jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.314
Ти ја разбирам поентата и нема ништо чудно во тоа. Гледај ги границите како се цртани, со лењир. Истото е во цел некогаш колонијален свет. Истото е во Африка, во Америка, па и на блискиот исток, поготово во Турските владенија. Државите не се цртани по етничка основа, туку се цртани на мапа, буквално со лењир, во оној момент кога било неминовно дека Отоманска Турција ќе се распадне. Абдул Хамид Втори знаел дека отоманска империја ќе се распадне и направил етничко-религиозни чистења. А што се однесува до Палестинците како етничка група, единствено палестинците христијани осеќале некаква етничка припадност и они биле околу 15% во тој период. Муслиманите во палестина за себе велеле дека се арапи. Во Сирија, Либан, Ирак е малце повеќе измешано. Тие имаат и персиско и туркофонско население. Во Палестина е чиста ситуацијата.Тоа не ми е воопшто муабетот, народи доаѓаат и си одат, држави се раѓаат и пропаѓаат, во 1 век немало Турци во Анатолија и сега што ќе негираме дека постојат бидејќи пред 2000 години не биле таму каде што се сега денес? Како и да е, проблематична ми е тезата дека не постоел палестински народ, измислен бил после ВСВ тоа биле всушност се Арапи... Во ред, тогаш не постои ни сириски ни јордански народ (итн) зошто нели и тие се Арапи и нивните држави ги создале колонијалните сили. Исто како нашиот источен сосед што вели дека ние сме креација после ВСВ, до тогаш сме биле Словени те Бу*ари.
Истиот муабет со Ио Соно што го почнавме.
Во субсахарска Африка не постои држава која е етнички хомогена, ниту пак етникум кој го има само во една држава. Тоа е поради истата причина, што границите се цртале со лењир, на линија на поделба помеѓу колонијалните сили, а не според култура и јазик.