Тоа со казнување цела трибина е најголема глупост шо можат да ја прават.
Ги лоцираа сторителите, ги казнија, нема да стапнат на стадион повеќе и то е то
Не можи цела трибина да настрада заради двајца тројца будали.
Јас кога бев на дербито пред мене имаше едно детиште околу 14/15 години, цело време гестикулираше со рацете демек мајмун, дечкото до него го предупреди дека тоа не е во ред и да прекини со глупостите, е сега ако ја затвореа таа трибина и тој дечко ќе го кркаше ни крив ни должен
Мене ме иритираше најповеќе неговата мајка која наместо да го опомени синот таа уште повеќе од него пцуеше и скокаше
Од Атлетико ги казнија 5 натпревари да немаат право да купуваат карти за гостински натпревари во лигата, тие од тој сектор зад голот.
Замисли некој си платил хотел, превоз, обезбедил карта и сето тоа ќе му пропадни за ништо
Да не замарам, пуштајте арена 2 премиум и уживајте