ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
4 октомври 2024
Мислења
27
Поени од реакции
13
Зошто толку се ситите кога некој останал без работа? На никому не му посакувам тоа а и башка лош период е за работа. Биле црепови биле вакви такви.
Автоматски споено мислење:

Може ви изгледа сурово, ама ако фирмата зема помалце пари, нормално е да го намали кадарот. Не е битно дали си работел таму 1 или 10 години, ако немаат потреба од тебе ќе те отпуштат. Исто како што и ти ако си најдеш подобра работа ќе си заминеш, сигурно нема да викаш: "Јас ќе останам во Х иако имам 3 пати подобри услови во У".

Се збореше тука многу за лојалност, ама сето тоа паѓа во вода кога нагло се намалува приходот на фирмата. Сеа има газди што се ѓубриња и одма бркаат иако би можеле да издржат некој период. А има и такви што веќе се мачеле со месеци, па кога ќе откаже скроз клиентот, тогаш сечат.
Затоа што, не секогаш овие работи доаѓаат од ведро небо. Ко што пиша некој погоре, прво ќе ти намалат буџет за нови features, ќе одолговлекуваат потпишување на нов договор, па ќе бараат попусти (ќе ти платиме за 2 девс наместо за 5 што ти плаќавме до сега) итн. Некој ќе успее да се снајде, дали во преговорите, дали ќе најде други клиенти, ама некој едноставно ќе пропадне.

На овие работи не треба да се гледа лично. Нормално е некогаш во животот да те отпуштат. Барем во МК со програмерска плата можеш да си направиш добар бафер за вакви работи да не те погодат. Ако си работел 10 години ИТ тука, треба без проблем да можеш барем 1 година без прилив да преживееш.
Е сеа има многу програмери влегоа во филмови со кредити (пошто нели, што е 700-800 евра на 2к плата), со по 6-7 патувања годишно, со скапа облека итн. Е нив оваа ситуација им е стресна бидејќи ќе им се наруши тој комфорт. Ама ќе биде и добра школа, да не си ги пуштаат нозете подалеку од чергата.
Се гледа дека си од размазена фамилија. Никој ама баш никој не лупа кредит 700-800 евра за филмови. Стан ако купува тоа е. Таа е ратата плус учество али ај со ќе се објаснувам на размазен
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.201
Зошто толку се ситите кога некој останал без работа? На никому не му посакувам тоа а и башка лош период е за работа. Биле црепови биле вакви такви.
Автоматски споено мислење:

Се гледа дека си од размазена фамилија. Никој ама баш никој не лупа кредит 700-800 евра за филмови. Стан ако купува тоа е. Таа е ратата плус учество али ај со ќе се објаснувам на размазен
Ako zemale stanovi ne e strasno, da ne otislo sve na smutinja :D
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
Зошто толку се ситите кога некој останал без работа? На никому не му посакувам тоа а и башка лош период е за работа. Биле црепови биле вакви такви.
Автоматски споено мислење:

Се гледа дека си од размазена фамилија. Никој ама баш никој не лупа кредит 700-800 евра за филмови. Стан ако купува тоа е. Таа е ратата плус учество али ај со ќе се објаснувам на размазен
Никој не се сити. На секого може тоа да му се случи, баш тоа го збориме. Дека секогаш треба да бидеш спремен да ја изгубиш работата. Овие во МК фирмите барем имаат некој договор. Ние што работиме ремоте, може да ни се случи да не избркаат од денеска за утре.

А за второво не знам што да ти пишам. Јас зборам за тоа дека луѓето чим добијат поголема плата одма го креваат стандардот. Кредити за нови коли, скапи одмори и луксузирање. Можам да ти пишувам уште многу ама, гледам со кого си имам работа. Поздрав и среќно во потрага за нова работа.
 
Е како не се ситат. Погледај ги коментарите уназад. Црепови ова тоа. Добро било што имало отпуштање најдобрите ќе останат и еден куп такви коментари.
 
Член од
7 јуни 2022
Мислења
20
Поени од реакции
7
Е како не се ситат. Погледај ги коментарите уназад. Црепови ова тоа. Добро било што имало отпуштање најдобрите ќе останат и еден куп такви коментари.
Brat ne se zamaraj, a toa so najdobrite ke ostanat nema vrska bidejki site znaeme kakov kadar izleguvaat od finki a i akademiite ne se nesto posebno, retki se tie so talent a i od tie ne veruvam nikoj da raboti za mk firma.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.078
Да брат, ама далеку од тоа дека треба да се сече од корен и да се кратат трошоци кои доаѓаат од плати на продуктивен кадар. Ако пред 2-3-4 години се overspend-аше на нови луѓе, имам дојам дека денеска дупло порадикално се сече и се отпуштаат луѓе, се зголемуваат бариери за влез, до тој степен што не се гледа долгорочно. Како да има overcompensation на таа експанзија во време на короната. Едноставно како што иде времето и како што раснат нови генерации користењето на софтвер ќе биде се повеќе и повеќе застапено, и самата потреба за софтвери и кастом решенија ќе се зголеми.
Доста од сопствениците и стејкхолдерите на ова гледаат многу слепо и краткорочно, да не речам како типични baby boomers. Пари ќе си течат, што ќе им е на јузерите и клиентите нови releases и нови features. Си плаќаат цена и вака на не-мрдната апликација. Тоа им е мајндсетот. А не сфаќаат дека кога се ова ќе падне и економијата ќе биде подобра, касно ќе им биде дека ради нивна оверкомпензација веќе се outdated за маркетот во кој што се наоѓаат.
Бизнис влозите се променија многу затоа што различни компании различно размислуваа колку време ќе трае ковид ствариве. Сум бил на состаноци со C-suite каде што бараа 3 пати да се намалат ресурсите што ги имаме во тој момент и тоа под NDA. Многу проекти беа откажани затоа што беа планирани со план дека ковид ќе трае 10 години. Компанијата што јас работам како upper management, испуштивме преку 50 девелопери во 3 брана, затоа што проектите не се совпаднаа со потребите на компанијата и прометот што можиме да го направиме.
Дури и во убавите времиња, имам претстава дека се се прави со брзање, се инсистира на брзо деливирање на сметка на можеби квалитет. Се работи под притисок да се деливира, и нормално, при тоа е сосема природно да има 300 срања кога од тебе се бара да завршиш нешто за 2-3 спринта а природно е тоа да бидат 4 пример.
Друго, дури и во убавите времиња кога се примаа многу луѓе, сеуште барем по она што јас го искусувам и од други луѓе во индустријата, се добива дојам дека фирмиве се хронично understaffed за апетитите и функционалностите и нивото на квалитет кој што сакаат да го имаат. Девелопирањето е многу повеќе од штанцање код сепак.

Јас и понатаму сум прилично изненаден до кој степен фирмиве станаа гадови кога нештата почнаа да идат надолу. Знам, брутален е капитализмот, нема простор за емоции, сите тие ствари ми се јасни. Ама до тој степен, едноставно не очекував.
Искрено сметам дека ќе дојде и тој ден кога ќе се касаат за гз за таквите одлуки кои ги имаат донесено во овие тешки времиња.
Никој не сака да ги отпушти ресурсите и проектите. Работата е што кога ќе нема пари, мора да направиш една голема одлука, дали ќе влезиш во позајмица за да ги задржиш ресурсите што ги имаш, што на 7-8% камата е многу тешко, или ќе ги отпуштиш и чуваш само ресурси за lean работење и maintenance. Тоа е голема коцка, што не секој може да ја направи. Како upper management ако застаниш зад таа одлука и имаш 2 quarters негативен допринос, леташ и ти и сите девелопери со тебе.

Ти го сваќам размислувањето зато што бев на твое место пред 15 години. Работата е што имам многу повеќе искуство како upper management во голема компанија каде што треба да оправдам ресурси со профит. Мора да балансирам буџет, не само за мене, туку и за сите под мене. Еден лош чекор, кошта не само моја работа, туку и 30 души под мене.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
178
Поени од реакции
442
ItLabs од 60+ отишле на 80+ отпуштени. Дебилите од менаџмент во понеделникот пратиле известување welcome to our new collegue некој си ново вработен од Јужна Америка. Фирмава ќе се сведе на помалку од 30-40 луѓе во Македонина како тргнале зашто и тие што немаат отказ ќе си бараат решение.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
18.821

Фирмата беше токсична од поодамна, ова го знам од другари што оделе на пракса таму. Па на една мочана пракса да се соочуваш со мобинг, повишување на тон и лични навреди од надредените, тури им пепел дури и да те примат.

Освен ако не се од Венецуела, не верувам дека помалку плата би им барале него ли домашниве програмери, поверојатно ми е да не можат да најдат од тука повеќе. Ист случај со Quantox Македонија.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
867
Поени од реакции
1.135

А јас на времето ко учевме на академија ја испофалија оваа фирма (пошто земаа на пракса откај нас најчесто)... мислев да влезам ваму и мед и млеко сето.. :)
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
16
Поени од реакции
6
Не знам како е за вработувања, но за барање пракси не е доволно само да знаеш, да знаеш е битно но на крај кога се прави филтерот на сцена настапуваат врските и конекциите, тоа се должи на намалениот број отворени позиции.
 
Член од
6 септември 2018
Мислења
6
Поени од реакции
1
Zdravo, neznam dali ima druga tema za ova. No vekje podolgo vreme rabotam od doma freelancer. Dali nekoj znae nacin za odbegnuvanje na tie 10% personalen danok? Slushnav otvarale lugje smetki vo stranstvo UK, dubai,... Ako tamu se zemat parite na raka, prakjaat izveshtaj kaj nas?
Fala poz
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164

За да ти се исплати да ги избегнеш тие 10% со отворање сметки на Isle of Man или Дубаи, треба тие 10% да се милиони.

Ако се помалку, пробај некоја платформа за префрлање пари или некаков коин.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Ja sum relativno nov tuka, vistinna nema neso posebno poise kvalitet vo ovoj sektor porazlicno od drugite sektori kaj nas.

No, ne bi rekol deka e taka crno belo ko so vikas. Ima eden kup lugje koj ne menjaa raboti/proekti i go znaea biznisot, no se e toa dzabe ako produktot ne e tvoj i se nosi odluka za indija na visoko korporativno nivo. Sekoj e zamenliv.

Situaicja bi ja sumiral vaka, when it rains, ima za site. Koa nema, koj kakov mu bil ksmetot. Gleam eden kup decki mnogu pospremni od mene a bea sutnati, i sea mnogu tesko bi nasle rabota.
Ако како вработен менуваш многу работи во индустријата и не се задржиш барем на еден продукт од почеток до крај, немаш баш многу искуство. На пример идењето лајв и хаосот околу тоа ако не си го осетил, ако не си створил посветеност на проектот, џабе ти е што знаеш да куцаш, тогаш си само куцач, а не програмер. И точно е дека покрај сувото иде и суровото деновиве, но квалитетот што се нуди сега на пазарот на труд е бајаги подобар него што беше претходно. Денеска можеш да најдеш доста квалитетен кадар.
Автоматски споено мислење:

Е, ок, се слагам овде.
Но, мора да се сфати дека за да се разбере бизнис домејн, особено на нешто градено со декади, бара време. Нешто што другата страна (онаа која вработува и дава пари), нема свест баш.
Ако претпоставиме дека на тебе ти требаат 10,000 саати за да бидеш експерт у нешто, иако денес тоа е помалце, но ок. Еве, во една година има 250 работни дена (не рачунајќи празници). одземи 20 дена одмор = 230 дена
230 дена х 7.5 работни саати = 1725 саати. Значи тебе ќе ти требаат буквално нешто помалце од 6 години за да ти бидеш експерт.
Малце се пластични бројкиве и климава е претпоставката, ама основата е таа.

Како може некој да очекува дека јас од девелопер на финансиска апликација, можам да бидам инстант експерт за некоја што решава проблеми во туризам ?

Едноставно индустријата е брутална.
Колку што знае(ше) да биде рај кога нештата се добри, толку знае да биде поголем пекол кога нештата идат у надолна линија, очигледно.
Ако сакаш да градиш кариера, ќе мораш да останеш во дадена индустрија/фирма. Нема шорткат. Од мое искуство, во секоја индустрија да станеш експерт ти треба околу 2-3 години. Притоа нема да ја научиш индустријата уздуж и попреку, но ќе знаеш да се снајдеш многу добро. Јас досега сум сменил 5 индустрии и горе-доле толку ми требало да се снајдам во секоја и да ме сметаат за експрет, 2-3 години.

Ако на пример ти си останал во дадена индустрија 3-4 години, тогаш за мене си погоден да те вработам и да те сметам за сениор. И нема да имам проблем дека ти треба време да се снајдеш во индустријата. Тоа мене ми значи дека ти градиш кариера, а не трчаш по плата на секој кој ќе ти пише на linkedin. Ако имаш 7-8 години искуство, а не си се задржал во фирма повеќе од 6 месеци.... исто ко да немаш искуство.

Не е брутална индустријата, едноставно многу лагано се научивте и сега наеднаш го снема дизниленд и почнуваат плачки.
Автоматски споено мислење:

Сетбек, ако гледаш од перспектива на квантитет и бројки. Одличен стрес тест, ако гледаш од аспект на квалитет. Се надевам дека ќе научиме нешто од ова.
Квантитетот со тек на време станува квалитет. Сега како што стои ситуација, да ти е страв да земеш мид, а не пак некој јуниор. Поради таа причина е сетбек. Јас пред 3 години морав да вработувам јуниори и да ги обучувам за да имам ресурси, денеска имам добри ресурси на берза на труд, па така нема воопшто да се замарам со јуниори. Претпоставувам секаде е така, а тоа значи нема шанса за јуниори, не се развива индустријата со свежи кадри, значи... сетбек.

Све на све мајндсетот кој аусорс фирмите го направија кај вработените донесе до една ваква една ситуација.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Zdravo, neznam dali ima druga tema za ova. No vekje podolgo vreme rabotam od doma freelancer. Dali nekoj znae nacin za odbegnuvanje na tie 10% personalen danok? Slushnav otvarale lugje smetki vo stranstvo UK, dubai,... Ako tamu se zemat parite na raka, prakjaat izveshtaj kaj nas?
Fala poz
Батка сите 6 мислења ти се како да избегнеш данок и башка си отворил таква тема. Онака колку за информација, форумов се следи од полиција, и најверојатно си веќе пикиран, ако не си и ти самиот полиција :)
Автоматски споено мислење:

Значи имаше супер период у/после корона особено за ИТ, сега сме у говна, пак ќе има таков период и пак ќе паѓа се у гомна и така у круг. Значи не е само ИТ туку цела економија.
IT индустријата посебно пати, зошто е поврзана со сите други индустрии.
Автоматски споено мислење:

LustingVertigo и јас на таа плата и моите колеги исто. Можда тим лидерите се поише не знам. Како и да е кол центар и кладилница поише зимаат. Ако работат прекуврено стигаат до 70-80к. Еден знам у кладилница работи дупли смени 97к плата
Па што се мачиш да бараш работа како програмер, оди работи во кладилница.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom