Трета Израелско - Либанска војна.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.314
Тоа не ми е воопшто муабетот, народи доаѓаат и си одат, држави се раѓаат и пропаѓаат, во 1 век немало Турци во Анатолија и сега што ќе негираме дека постојат бидејќи пред 2000 години не биле таму каде што се сега денес? Како и да е, проблематична ми е тезата дека не постоел палестински народ, измислен бил после ВСВ тоа биле всушност се Арапи... Во ред, тогаш не постои ни сириски ни јордански народ (итн) зошто нели и тие се Арапи и нивните држави ги создале колонијалните сили. Исто како нашиот источен сосед што вели дека ние сме креација после ВСВ, до тогаш сме биле Словени те Бу*ари.

Истиот муабет со Ио Соно што го почнавме.
Ти ја разбирам поентата и нема ништо чудно во тоа. Гледај ги границите како се цртани, со лењир. Истото е во цел некогаш колонијален свет. Истото е во Африка, во Америка, па и на блискиот исток, поготово во Турските владенија. Државите не се цртани по етничка основа, туку се цртани на мапа, буквално со лењир, во оној момент кога било неминовно дека Отоманска Турција ќе се распадне. Абдул Хамид Втори знаел дека отоманска империја ќе се распадне и направил етничко-религиозни чистења. А што се однесува до Палестинците како етничка група, единствено палестинците христијани осеќале некаква етничка припадност и они биле околу 15% во тој период. Муслиманите во палестина за себе велеле дека се арапи. Во Сирија, Либан, Ирак е малце повеќе измешано. Тие имаат и персиско и туркофонско население. Во Палестина е чиста ситуацијата.

Во субсахарска Африка не постои држава која е етнички хомогена, ниту пак етникум кој го има само во една држава. Тоа е поради истата причина, што границите се цртале со лењир, на линија на поделба помеѓу колонијалните сили, а не според култура и јазик.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.703
Поени од реакции
33.912
Замисли, скраја да е, некој терорист да ти ги киднапира жената и децата во кола. И наеднаш Израел наеднаш „добрите“ ја уништуваат колата, го убиваат терористот ама и твоите најблиски (скраја да е, само пример се прави)... Дали за тебе тоа би било прифатливо и нормално?
плач је плач а мач је мач. Со терористи нема преговори, мора да им се стави до знаење дека тероризмот не се исплати, дека жив штит не им помага...
Значи за тебе е најнормално да ти ги скинат жената и децата, за да убијат некој мрсул? Кул си со тоа... „мора да им се стави до знаење дека тероризмот не се исплати“.

Две работи.
Прво извесно или немаш жена и деца, или па лажеш, или па психпат си кој не си ги става децата пред се. Едно од трите.
Второ, барем во секој случај покажа јасно дека немаш три чисти и подобро е човек да те заобиколува и игнорира во дискусииве... Мислам еј. Ок му било да му ги скинат жената и децата, за да убијат некој таму мрсул. :facepalm:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.314
Навистина, ако гојим не е погрден назив тогаш зошто чифутин е?
Патем зошто не ги коментираш разликите во културите, на пример моментот од нивните свети книги дека смислата на гојимите е да бидат слуги на Евреите (парафразирано)... Додека во светото писмо има сакање на другите и вртење на другиот образ... Од овој аспект, не се Евреите (Јудеистите) поблиски до Муслиманите?
Каде се употребува поимот гојим во стариот завет? Тоа е Еврејската света книга. Гојим може да значи во најмала рака паган. Нема ништо погрдно во зборот паган.

Додека Чифутин е погрд збор, незнам што значи (Можда и е и турски збор) ама е погрд и навредлив збор.

Прашањето беше за етничко, не за религиозно малцинство. Или ти мислиш дека сите поранешни христијани се убиени? Никој не се преобратил во друга вера?
Еве ќе бидам фер и ќе кажам дека Палестинските христијани не биле опфатени од геноцидите на султанот Абдул Хамид Втори. Тие во времето на геноцидите биле 20-30К или тогаш 10% од Палестинците, не повеќе. Но интересно е што во денешницата, бројот на палестинските христијани што живеат во Газа и Западниот брег се намалува, а бројот на палестински христијани што живеат во Изреал се зголемува. Денеска во Палестина+Израел живеат 2% од целокупното муслиманско население. И тука ќе бидам фер и ќе кажам дека доста од христијаните бегале заедно со другите палестинци во западен брег и Газа под притисок на Еврејските милитанти. Иако на почетокот, едни од најгласните борци за независна Палестина биле токму христијаните, со тек на времето се соочуваат со репресии од муслиманското мнозинство, слични како и насекаде во светот (Азербејџан 1990, Либан 1975-1990, Чеченија 1990ти, Египет, Сирија... ).
Автоматски споено мислење:

Истото за нас Македонците, не го кажуваат секакви манипулаторски идиоти од комшилук?

Остај ја да читам историја, ти да земеше малку повеќе да прочиташ за археологија и генетика, конкретни истражувања. Наместо наратива напишана од победниците.
Научни факти: Палестинците генетски се различни од Арапите, и генетски целосно се потомци на Семитите од локалитетот на кој и сега живеат. Палестинскиот јазик е посебен јазик, лингвистички гледано. Па како да се нарекува тој јазик ако не според територијата и според името на тие што го зборуваат... Ама името Палестина и Палестинци е проблемот? А зошто е проблем? Затоа што тоа е името на територијата и имплицира домородност. Територија која Ционистите ја сакаат само за себе.

Малку да си пообјективен ќе видиш дека ова е БУКВАЛНО ИСТО КАКО СО МАКЕДОНИЈА. Буквално како Грците да ги слушам, или Бугарите, кога зборуваат за Македонија и за Македонците... И нам ни го спорат индентитетот затоа што нашето име е името на територијата и тоа имплицира домородност и припадност.
Повеќе пати на многу луѓе овде и на темата за Израел објаснив дека ако занемариме религија, ние со Палестинците имаме многу повеќе допирни точки отколку со Евреите, ама во одговор добивам само некои хамас/мамас/муџи глупости.
Нема врска со нашиот проблем. Да беа пртежно православни, тогаш ќе речев дека го имаат истиот проблем, ама не е така. Која нација се Босанците? Етнички се староседелци генетски се многу слични ако не и исти со Србите и Хрватите. Но денеска се јавува муслимански етницитет. Што е разликата на пример помеѓу Торбешите кај нас, Помаците во Бугарија и Босанците? Босанците сами ја примиле верата, самоволно уште на почетокот на Турската инвазија и опстојувале буквално како посебен автономен субјект во отоманската империја, додека помаците и торбешите се исламизирани насилно крај на 19 почеток на 20 век и они себеси се викаат Турци. Зошто е тоа така, викаат дека во Босна тие што практикувале богомилство полесно го примиле исламот.

Палестинците како посебна нација се политички етникум создаден да и опонира на создавањето на уште една крстоносна држава (каква што ја доживуваат Израел) на Блискиот исток. Изреал е на територијата што некогаш и припаѓала на Крстонсното Ерусалимско Кралство .
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.354
Поени од реакции
4.153
Значи за тебе е најнормално да ти ги скинат жената и децата, за да убијат некој мрсул? Кул си со тоа... „мора да им се стави до знаење дека тероризмот не се исплати“.

Две работи.
Прво извесно или немаш жена и деца, или па лажеш, или па психпат си кој не си ги става децата пред се. Едно од трите.
Второ, барем во секој случај покажа јасно дека немаш три чисти и подобро е човек да те заобиколува и игнорира во дискусииве... Мислам еј. Ок му било да му ги скинат жената и децата, за да убијат некој таму мрсул. :facepalm:
Да, само што си премногу смотан за да сватиш нешто трето т.е да сватиш дека ако некој проба да ги нападне моите жена и деца ке му ебам матер до трето колено на целото негово племе војници, цивили, и мачки, кучиња, кокошки, и црви во неговиот двор. И не, нема да го жртвувам мојот син за да не загинат нивните цивили, ке ги рокнам топтан сите лајна. Дали сега ти е јасно?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.314
Уште еднаш, зарем Палестинците = Хамас?
По таа логика нели ЗЗ и СДС(М) = Македонија?
Квинслинг = Норвешка?
Итн, итн.

Предавниците шпиони се најдолните гниди од гнидите.
Како што кажа типот од видеото, Палестинците се заложници на Хамас. Хамас го држат народот во заложништво, ставаат жив штит на воени цели со цел да ја разгорат омразата кон Израел и да го продлабочат јазот. Намерно прават терористички акции како таа на 7ми Октомври, за да Израел убие што е можно повеќе цивили, за да нивната власт во Газа се зацврсти.

Ако некој е предавник меѓу палестинскиот народ, тоа се Хамас. Најголемите злотвори на палестинскиот народ, кои носат на душа иљадници жени и деца. Хамас не е палестинска организација, Хамас е исламистичка терористичка организација која сама по себе не признава етницитет. За нив Палестинскиот народ е инструмент за нивната крајна цел, бркање/уништување на немуслиманското население и создавање на нов муслимански калифат во регионот.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.688
Како што кажа типот од видеото, Палестинците се заложници на Хамас. Хамас го држат народот во заложништво, ставаат жив штит на воени цели со цел да ја разгорат омразата кон Израел и да го продлабочат јазот. Намерно прават терористички акции како таа на 7ми Октомври, за да Израел убие што е можно повеќе цивили, за да нивната власт во Газа се зацврсти.

Ако некој е предавник меѓу палестинскиот народ, тоа се Хамас. Најголемите злотвори на палестинскиот народ, кои носат на душа Хамас не е палестинска организација, Хамас е исламистичка терористичка организација која сама по себе не признава етницитет. За нив Палестинскиот народ е инструмент за нивната крајна цел, создавање на нов муслимански калифат во регионот.
Ете Хамас го нема или е со многу слабо присуство во западниот брег па гледаме таму како Израелците го злоупотребуваат тоа и финансираат доселеници, завземаат територии, ги малтретираат староседелците во населбите со помош на војска/полиција и сл.

Значи не е проблемот Хамас проблемот е геноцидната политика на Израел
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.354
Поени од реакции
4.153
Ете Хамас го нема или е со многу слабо присуство во западниот брег па гледаме таму како Израелците го злоупотребуваат тоа и финансираат доселеници, завземаат територии, ги малтретираат староседелците во населбите со помош на војска/полиција и сл.

Значи не е проблемот Хамас проблемот е геноцидната политика на Израел
А зошто повеке од милион Палестинци кои живеат во Израел а не се во Газа или западниот брег, немаат никаков проблем, живеат, работат и иако можат не заминуваат од Израел?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.314
Ете Хамас го нема или е со многу слабо присуство во западниот брег па гледаме таму како Израелците го злоупотребуваат тоа и финансираат доселеници, завземаат територии, ги малтретираат староседелците во населбите со помош на војска/полиција и сл.

Значи не е проблемот Хамас проблемот е геноцидната политика на Израел
Јас никаде не реков дека сите евреи се цвеќе за мирисање, туку дека Хамас е најголемиот непријател на палестинците, поголем и од Израел.
Автоматски споено мислење:

А зошто повеке од милион Палестинци кои живеат во Израел а не се во Газа или западниот брег, немаат никаков проблем, живеат, работат и иако можат не заминуваат од Израел?
Најточно 2 милиони палестинци живеат во Израел (надвор од Газа и Западен брег.).
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.354
Поени од реакции
4.153
Јас никаде не реков дека сите евреи се цвеќе за мирисање, туку дека Хамас е најголемиот непријател на палестинците, поголем и од Израел.
Автоматски споено мислење:


Најточно 2 милиони палестинци живеат во Израел (надвор од Газа и Западен брег.).
Значи поточно прашањето би гласело зошто поголемиот дел од Палестинците немаат проблем со Евреите, живеат и работат надвор од газа и западниот брег и немаат никаков проблем?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.433
Поени од реакции
24.614
Значи поточно прашањето би гласело зошто поголемиот дел од Палестинците немаат проблем со Евреите, живеат и работат надвор од газа и западниот брег и немаат никаков проблем?
od kaj toa deka nemaat problem? zosto oni da zaminat?

hristijanite sto ziveat vo israel cesto gi plukaat samo zatoa sto toa im bilo demek tradicija, seriozno mislis deka palestincite nemaat problemi so evreite tamu? :pos:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.703
Поени од реакции
33.912
Како што кажа типот од видеото, Палестинците се заложници на Хамас. Хамас го држат народот во заложништво, ставаат жив штит на воени цели со цел да ја разгорат омразата кон Израел и да го продлабочат јазот. Намерно прават терористички акции како таа на 7ми Октомври, за да Израел убие што е можно повеќе цивили, за да нивната власт во Газа се зацврсти.
Јас веќе кажав дека Палестинците =/= Хамас.

Ама ти сеуште не објасни како тоа не постоеле Палестинци (воопшто или до пред скоро, а и двете наративи се буткаат од израелска страна).
Да ги повторам научните и секакви факти: Палестинците генетски се различни од Арапите, свој народ се, и генетски целосно се потомци на Семитите од локалитетот на кој и сега живеат Палестинците. Палестинскиот јазик е посебен јазик, лингвистички гледано. Изралеските претензии кон палестинската територија е проблемот.

Ниту ги прокоментира сличностите на Палестина со Македонија која е жртва на грчките и бугарските агресии. Но добро, преќутувањето ќе го разбереме како согласување.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.514
Поени од реакции
26.161
Интересна вест неповрзана со војнава туку поврзана со геноцидот на Палестинците.
Филмаџииве што многу се активни последниов период може да потврдат или одречат :

Покрај политичкиот и физичкиот геноцид врз Палестинците сега е започнат и културен геноцид. Разликата со нас е што (за сега )ние не сме само физички геноцидирани. Погоре @Gags спомна дека бришењето на идентитетот Палестинец e исто како бришењето на идентитетот Македонец. Ако не постојат Палестинци нема никој право да го оспорува Израел за таа територија. На арапите местото им е во Арабија. Ако не постојат Македонци никој нема право да ги оспорува Грција и Бугарија за територија и крадење на јазик, култура и историја. На славомакедонците (некои си словени од Македонија) местото им е во другите словенски држави.

Зборувајте ми затоа дека целта на Израел и евреите е само да го уништат Хамас.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.314
Јас веќе кажав дека Палестинците =/= Хамас.

Ама ти сеуште не објасни како тоа не постоеле Палестинци (воопшто или до пред скоро, а и двете наративи се буткаат од израелска страна).
Да ги повторам научните и секакви факти: Палестинците генетски се различни од Арапите, свој народ се, и генетски целосно се потомци на Семитите од локалитетот на кој и сега живеат Палестинците. Палестинскиот јазик е посебен јазик, лингвистички гледано. Изралеските претензии кон палестинската територија е проблемот.

Ниту ги прокоментира сличностите на Палестина со Македонија која е жртва на грчките и бугарските агресии. Но добро, преќутувањето ќе го разбереме како согласување.
Како не кажав види горе прочитај. Нема никаква врска голготата на Македонците со таа на палестинците. Палестинците во Отоманската империја, како муслимани не биле во подредена положба како Македонците. Напротив, биле едно со фесовите, биле дел од естаблишментот 500 години и биле соучесници на зулумите што ги правеле заедно со османлиите и курдите. Биле дел од аскерот, дел од походите во Европа и истовремено и зулумите што идат со тие походи, вклучително и кај нас.

Од друга страна Македонците биле робови 500 години, подложни на разно разни колежи, грабежи, силувања и грабања на жени и деца.

Состојбата на Македонскиот народ под Турско била мошне тешка, додека палестинците биле интегрален дел од Отоманската империја.

Палестинците немале пречка да ја искажат својата национална свест, ниту пак имале некакви пречки да ја напишат. А најмалку имале проблем да се образоваат на својот мајчин јазик (арапскиот). И пак ретко кој палестинец (освен православните), се осеќале палестинци, туку напротив се идентифицирале како арапи(ова е слично и во Египет, коптите се идентификуваат како Египјани додека муслиманите како арапи). Додека Македонците добиле писменост тек со егзархијата.

Башка што се однесува до соседите, уште од првиот ден соседите на палестинците делуваат во нивна корист, и тоа не само соседите, туку и цела арапска лига се покренува во војна за палестина.

Така да споредбата на палестинците со Македонската голгота под турско е можам да кажам навредлива.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Рушењето згради со цивили во неа е добитна стратегија за тој што го јаде бидејќи потешко е да докажеш дека е воена цел отколку дека не е. Со тек на време и се губи смислата те се навикнуваме на секојдневните вести и се држиме до страната која ја поддржуваме или пак креваме раце викајќи јебига војна е, сигурно било оправдано или ненамерна грешка. :toe:



Не ја знам историјата на Палестинците но од наше искуство автоматски не ми се допаѓаат вакви муабети, како да слушам просечен Бугар да зборува за нас - немало македонска држава пред 1991/1945 бидејќи немало македонски ентитет, немало македонски јазик, нема македонска култура, се тоа било Бугари/Словени...
Vo sustina na niedna vojska ne i odgovara da rusi zgradi so civili, bezrazlika koja strana podrzuvas. Stetata e mnogu pogolema od benefitot.
Nekoj se popretpazlivi, nekoj pomalce, ama u sustina posilnata strana idealno bi se tepala van vakvi lokacii.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.703
Поени од реакции
33.912
Дали сега ти е јасно?
Јасно ми е тоа што го кажа: За тебе е најнормално да ти ги скинат жената и децата, само за да убијат некој мрсул терорист.
Другото се флоскули.



1729969890127.png
Автоматски споено мислење:

Како не кажав види горе прочитај. Нема никаква врска голготата на Македонците со таа на палестинците. Палестинците во Отоманската империја, како муслимани не биле во подредена положба како Македонците. Напротив, биле едно со фесовите, биле дел од естаблишментот 500 години и биле соучесници на зулумите што ги правеле заедно со османлиите и курдите. Биле дел од аскерот, дел од походите во Европа и истовремено и зулумите што идат со тие походи, вклучително и кај нас.

Од друга страна Македонците биле робови 500 години, подложни на разно разни колежи, грабежи, силувања и грабања на жени и деца.

Состојбата на Македонскиот народ под Турско била мошне тешка, додека палестинците биле интегрален дел од Отоманската империја.

Палестинците немале пречка да ја искажат својата национална свест, ниту пак имале некакви пречки да ја напишат. А најмалку имале проблем да се образоваат на својот мајчин јазик (арапскиот). И пак ретко кој палестинец (освен православните), се осеќале палестинци, туку напротив се идентифицирале како арапи(ова е слично и во Египет, коптите се идентификуваат како Египјани додека муслиманите како арапи). Додека Македонците добиле писменост тек со егзархијата.

Башка што се однесува до соседите, уште од првиот ден соседите на палестинците делуваат во нивна корист, и тоа не само соседите, туку и цела арапска лига се покренува во војна за палестина.

Така да споредбата на палестинците со Македонската голгота под турско е можам да кажам навредлива.
На ова долу мислев, а не да направам целосна паралела наназад 6 векови.
Кажи што е неточно од ова долу:

Македонија, територијални претензии и делови од територијата окупирани од Грција/Бугарија/Шќиперија, идентитет/јазик/историја негирани од Грци/Бугари/Шќиптари, сето тоа поддржано од европските кypештии и САД.
Палестина, територијални претензии и делови од територијата окупирани од Израел (скоро па целата во нивниот случај), идентитет/јазик/историја негирани од Евреите, сето тоа поддржано од европските кypештии и САД.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom