Јас сега ќе ја анализирам Псај, а во најава: анализи на Викторгг, Fortune, Crazy in Love и Razorblade Kiss coming soon on the PC screen near you!:icon_razz
PSYtisfaction, според аватарот има црна мачка со зелени очи, што е доказ дека е храбра и не се плаши од уроци(пошо нели, таквите мачки урочуваат). Истотака, е естета зошто очигледно сака добро нашминкани очи, а омилена бои и се црна и зелена.Никот пак, не ни кажува ништо, пошо не можеме да го изговориме, а камо ли разбереме. Али затоа потписот под никот ни дава до знаење дека Псај е добра личност која сака да им помага и да им служи на другите и затоа кога ќе порасне ќе стане секретарица. Нејзиниот голем број на постови покажува колку многу сака да куца, а од потписот пак заклучуваме дека сака да се забавува и да се потсеќа на детството, особено преку играње на бзззззз
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
А сега сериозно
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
...Ти си една од не-многуте женски личности на форумот чии постови сакам да ги читам и чие мислење го ценам. Секогаш си концизна и јасна, сериозна кога е потребно и исклучително духовита кога е место за тоа. Поседуваш голема интелегенција но, не не ја искажува високопарно и "тупаџиски", туку на начин кој е разбирлив и интересен.
Не спаѓаш у "женскиот" патетичен шаблон, кој подразбира дека женското треба да мисли само на партнерот, љубовта и емоциите, него си изградена и сестрана личност која ги има избалансирано и двете страни. И затоа си духовита, интересна, отворена и никогаш не делуваш "лигаво". А тоа е за почит.
Многу сакаш да комуницираш и да бидеш опкружена со луѓе но, тоа понекогаш прави да се осеќаш како "растргната" на многу страни, па ти е тешко да направиш баланс помеѓу сите нив. Оттаму и чувството дека на моменти си во хаос кој не можеш да го контролираш.
Истотака, иако воопшто не делуваш така на прв поглед, често си несигурна во себе. Но, таа твоја "ранлива" страна ретко на кој му дозволуваш да ја види. Обично пред другите ставаш маска на веселост и оптимизам и тогаш кога ти е тешко или се чувствуваш уплашено. Затоа и ретко збориш за своите емоции. Потребно ти е да се увериш дека некој навистина ја заслужува твојата доверба за да му кажеш што всушност чувствуваш. Но, дури ни тогаш не се.
Во врските, ти треба пред се партнер кој ќе ти биде пријател и кој ќе ја почитува твојата личност, и твоите интереси во целост. Не прифаќаш компромиси, и не дозволуваш не почитување, ниту пак нереални жртви. Свесна си дека врска во која се бара од тебе откажување од друштвениот живот и нештата кои ги сакаш не можеш да бидеш среќна.
За крај, немаш предрасуди и не толерираш наметнување на туѓи верувања. Знаеш да ја прифатиш различноста и да му пристапиш на човек отворено, без да се осврнуваш на етикетите кои околината му ги наметнува.:smir: