитивна енергија. Љубовта, како и на многу други ти значи многу во животот. Не дозволуваш да ти се качуваат на глава. Толерантна личност си со многу трпение, но се си има крај нели? Исто така имаш отворен и дружељубив карактер. Депресијата ти е несфатлива, а пак тоа се должи на твојот оптимизам кој го наведов на почетокот. Не ти се допаѓаат мрачни работи, сакаш повеќе веселост и разновидност во животот. Си посветуваш доволно време на себеси и своите хобиа. Сакаш да излегуваш. Исто така сакаш во секој момент да си уредна и соодветно облечена. Ја обожаваш модата. Мислам дека сакаш и архитектура. Имаш одличен вкус за облекување. Мислам дека се облекуваш во топли и весели бои, одразувајќи се самата себеси. Можеби и сакаш да бидеш дизајнер или пак стилист во иднина, а пак можеби и архитект, не знам не си пишала нешто за тоа. Сакаш музика. Ти значи многу во животот. Ги сакаш и утрата, барем така имам впечаток. Аватарите ти зрачат со женственост и ведрост. Си кажуваш што ти е на срце. За крај, сакаш да се изразуваш на форумов, како и многу други овде, но секако ти си посебна личност која си остава сопствен печат на форумот.

Толку од мене, кажи си впечаток од анализата, само искрен да е. Не знам дали сум те погодил или не, тоа ти ќе кажеш. :helou:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Може, нема проблем.

Ти си ведра личност, со позитивен став кон животот. Имаш шегаџиска страна, која не толку често, но сепак ја покажуваш. Постовите ти се супер, секогаш на место и со доза на несериозност за да разбиваат монотонија. Имаш карактер полн со енергија која со радост ја делиш со другите. Секако позитивна енергија. Љубовта, како и на многу други ти значи многу во животот. Не дозволуваш да ти се качуваат на глава. Толерантна личност си со многу трпение, но се си има крај нели? Исто така имаш отворен и дружељубив карактер. Депресијата ти е несфатлива, а пак тоа се должи на твојот оптимизам кој го наведов на почетокот. Не ти се допаѓаат мрачни работи, сакаш повеќе веселост и разновидност во животот. Си посветуваш доволно време на себеси и своите хобиа. Сакаш да излегуваш. Исто така сакаш во секој момент да си уредна и соодветно облечена. Ја обожаваш модата. Мислам дека сакаш и архитектура. Имаш одличен вкус за облекување. Мислам дека се облекуваш во топли и весели бои, одразувајќи се самата себеси. Можеби и сакаш да бидеш дизајнер или пак стилист во иднина, а пак можеби и архитект, не знам не си пишала нешто за тоа. Сакаш музика. Ти значи многу во животот. Ги сакаш и утрата, барем така имам впечаток. Аватарите ти зрачат со женственост и ведрост. Си кажуваш што ти е на срце. За крај, сакаш да се изразуваш на форумов, како и многу други овде, но секако ти си посебна личност која си остава сопствен печат на форумот.

Толку од мене, кажи си впечаток од анализата, само искрен да е. Не знам дали сум те погодил или не, тоа ти ќе кажеш. :helou:
Браво. :back:

Само не погоди дека се облекувам во топли бои,останатото се е тотално,во целост точно.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Една анализа за СпаЈдеР.
Спајдер е релативно стар член на форумов, зачленат и пред мене. Од постовите можам да видам дека е доста образован за музика, а пишува на сите теми буквално, без разлика дали е компетентен да пишува или не.
Ова дека сум многу мал или?...Па секој си дава мислење без разлика дали го искусил истото(јас не сум адекватен да зборувам за неверство кога не сум го доживеал,не сум адекватен да зборам за геј ако не сум сретнал...не сум адекватен да зборам за тешкотијата на животот кога мојот живот штотуку почнува)
Доста е заинтересиран за Фудбал, иако понекогаш се изненадувам колки слабо стои со статистика и факти од фудбал.
Jeп...слабо стојам со статистика и факти од фудбал...не можам да не се согласам со ова,ама таа е :)
Знае понекогаш да се заигра во Играчница, што по мое мислење е резултат на досадните утрински часови. Понекогаш знае да напише долг пост без поента, само колку да реплицира, и на тој начин пополека се повлекува од дискусија.
Ретко....многу ретко! Штотуку барав мои мислења во играчница од лани оваа дата до сега,и бројот изнесува 49 :) Инаку таму пишувам од преголема досада. Долгиот пост без поента не го гледам ама ај
(и покрај тоа што ми го објасни на мсн...не,не се гледам себеси така)
Јузер: Никот СпаЈдеР можеби ја симболизира твојата заинтересираност за пајаците, или можеби, е некој лик од некој филм или серија што си ја гледал. Во секој случај, интересен ник, што по кој знае кој пат ја потврдува твојата креативност.
Аватар: Не го менуваш аватарот многу често, што значи дека и во животот не сакаш некои големи промени наеднаш. Моменталниот аватар за мене претставува некоја нејасност, прикрадување или тага. Порано имаше аватари со волк, што ме наведува да мислам дека многу ги сакаш животните.
Тајтл: Living Lonely го чуваш повеќе од една година, што исто како и кај аватарот значи дека и во животот не сакаш некои големи промени наеднаш. Кога имаш некој проблем, не се откажуваш веднаш, туку остануваш со проблемот до крај додека не го решиш. Тука тебе ти прилега реченицата „It's not that I'm smarter, I stay with problems longer“. Самото значење на тајтлот, значи дека си осамен во душата, ти треба сопатник, компањон, што се уште го немаш најдено... Тоа што го немаш најдено преку година дена укажува дека имаш доста големи критериуми за се во животот.
Потпис: Иако е со прашалници, јас знам што пишува, со една финта. :) Дознајте ги новите љубовни врски меѓу форумските членови на мојот најнов блог. Апдејт се прави секој нов ден. Линкот кај „мојот најнов блог“ е линк од bitefight, што значи дека не бираш средства и начин како да бидеш успешен... Тоа што се служиш со вакви ефтини трикови за да бидеш прв во игра, по мое мислење значи дека во животот си доста искрен, па потиснатото лажење го користиш за безопасни цели. :)
Другото ти е добро,т.е. психоанализата ти е ок oсвен болдираното со андерлајн
Не мислам да бидам успешен по цена на се т.е. се има граници и никогаш не мислам да ги пречекорам само за да бидам првиот најславен,најдобар у што и да правам
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Незнам дали сум достоен за да барам една анализа за мене од Фантом_ох(ако има 5 минути време да одвои, добро ке е)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Незнам дали сум достоен за да барам една анализа за мене од Фантом_ох(ако има 5 минути време да одвои, добро ке е)
Мозе, мозе...

Џимеј е интересно дете. Обожава да кисне во Играчница, па не може многу да се коментира за неговите постови. Иако го гледам пишува доста и во Фудбал, Музика и Филм и ТВ, не може да добијам јасна слика за него преку постовите. Се надевам во иднина на посериозни и посодржајни постови.

Јузер: Никој Џимеј ти е изведен од твојот надимак Џими, и по мене е доста кул никнејм. Џими пак, најверојатно е од твоето име, Димитар, па сепак Џимеј е доста креативен ник, според кој, за жал, не можам многу да дознаам за тебе.
Аватар: Карикатура на Клинт Иствуд. Ја потенцира твојата наклоност кон вестерни и твојот смисол за хумор во едно. Обожуваш игри и филмови со многу акција и пукање, што ми укажува дека сакаш авантури во животот.
Тајтл: „The best thing in the world is to be COOL“ - за тебе една од најважните работи е да бидеш „фаца“ во друштво, се да биде опуштено и спонтано. Најдобро се чувствуваш кога си омилен во друштво, и сите се смеат на твоите шеги.
Потпис: „Roden pod srekna zvezda magicna, no nad ovaa zemja generalno tragicna...“ - Имаш среќа во животот, но секогаш има нешто што ја попречува. Разочаран си од несреќите во светот севкупно, и од односот на луѓето меѓу себе. Иако среќата веројатно те прати цел живот, секогаш има некоја будала да ја расипе.

И то...
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Фантом само мене нејке да ме анализира...ако ако:(
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Точкест такозвани Гоце.

Со него се запознав пред одреден период(месеци) и на прв поглед ми изгледаше на фин човек,со чиста,детска душа.И видиш така испадна.
Човек со енергија и страст во себе.На моменти мрза,но тоа што го прави и тоа што го сака,го прави со голема љубов.
Човек кој што секогаш има што да каже.Во било која ситуација,во било кое време он е спремен да се нашали,да ти даде совет и слично.
Единствена мана можеби е тоа што брзо знае да се разочара,но сепак знае како да стане,како да се извлече од тагата.
Секогаш(поголемиот дел од времето) е ведар,срдечен и позитивен и неможеш да не се насмееш.Сака да се забавува,да игра,да го живее животот со сета енергија.
Срамежлив е,но знае како умешно и вешто да го прикрие тоа и му симнувам капа.Знае како да пристапи и како да се постави кон соговорникот.Во зависност од разговорот,Гоце се прилагодува.Знае да биде учтив и културен,но знае да биде и одлепен.Како камелеон.Прави успешни трансформации.
Има особена страст кон технологијата.Фотографирањето го исполнува и навистина го интересира.
Луѓето што не ги поднесува,ги игнорира и на многу фин начин ги откачува.
Слуша рап,но сепак почитува и други видови музика,нарочито баладите:)smir: :helou: мсн :pos:) и многу лесно пронаоѓа некоја своја приказна во нив.
Во врска со љубовта,он љуби и тоа многу јако и многу силно.Со голема страст.За него љубовта не е нешто пролазно,нешто што нема вредност и што лесно се отфрла.Сака да сака.Без разлика што можеби на моменти скептично гледа(ше) на љубовта,сепак најде начин и сили повторно да верува во љубовта и во сите нејини убавини.Би направил многу за љубовта.
Одлучен ,но знае некогаш за некои работи и да не истрае до крај(како на пример секоја втора недела да ги откажува цигарите:pos:.п.с мала шала.)
Како другар е одличен,знае секогаш во право време да те посоветува и да проба да ти помогне.Дискретен е,знае кога треба да премолчи нешто,а кога да каже.Паметен е он.:wink:

Кхм...толку е..Инаку да ноќва е нешто многу сончева нели?:pos::pos:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Кхм па да сончева е, како Сонце за три светови:smir:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Мацедалиен мислам дека те замолив за анализа. Но бидејќи сакаше директно без комплименти еве вака Ај Мацедалиен една анализа:smir::pos:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
а бре треба десет пати да повторувам ! анализааааааааааааааааааа еве предуслов НЕРВОЗЕН кога барам НАСЕКОЕ една факинг анализа

п.с не се нервирам внимание да привлечам :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom