За мотивот зборев дека појма нема Кешишев. И самиот началник вика дека кога ги однел во Бразда, очекувале да го најдат телото на Панче Жежовски а не на девојчето. Ниту е тепан човеков ниту ништо. Тој Велешанецот Велимир (не ми текнува презиме), само што му дошла полицијата на врата се онесвестил. Едноставно сомнителни им биле на полицијата и со блеф ги натерале да пропеат, а овие пропеале тоа што не го ни очекувале полицајците.
Сеуште не сум уверен дека таткото е замешан иако доста сомнително се понаша. И јас баш чекам да се слушне неговото сведочење. Можеби да добивал некакви анонимни дојави, можеби да имал претходни закани од лихвари па затоа така си мислел. Што е филмот со пораката што ја пратил... Може обвинителството веќе знае детали ама не ги кажува заради судскиот процес. Да видиме кога ќе сведочи таткото, што има да каже.
Генерално не мислам дека има непрофесионално постапување на полицијата. Не гледам што би можело да биде непрофесионално. Напротив за случајов се ангажирале пребрзо, дури вон сите процедури. Уште по првите неколку часа почнале со претрага. Истиот ден ги провериле границите, провериле неколку можни сценарија. Но Палчо доста добро ги прикрил работите.
Иначе како се извршени злосторствата, тоа се гледа дека е дело на мастермајнд. Ова не верувам дека му е прво убиство.
Мислам дека единствено нешто на што не рачунал Палчо е дека ќе се издадат овие дебиливе толку брзо. А и грешката им било што го запалиле цитроенот. Никад нема да ги поврзеле ако не го запалиле. Другиот момент е што инсистирањето на Александар ги однело воопшто до партиското седиште на десна. Џандарите знаеле дека постои пикап (поврзан со случајот на Панче), ама му ја виделе регистрацијата на снимката што Александар им ја прикажал. Како е све извршено, како се скриени доказите, комуникација преку токи-воки, ова е многу добро испланирано и има среќа полицијата што е толку брзо откриено. Сево ова мислам дека има поголем плот, кој се надевам дека некогаш ќе се открие.