Исчезнати лица

Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.493
Поени од реакции
983
секакви коментари има и ке има ,некој е скептик некој со резерв ане верува ,некој па хипермоларизира треба да ги обесиме на плоштад ,да умрат и најгори маки ,некој е неутрален ,ама малце се напорни овие хиперморалисстите и напаѓат други шо не мислат како нив како од анаима мунди ко ке ги бранат животните.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.595
Сега ќе испадне ко јас да бранам некого, ко што прави групава членови со монструмов, ама дај бе луѓе оставете ја бијонс на страна, не е темава за нејзе. Почнав да бришам офтопици, ама испадна на последниве 2 страни дека секое мислење е помалку или повеќе за бијонс, а не за судењето на убијците на Вања и Панче.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Проблем е што премногу е очигледно од начинот и типот на информации кои таткото ги давал, ги давал со умисла да не биде инкриминиран во делото иако е очигледно дека знаел кој стои зад сето ова уште од самиот почеток.
Незнам баш дали е така, пошто веднаш им станал сомнителен татково, уште од првиот ден. И не е дека се пазел, туку ептен се понашал нерационално. Од прв ден кажува дека е веќе убиена. Сакал неќеш одма ќе се посомневаш. Поготово одкако ја нашле и им се вратил филмот, дека уствари он од почеток ја зборел вистината.

Најголема мистерија е таткото. Има многу аргументи кои идат во прилог дека е вмешан, ама и многу аргументи кои викаат дека не е вмешан. Исто така што приметив е дека медиумите многу го осудуват таткото. На пример во транскриптите нигде не видов дека чичкото на Зорица му вика „отепај се“, а новинарите го имаат додадено тоа. Викаат дека не бил добар татко, меѓутоа и мајката кажува дека бил мошне грижлив татко. Па мајката без проблем ја пушта Вања да живее со него извесен период. Ако сметала дека е лош татко, никад не би ја пуштила.
 
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
347
Сега ќе испадне ко јас да бранам некого, ко што прави групава членови со монструмов, ама дај бе луѓе оставете ја бијонс на страна, не е темава за нејзе. Почнав да бришам офтопици, ама испадна на последниве 2 страни дека секое мислење е помалку или повеќе за бијонс, а не за судењето на убијците на Вања и Панче.
На некој што не е во право или едноставно е глуп, човекова обврска е да му се каже тоа. На темава се коментира со голема доза на емоции, нормално е дека дел од членовите ќе бидат револтирани од мислењата на „Госпоѓа Три Точки“.

Следното рочиште за случајов е на 13 ноември. Кешишев мислам дека ќе биде клучен сведок и неговото сведочење поткрепено со видео докази, искази од началниците и инспекторите кои биле на терен и обдукциски наоди прибавени од обвинителството ќе го решат случајот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Следното рочиште за случајов е на 13 ноември. Кешишев мислам дека ќе биде клучен сведок и неговото сведочење поткрепено со видео докази, искази од началниците и инспекторите кои биле на терен и обдукциски наоди прибавени од обвинителството ќе го решат случајот.
Кешишев мислам дека има ограничени сознанија, односно го знае тоа што му е кажано од Палчо. Не верувам да ја знае целата слика и вистинскиот план. Ќе каже само како ги излажал Палчо. Но, доколку има други луѓе вклучено на некој начин, може би го знаел и тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: iLe
Член од
5 септември 2024
Мислења
198
Поени од реакции
347
Кешишев мислам дека има ограничени сознанија, односно го знае тоа што му е кажано од Палчо. Не верувам да ја знае целата слика и вистинскиот план. Ќе каже само како ги излажал Палчо. Но, доколку има други луѓе вклучено на некој начин, може би го знаел и тоа.
Кешишев ги однел началникот Музафер Каишиќ и инспекторите до местото каде е закопана Вања. Најверојатно е сведок на убиството и можеби учесник во закопувањето на телото.
Да го почекаме и сведочењето на Александар (таткото).

Фали пиштолот со кој се извршени убиствата, лопата, и запален е цитроенот на Панче. Убиецот знаел како да сокрие траги и днк и со другите обвинети комуницирале преку радио врска. Палчо следен од наш/турски оперативец е уапсен од турска полиција на автопат. Кичма го болела бе.

Одбраната на палчо може да се потпира на непрофесионално постапување на полицијата ама жива среќа е што некој во безбедносните служби пуштил абер да се држи копилето на око.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.126
Поени од реакции
10.143

Абе нели ги претепаа во притвор, ги искршија од ќотек секој ден, зарем не пропееа досега како се случило, зошто се случило, каде е пиштолот идр.?
Мене многу работи не ми се јасни.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.755
Абе нели ги претепаа во притвор, ги искршија од ќотек секој ден, зарем не пропееа досега како се случило, зошто се случило, каде е пиштолот идр.?
Мене многу работи не ми се јасни.
Затоа што допрва тие ќе се испрашуваат на суд.
Не излегува се во јавноста од истрагата ама судењето е јавно за медиумите.
Пиштолот многу веројатно да го скрил егзекуторот, во случајот Палчо, на овие тројцата три кокошки да му дајш ќе ги загинат не пак од докази да се ослободат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Кешишев ги однел началникот Музафер Каишиќ и инспекторите до местото каде е закопана Вања. Најверојатно е сведок на убиството и можеби учесник во закопувањето на телото.
За мотивот зборев дека појма нема Кешишев. И самиот началник вика дека кога ги однел во Бразда, очекувале да го најдат телото на Панче Жежовски а не на девојчето. Ниту е тепан човеков ниту ништо. Тој Велешанецот Велимир (не ми текнува презиме), само што му дошла полицијата на врата се онесвестил. Едноставно сомнителни им биле на полицијата и со блеф ги натерале да пропеат, а овие пропеале тоа што не го ни очекувале полицајците.

Да го почекаме и сведочењето на Александар (таткото).
Сеуште не сум уверен дека таткото е замешан иако доста сомнително се понаша. И јас баш чекам да се слушне неговото сведочење. Можеби да добивал некакви анонимни дојави, можеби да имал претходни закани од лихвари па затоа така си мислел. Што е филмот со пораката што ја пратил... Може обвинителството веќе знае детали ама не ги кажува заради судскиот процес. Да видиме кога ќе сведочи таткото, што има да каже.

Фали пиштолот со кој се извршени убиствата, лопата, и запален е цитроенот на Панче. Убиецот знаел како да сокрие траги и днк и со другите обвинети комуницирале преку радио врска. Палчо следен од наш/турски оперативец е уапсен од турска полиција на автопат. Кичма го болела бе.

Одбраната на палчо може да се потпира на непрофесионално постапување на полицијата ама жива среќа е што некој во безбедносните служби пуштил абер да се држи копилето на око.
Генерално не мислам дека има непрофесионално постапување на полицијата. Не гледам што би можело да биде непрофесионално. Напротив за случајов се ангажирале пребрзо, дури вон сите процедури. Уште по првите неколку часа почнале со претрага. Истиот ден ги провериле границите, провериле неколку можни сценарија. Но Палчо доста добро ги прикрил работите.

Иначе како се извршени злосторствата, тоа се гледа дека е дело на мастермајнд. Ова не верувам дека му е прво убиство.

Мислам дека единствено нешто на што не рачунал Палчо е дека ќе се издадат овие дебиливе толку брзо. А и грешката им било што го запалиле цитроенот. Никад нема да ги поврзеле ако не го запалиле. Другиот момент е што инсистирањето на Александар ги однело воопшто до партиското седиште на десна. Џандарите знаеле дека постои пикап (поврзан со случајот на Панче), ама му ја виделе регистрацијата на снимката што Александар им ја прикажал. Како е све извршено, како се скриени доказите, комуникација преку токи-воки, ова е многу добро испланирано и има среќа полицијата што е толку брзо откриено. Сево ова мислам дека има поголем плот, кој се надевам дека некогаш ќе се открие.
 
Член од
24 август 2017
Мислења
557
Поени од реакции
1.270
Незнам баш дали е така, пошто веднаш им станал сомнителен татково, уште од првиот ден. И не е дека се пазел, туку ептен се понашал нерационално. Од прв ден кажува дека е веќе убиена. Сакал неќеш одма ќе се посомневаш. Поготово одкако ја нашле и им се вратил филмот, дека уствари он од почеток ја зборел вистината.

Најголема мистерија е таткото. Има многу аргументи кои идат во прилог дека е вмешан, ама и многу аргументи кои викаат дека не е вмешан. Исто така што приметив е дека медиумите многу го осудуват таткото. На пример во транскриптите нигде не видов дека чичкото на Зорица му вика „отепај се“, а новинарите го имаат додадено тоа. Викаат дека не бил добар татко, меѓутоа и мајката кажува дека бил мошне грижлив татко. Па мајката без проблем ја пушта Вања да живее со него извесен период. Ако сметала дека е лош татко, никад не би ја пуштила.
Тие тако звани "новинари" се доста голем чир во општествово се ќе направат и напишат за да гледани / читани, капак на се се луѓево шо им веруваат..Прееска прочитав коментари на рил од мајкава, адвокатката и уше една жена кај шо влегувет во судница едноставно ми се згади од коментарите премногу болен народ упм. За таткото поќе ми делуват дека го местет некако "Добар, Грижлив" и одма имаш едно големо АМА во транскриптите од женаму и стрикото алудирајки на некое нерационално однесување. Па мајку му ебам еве јас иам дете и не дај боже недај да исчезнит па мозокот не ќе знајт кај ми летат, место не ќе ме соберит не Дебар Мало МК ке ја свртам за ден, секој еден крив ќе ми е.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
За мотивот зборев дека појма нема Кешишев. И самиот началник вика дека кога ги однел во Бразда, очекувале да го најдат телото на Панче Жежовски а не на девојчето. Ниту е тепан човеков ниту ништо. Тој Велешанецот Велимир (не ми текнува презиме), само што му дошла полицијата на врата се онесвестил. Едноставно сомнителни им биле на полицијата и со блеф ги натерале да пропеат, а овие пропеале тоа што не го ни очекувале полицајците.

Сеуште не сум уверен дека таткото е замешан иако доста сомнително се понаша. И јас баш чекам да се слушне неговото сведочење. Можеби да добивал некакви анонимни дојави, можеби да имал претходни закани од лихвари па затоа така си мислел. Што е филмот со пораката што ја пратил... Може обвинителството веќе знае детали ама не ги кажува заради судскиот процес. Да видиме кога ќе сведочи таткото, што има да каже.

Генерално не мислам дека има непрофесионално постапување на полицијата. Не гледам што би можело да биде непрофесионално. Напротив за случајов се ангажирале пребрзо, дури вон сите процедури. Уште по првите неколку часа почнале со претрага. Истиот ден ги провериле границите, провериле неколку можни сценарија. Но Палчо доста добро ги прикрил работите.

Иначе како се извршени злосторствата, тоа се гледа дека е дело на мастермајнд. Ова не верувам дека му е прво убиство.

Мислам дека единствено нешто на што не рачунал Палчо е дека ќе се издадат овие дебиливе толку брзо. А и грешката им било што го запалиле цитроенот. Никад нема да ги поврзеле ако не го запалиле. Другиот момент е што инсистирањето на Александар ги однело воопшто до партиското седиште на десна. Џандарите знаеле дека постои пикап (поврзан со случајот на Панче), ама му ја виделе регистрацијата на снимката што Александар им ја прикажал. Како е све извршено, како се скриени доказите, комуникација преку токи-воки, ова е многу добро испланирано и има среќа полицијата што е толку брзо откриено. Сево ова мислам дека има поголем плот, кој се надевам дека некогаш ќе се открие.
Rabotata e so policijata nema mnogu materijalni dokazi, sve e vrz baza na svedocenje na lugje koj se inkriminirani vekje i imaat motiv da lazat. Voedno nemaat najdeno asalen motiv vo istragata i verojatno nema da doznaeme.
Автоматски споено мислење:

Ти пиша доколку немаат докази, а не дека немаат. Јас ти викам дека имаат, само не може за еден ден да го осудат, мора да се комплетира целата слика. За мене покрај Палчо многу побитно е да лежат сите што учествувале во чинот, дали директно дали индиректно затоа што допринеле да се случи убиство на 14 годишно дете.
Pa od transkriptive do sea ne izglea deka imaat dokazi. Potocno 3cata, Palco, karatistot i tatkoto se vrz baza na svedocenje na ovie dvajca.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.379
Поени од реакции
113.817
Pa od transkriptive do sea ne izglea deka imaat dokazi. Potocno 3cata, Palco, karatistot i tatkoto se vrz baza na svedocenje na ovie dvajca.
Како не изгледа дека имаат? Имаат тело, соучесници со изјави, соучесници кои ги одвеле до местото на настаните, тела, едино фали оружјето со кое е пукано и точниот мотив. А и пак ќе кажам не даваат се во јавност туку случајот оди постепено како што треба. До пред неколку дена не знаевме ни како стигнала полицијата до местото на злосторот, ни како ги поврзала двата настани, еве сега дознавме и кој им кажал и што им кажал, затоа и пишав полека се отплеткува клопчето. Многу нестрплив народ сме, сакаме све одма да дознаеме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom