Исчезнати лица

Член од
17 декември 2019
Мислења
2.449
Поени од реакции
4.204
Како може да нема, а сепак да има. Или има или нема, не може и двете.
Еве џандарот вели немаат цврсти докази.



Тоа секако, ама бидејќи сите се над 50г, исто им се фаќа дали 20г или доживотна. Па затоа веќе кога дозволиле да бидат ѕверови, нека ја кажат целата вистина, бар 1% да си намалат од божјиот суд.
Sakam da kazam deka vo konkretniot slucaj ima dokazi, megjutoa da bese drug slucaj kade sto nema dokazi pak ke bese osuden bidejki vekje e osuden od 90% od narodot.. takva e praksata kaj nas, takva e drzavata, takvo e sudstvoto.. ke ti go spopikaat bez oko da im trepne..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.707
Sakam da kazam deka vo konkretniot slucaj ima dokazi, megjutoa da bese drug slucaj kade sto nema dokazi pak ke bese osuden bidejki vekje e osuden od 90% od narodot.. takva e praksata kaj nas, takva e drzavata, takvo e sudstvoto.. ke ti go spopikaat bez oko da im trepne..
Toa e taka zatoa shto narodot (80-90%) e glup!
Ednostavno nema nitu Mozok nitu volja da razmisluva so svoja glava.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не можи началник на полиција за клучни работи да не се сеќава, не можи да не се сеќава на белешки на кои е тој потпишан, ајде ќе разберам да не се сеќава на некои искази на кои ме бил присутен и слично ама на другото ...
Затоа се запишува, а не се памти… полициски службеник таман работа да памти све.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Од ова шо го прочитав овој началникот не се сеќава скоро на ништо, досега ја слушав Вилма со Ландов на претрес и таа на сите прашања велеше дека не се сеќава, ќутук до ќутук се сите од судство до полиција, со вакви недоветни ништо чудно и да се ослободи овој болниот
"Ne se sekjavam" e diplomatski odgovor koga ne sakas da odgovoris ;)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Еве ви, какви, такви, транскрипти од денешните испрашувања:

О – во времето кога се случија предметните настани каде работевте?

д – началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, се уште сум на истата позиција

О – на какви предмети сте работеле

д – сум работел, во основа работам 22 години во МВР, од тие 22 години околу 20 работам во областа на крвните деликти, таму знате кои предмети се, кривични дела против животот и телото, слободата и правата на граѓаните, најтешките кривични дела, убиства, силувања, грабнувања итн, имало двојни, тројни убиства, сериски убиства

О – кога бевте известени за настанов, какви дејствија преземавте првично?

д – тоа беше 27 ноември 2023 година, јас имам три одделенија, за крвни деликтни, за насилен криминал и за семејно наислство, бидејќ во делокругот на работењето спаѓа и грабнување и противправно лишување од слобода, ние имавме информација за исчезнато девојче во Скопје, надлежноста не е во рамките на мојата единица туку во инспекторатот на потраги и бидејќи во тоа време девојчето живееше во центар надлежноста беше на евр Центар. Колегите постапувале цел ден, во текот на вечерните часови некаде, околу 17 часот добив телефонски повик од Музафер Каришиќ дека ќе мора да се вклучиме и ние, да се помогне бидејќи има изјави од страна на родителите дека може девојчето било киднапирано, немаше такви индиции но сепак да се вклучиме. Веднаш ги повикав повеќе колеги и отидовме во ПС Центар. Таму се собравме, беше и тогашниот началник на СВР Скопје, помошинкот Каришиќ, јас, тогашниот началник на ЕВР Центар и полициски службеници и од инспекторатот за потраги. Одржавме состанок со нив, да ни пренесат информации што ги имаат и одлучивме дека има доста нелогичности, одлучивме веднаш да почнеме со работа иако веќе беше 21-22 часот. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и не знам дали класната раководителка, ги водевме разговорите со нив. Не ни беше јасно зошто веднаш се алармира дека девојчето било грабнато или киднапирано и зошто мајката уште во 8 часот утрото пријавила во полиција дека има исчезнато девојче. Мислевме нормално би било да видат да не е негде, да отишла кај другарка, не веднаш да известат дека е исчезната, меѓутоа од разговорот видовме дека класната претходната вечер разговарала со мајката на Вања, рекла дека ќе се расчистат некои проблеми. Класната имала пракса, вообичаено било доколку некој не присуствува на настава, а да не е известена од родителите, после некое време да ги извести родителите. Така мајката добила информација околу 7.45 дека девојчето не е на училиште.

Разговаравме околу профилот на девојчето, каков ученик е , дали има проблеми. Почнавме да разговараме со родителите на Вања, беа заедно и Александар и Зорица и малата Миња. Почнавме разговори и со нив, за да го видиме профилот на семејтсвото, односите, навиките на девојчето, дали и другпат се случувало да ја нема. Како траеја разговорите едно време се поделивме, помошникот Музафер отиде со Александар и со некој роднина да пребаруваат некои локации низ градот каде евентуално ќе ја затекнат Вања, биле во станот во Капиштец, тоа ми го пренесе помошникот. Тоа беше околу полноќ, кога се вратија рекоа дека нема ништо, пмошникот рече дека му било чудно што Александар не искача, не пребарува со нас, вика дека џабе пребарувате. Што е чудно почна да повторува дека е киднапирана, може убиена е, нелогично беше тоа, се вратија назад, се вреше проверка и во Охрид бидејќи имале стан и таму, но немаше никој таму.

Ги одвоивме двеојчето со мајката и таткото посебно, нас ни беше нејасно зошто Александар вика дека е киднапиран, во еден момент се сеќавам рековме ќе имаме трага по што да одиме, ќе не контактираат, реков не верувам чим не сте добиле некаков повик досега.

Тоа беше до касно понеделникот, сабајлето веднаш продолжовме и работевме на некои теории, имаше информација дека наводно Вања имала некој виртуелен дечко, што комуницирала со него, од Шведска мислам дека беше, на англиски зборувале, биле блиски. Помисливме да не случајно нешто се договорила со него, го проверувавме профилот по Фејсбук, видовме дека има знамиња од ИСИС, ни се вклучи алармот, повикавме и колеги од Интерпол, проверки се вршеа во Шведска, проверувавме на граница, негативно беше сето тоа, а изгубивме два дена, одземавме телефони, компјутери и слично.

Тоа траеше два-три дена, а разговаравме цело време со родителите.
О – што велеше Александар, од каде се снимките?

д – он како загрижен татко одел по истите места кај што одевме ние. Него му помагаше едно лице Гоце, кажа дека му е кумовска врска некоја, 20 години не сме се виделе ама сега се најде тука ама многу ми помага, ги знае луѓето, има луѓе по полиции, може да помогне, за Гоце кажа меѓу другото дека Палчо ѝ бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце. Палчо бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце и дека се познавале нешто.

О – од каде ги добива тој камерите?

д – не знам од каде, јас претпоставувам дека му ги дале на пријателска база. Подоле најдовме менувачница, рече биле таткото и мајката, можеби Гоце имал врски ги обезбедувал тие снимки ама ние ги имавме веќе.

О – ве известија ли дека има камера на место кадешто ви предочил дека точно од некој објект се гледа влезот од згарадата

д – мислите за другата страна имаше една црвена бутка нешто за кафиња

О – кој ве извести за тоа, Александар?

д – да, Александар ама со Гоце ја открил таа камера монтирана на монтажен објект. Рече дека има камера, ние отидовме таа вечер, кажа ќе обезбеди контакт со газдите, дојдоа вечерта касно и отидовме и таму да видиме. Камерата беше насочена натака, дали имаше домет не знаевме, земавме техничар, рече нема струја, газдата рече дека знаел дека има струја. Праша дали да го земеме ресиверот, ни го дадоа, направивме обиколка како нема струја и доле имаше пресечен кабел. Го земавме ресиверот, може снимило нешто, ама немаше ништо дури ни од претходните денови ни кога работел.И да имало струја може ќе сме немале среќа.

Судија: Поспоро, со имиња, да биде јасно

д – се вративме назад, ги лишивме од слобода Кешишев и две лица од седиштето на Десна, не им ги знам ден денес имињата.

О – по кој основ ги приведовте лицата, заради кои сомнежи?

д – мислам дека основното ни беше за предизвикувања општа опасност, поради возилото, немавме поврзаност и мислевме дека ќе го расчистуваме Панче

, не знаевме што е со него, дали е инволвиран или е жртва, имавме верзија дека можеби Панче е сторител и затоа го пали возилото. Во станица разговаравме со трите лица и во исто време беа Лита и сопругот нејзин, сабајчето видовме дека двете лица од Десна не ни беа интересни, едниот беше телефонџија нешто се сеќавам и ги пуштивме во координација со јавен обвинител, ги ослободивме и Лита и сопругот.

Остана уште Кешишев, правевме проверки, Кешишев велеше не знам ништо, ретко го напуштам објектот, не се сеќавал кога бил подалеку, рече не бил во Велес. Ние претходно одржавме состанок со колегите од Велес, за тоа исчезнување. Ни кажаа дека одел во Будва, Црна Гора, не било чудно да исчезне.

Во разговорите со Кешишев, тој се гледаше дека нешто крие, ние сме со илјадници случаи, почна да спомнува, со кого се дружи, што со Палчо, рече му готвам, таму живееме, јас спијам во таа куќа. Имал подкасти Палчо, правел кафе кога има гости и демек не сум слушал муабети, Спомнуваше некој Веља, некој од Велес, па не знам како се презиваше. Моите го побараа кој е Веља, по систем утврдивме Велибор Манев од Велес, му покажавме и слика од системот, рече тој е тој. Видовме дека еден од колегите рече, овој Веља невоља живее на иста адреса, на иста улица со Панче. Дојде нешто сомнително и интересно, некаква поврзаност. Цело време се координиравме јавниот обвинител, да не повторувам. Одлучивме да пуштиме распит до СВР Велес, да се пронајде лицето и изврши претрес, тоа беше многу касно околу 12 ноќта отприлика, на втори вечерва ваљда не знам како му доаѓаше, Кешишев е уште приведен.

Велешанецот падна во несвест кога полицијата отиде на претрес кај Вељо. Велешани ни кааа дека кога отишле таму, паднал во несвест, кога ги видел. Го собраа, го приведоа и го донесоа во Скопје.
О – се уште немате поврзаност на настаните?

д – уште немаме, гледаме дека има нешто меѓутоа официјално не е поврзан настанот. Го земавме Кешишев за повторен разговор ноќта, седнав прашав дали сака цигара, вода, тивко, без галама, реков гледаш дека ве имаме, не сме си отишле дома, не случајно си тука, да видиме што е работава, биди човек. Он рече, Кешишев рече јас не сум човек, кажа еден лош израз, рече јас не сум човек и јас сум учесник во ова, чим сум учесник не сум човек. Се кршеше човекот, полека се разговараше, рече не сум бил, сме оделе со Палчо некаде накај тоа Бразда. Ќе ме однесеш ли? Не, ние одевме ми покажуваше Палчо некој објект сакал да гради, да ми го покаже местото, не знам дали ќе ве однесам, ќе видиме. После некое време рече ќе одиме, Музафер со него комуницираше најмногу, излеговме надвор околу 4-5 сабајле, ладно беше, влеговме во две коли во првата беше Музафер, Кешишев и уште еден колега Ријад мислам дека беше, во другата кола бевме јас, началникот Данчевски и Дени што работеше на опожареното возило.

Стигнавме накај Бразда, не шеташе, застанавме на некоја височинка, рече овде сакаше Палчо да прави некаков објект, реков кажи за што дојдовме, биди поконкретен, соземи се. Музафер ќе го тргнеше на страна, се шушкаа на страна. Тргнавме, јас пак да тргнам не знам таму да отидам, а Дени вика одиме кај што е запален Цитроенот. Како што дојдовме, навистина, излеговме од кола, таму беа остатоците, запалената трева. Штом сте дошле до овде, рековме да каже што е, тој му викал цело време се плашам ако дознае Плачо, има многу луѓе по полиција, ќе ме убие, ќе му кажат они, тој му викаше не се плаши.

Отидоа понапред , Музо рече ај да одиме понапред, да одиме на тој ридот горе. Влегоа во кола, тргнавме нагоре, по пат одевме по асфалтен пат, тука ги оставивме колите, имаше земјен пат и тргнавме нагоре, одеше прв Музо со Кешишев, ние позади и дојдовме на еден пат што се дели. Се поделивме, они отидоа лево, ние десно. Идевме, бараме не знам што бараме, мисле дека бараме некој леш ама немаше ништо. Како ќе најдеш кога е голема површина и не знаеш што бараш.

Помина пола саат, се слушнавме со овие, се најдовме доле. Рече дојдете по мене, го фативме левиот крак, на 500-600-700 метра и тој како дојдовме таму не зборее со глава покажуваше. Ние земавме да копаме, да растргнеме. Пак покажуваше со глава, земавме јас, Дени, а имаше да дојдовме до нешто како прекривка, некои перници и јас и Дени ги тргнавме тие перници, некоја мушама расфрлани, куфер некој, ги тргнавме и видовме доле некои дрва, ровка беше земјата. Копаме тука, пропаѓа како копаме, а Музафер и кешишев стојат на страна, Кешишев нејќеше ни да гледа со грб беше свртен и дојде Музо рече овој вика може да е маленкото, кое маленко, девојчето Вања… Продолживме со копање, го викнавме и Кешишев да копа со нас, дојде копаше со нас и се тргна пак на страна и Музо почна да збори со него на страна. Баравме лопати, ние не бевме спиени со денови, немаше сила да копаме, отиде еден колега од селото донесе лопати и Кирчо началникот копаше и одеднаш гледаме нешто бело… Застанавме да не направиме некоја штета на телото, бевме во шок солзи ни идеа на сите.. Известивме, му се јавивме на Бубевски, на директорот на судска медицина, сите претпоставени старешини… Им се јавив на колегите други, во меѓувреме го донесоа Веља од Велес, имавме друг тим што го пречека Веља за разговор. Им се јавив дека го најдовме девојчето, разговарајте видете нека ви каже што знае Веља. Музафер разговараше со Кешишев и му рекол знаеш ли кој беше со нас, Боре некој, каратистот, не го знаеш. Началникот се јави кај началникот во Велес да го најдат кој е Боре Каратистот и да се обезбеди да се донесе во Скопје. Дојдоа сите од судска медицина, ОЈО, не знам кој се уште не. Телото се подигна.

О – што најдовте на местото кај телото, дали беше нешто чудно?

д- девојчето беше како живо, рацете ѝ беа врзани позади со стеги исто и носете и имаше уста на ленатат. Други знаци на насилство немаше, беше буквално како жива.

д – кога се вративме назад, колегите ми кажаа дека Веља им кажал за друго тело, за Панче дека е закопан и дека ќе им го покаже телото. Тоа тие го откриле со него. Пред да отидат да разговараат, ние со Веља разговаравме исто, откако се вративме назад.

О – што ви кажа Кешишев кога веќе дојдовте до телото на Вања, што ви рече, како дошло до тоа телото на Вања да биде тука закопано во дупката, дали ви појасни нешто?

д – сите кажуваа, тоа се нивните искази дека по насоки на Палчо работеле, дури еден од нив рече тоа беше одлука на Палчо, јас не можам да знам што има во неговта глава, тоа сум го слушнал од нив. Веља опишуваше каок отишле, што правеле, зборам за делот за Вања ни го кажуваше.

Судија – ме интересира како стигнавте до телата

д – ви кажав, со Кешишев, не знам што не ви е јасно

Судија – за Панче како стигнавте до телото

д – колегите го земаа Велими со колеги од Скопје и Велес, ова ви го прекажувам од нив, јас не бев тие ми кажаа, тој ги носел до некои како грмушки, тука им рекол да копаат, било многу длабоко, викнале други полицајци од Велес, имало и камења бутано внатре, го најдоа таму и Панче и на тој увид пронашле и една чаура, така доаѓаат до Панче
Испаѓа дека полицијава ги споила двете убиства тек кога Кишишев ака домаќинката на Палчо ги однел на местото на злосторот. Тие го наоѓаат возилото барајќи ја Вања, меѓутоа уште не ги поврзуваат двете убиства. И началников кажува дека запаленото возило им дало сомнеж дека можеби Панче учествувал во киднапирањето, па се ослободува од колата. И не е дека не го барале Панче, како што се мислеше, туку Панче имал навика да исчезне без да се јави и затоа не испаничиле и така кажале на полиција.

Мајката јавува многу рано во полиција, а Александар цело време инсистира на киднапирање. Тука може да има нешто што не се кажува.

Искрено мислам дека овој Кишишев да не ги однел до местото кај што е закопано девојчето, никад немало да се дознае за ниедно убиство. Кола само била спорна, но можеле да кажат дека им ја дал Панче, очигледно е дека имале конекција со него и нема да било ништо спорно. Дури да не ја запиле колата, ќе било никому ништо, ни до кај нив нема да отишле.

Значи све на све, злосторствово е решено сосема случајно. А цел обвинителен акт се темели врз изјави на овие тројца. Ама тоа нив така им е кажано, што бил мотивот, мастермајндот само знае. Голема грешка е што полицијава не си ја завршила уредно работата. Ова е сосема непрофесионално и остава можност други луѓе кои можеби се дел од групата да останат надвор од истрагата, што најверојатно е така.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.516
На цел ,,цивилизиран" свет му фали ,,Декстер" како концепт, кој всушност и се формираше баш поради таа иста нужда...

,,Ljudi smo, cenjeni sude, pa neka bude šta bude,
žao mi marama crnih, al' plač je plač a mač je mač."
- Балашевич
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.763
Поени од реакции
11.752
Хаос

Ги разделивме мајката и таткото и посебно зборувавме, особено со Александар, кој тврдеше дека е кидапирана, јас велев, тогаш ќе треба да се очекува повик… На терен отидовме пред зградата, направивме круг околу зградата, ги мапиравме сите камери од Сејф сити и утврдивме дека излезот на зградата е во мртов агол и не го фаќа ниедна камера ни од Сејф сити ни од околните објекти. Од тоа заклучивме дека нема шанси девојчето пешки да ја напуштило зградата. Излезена е со возило, затоа што пеш веднаш би ја фатила некоја камера, по првите чекори. Значи, излегла со возило, па на камерите ги проверувавме сите возила, баравме девојче во возилото, мислевме дека доброволно е влезена во некое возило. Мислевме во првите денови дека таа намерно избегала со некого за да ги казни родителите. Но, немаше девојче во возилата. Гледавме и регистрации, да не има некој со фалц таблица… Ова е сѐ во дел на истрагата за исчезнато девојче, без индиции дека е грабната, освен изјавите на таткото – реле Димовски.

Тој додаде дека истовремено во одделот крвни деликти се водела уште една истрага за запалено возило кое било најдено во Бразда.

На 27 ноември 2023 година кога било запалено возилото, ние бевме известени во вечерните часови дека е најдено целосно изгорено возило и, според процедурите, баравме дали има услови за увид, но бидејќи беше ноќ, увидот го направивме следното утро. Вечерта ја нашле таблицата и провериле дека е велешко возило и сфатиле дека возилото е на исчезнато лице. Вечерта, сепак, се органиизраше пребарување на теренот, со кучиња, не најдоа ништо, утредента се направи увид. Возилото беше подигнато и однесено на вештачење. Колегите што го истражуваа запалениот „цитроен“, бараа камери по патот. Најдоа камери на општина Чучер Сандево, еден ден се мачеа за да ги отворат снимките и тогаш покрај „цитроенот“ забележале и пикап. Немало други возила, прво помина „цитроенот“, па другото возило, но на снимките не се гледала таблицата на другото возило. Бараа и други камери во реонот, кон Шутка за да ги најдат двете возила на други снимки. На Сејф сити е виден „цитроенот“ на 23, 24 и на 27 ноември 2023 година, па баравме каде се движел – рече Димовски.

За сето тоа време тој имал интензивна комуникација со родителите. Таткото Александар цело време давал сугестии, видете ова, видете она.

Еден ден ми се јави, рече „имам едно сомнително возило, да го проверите“. Ми прати слики од камери кои веќе сме ги провериле, од козметички салон, ми посочи едно сомнително возило. Пратив порака кај колегите да ја проверат снимката и траекторијата на движење. Александар рече дека му е сомнително, дека има комбе со него, не ни беше јасно што му е сомнително. Но, кога ја проверија снимката во Сејф сити, каде има подобри камери, ми рекоа дека тоа возило што му е сомнително на Александар е велешкиот „цитроен“. Ги најдовме таблиците на тоа што мислевме дека е пикап, излезе дека е „рено кангу“, сопственост на Рита Ќириќ. Ја повикавме на разговор. Александар ми се јави и ми рече „мило ми е што ви помагам, ама од информацциите што ги добивам од другарки на Вања, видете да не е некое лице постаро вклучено, да не е некој од Охрид, од Велес“. Ние веќе го поврзавме „цитроенот“ со „кангото“, а тој го спомна токму Велес – рече Димовски.

Сопственичката на „рено кангу“ Рита Ќириќ дошла со сопругот во полициската станица во Кисела Вода. Таа рекла дека живеат во Исланд, а сопругот го дал возилото на користење на партијата Десна.

Во Сејф сити утврдиле дека последното дижење на „кангуто“ е на 27 ноември околу 23 часот и дека се паркирало некаде кај Железничката станица во Скопје. Полицајците излегле да го бараат возилото пешки, го нашле кај некоја куќа на која пишувало политичка партија Десна. Изгуглале, виделе дека претседател на Десна е Љупчо Палевски. Димовски им рекол да останат таму пред куќата додека не се расчисти каква вмешаност има возилото. Го известиле Јавниот обвинител, барале да се изврши претсрес во тој објект и во возилото. Судиите и ЈО не им дале веднаш дозвола за претрес затоа што станувало збор за политичка партија, па барале кој е сопственик на куќата во катастар, и налогот за претсрес го добиле на име на сопственикот.

Тоа беше на 2 декември, 1 часот по полноќ. Кога влеговме внатре имаше тројца, еден од нив Кешишев, вели „каде сте досега, ве чекавме“. Како нѐ чекате? Епа, видовме кола, ве чекаме. Ги идентификувавме, побараа адвокат, дојде еден адвокатот Васко и вршевме претрес. Ги прашавме „каде ви е претседателот“, Кешишев ни рече дека отишол во Белград, дека има проблеми со кичмата, дека ќе оди во Турција. Адвокатот рече „па јас го однесов Палчо пред два дена во Белград“. Проверивме, видовме дека пред два дена Васко и Палчо поминале граница. Раскажа дека по пат застанале во Ниш. И дека Палчо по пат му велел дека неколку дена го следи некое велешко возило „цитроен“. Ние мислевме дека сме на трагот на исчезнатиот Панче, во тој момент немавме поврзаност на случаите, нејасно ни беше зошто „цитроенот“ и „кангуто“ поминале пред зградата на Вања – рече Димовски.

Кога завршил претресот ги лишиле од слобода Кешишев и двете лица кои ги затекнале со него. Го подигнале возилото и отидоше во полицикста станица на разговор, под сомнеж за предизвикување општа опасност поради опожарување на „цитроенот“.

Мислевме дека ќе го расчистуваме случајот на „цитроенот“, случајот за Панче. Разговаравме со тројцата, двете лица од партијата Десна ги пуштивме, не беа сомнителни, ги ослободивме Рита и нејзиниот сопруг, а Кешишев остана. Тој на почетокот велеше „не знам ништо, ретко излегувам од објектот, само до КАМ одам…“ Претходно, пак, на 1 декември, колеги од Велес дојдоа во Скопје за запаленото возило и ни дадоа информација дека два дена по исчезнувањето на Панче е пријавено, ни кажаа што работеле, каков профил е Панче, дека знае да излезе и да го снема, не е чудно за него да го снема – рече Димовски.

Тој додаде дека Александар како загрижен родител ги барал снимките од околните објекти, му ги давале, а тој ги носел во полиција.

Ние истите тие снимки веќе ги имамве. Нему му помагаше негов пријател Гоце, рече дека се старо кумство. Рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на мајката на Гоце. Еден ден го затекнавме кај фризерски салон, ние отидовме по снимки, тој веќе беше таму и заеедно ги гледавме снимките – рече Димовски.

Александар им кажал на полицајците дека со Гоце откриле камера што гледа кон влезот на зградата а е поставена од другата страна на Илинденска, на монтажен објект, за продажба на пици.

Отидовме, имаше камера, насочена кон влезот, не знаевме до каде има домет камерата, земавме техничар, ама тој ни рече дека нема струја. Ни го дадоа ресиверот за да провериме. Прегледавме и видовме дека кабелот за струја е пресечен. На рисиверот немаше видеозапис ни од тој ден ни од претходните денови. И да имало струја, можеби ќе сме немале среќа, исто така, не се знае дали камерата достигала да снима до влезот – објасни Димовски.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.936
Разговарав со судија од основен суд онака на кафе за случајот, доколку немаат матрејални докази од типот да се најде оружјето, днк во возилата, снимки од палчо, комунакација по телефони уреди, овој болниот само со исказите на овие дебилите тешко ке го осудат иако со притисок од јавноста тој мисли дека ќе биде спакуван исто така дека ќе биде осуден и таткото и другите обвинети дека пресврт во случајот нема да има ќе се остане на истиот мотив. Ова мислење од стручно лице.
Абе важи. А тогаш зошто бегаше Палчо? Зошто користеше различни возачи до Србија и Турција? Некако премногу "случајности" за да биде невин. А и овие Манев и Кишишев не изгледаат воопшто способни да наместат постела на кревет не пак двојно убиство. Ако беше невин немаше да бега, а и немаше Турција да го екстрадира ако не добиеа доволно докази.
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
450
Поени од реакции
337
Абе важи. А тогаш зошто бегаше Палчо? Зошто користеше различни возачи до Србија и Турција? Некако премногу "случајности" за да биде невин. А и овие Манев и Кишишев не изгледаат воопшто способни да наместат постела на кревет не пак двојно убиство. Ако беше невин немаше да бега, а и немаше Турција да го екстрадира ако не добиеа доволно докази.
А каде прочита дека е невин, само дека добро го има изработено ова дека неможат да обезбедат матрејални докази.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.936
А каде прочита дека е невин, само дека добро го има изработено ова дека неможат да обезбедат матрејални докази.
Ти пиша доколку немаат докази, а не дека немаат. Јас ти викам дека имаат, само не може за еден ден да го осудат, мора да се комплетира целата слика. За мене покрај Палчо многу побитно е да лежат сите што учествувале во чинот, дали директно дали индиректно затоа што допринеле да се случи убиство на 14 годишно дете.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
964
Поени од реакции
1.573
Кој ги знај, со тек на време и тоа ќе кажат.
Таткото ако е вмешан, ќе пропее за брзо и многу работи ќе ни се разјаснат, ретко кој би издржал таков притисок
Како сте толку сигурни дека ќе пропее? Ете си има адвокат човекот, нема шанси да пропее.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Испаѓа дека полицијава ги споила двете убиства тек кога Кишишев ака домаќинката на Палчо ги однел на местото на злосторот. Тие го наоѓаат возилото барајќи ја Вања, меѓутоа уште не ги поврзуваат двете убиства. И началников кажува дека запаленото возило им дало сомнеж дека можеби Панче учествувал во киднапирањето, па се ослободува од колата. И не е дека не го барале Панче, како што се мислеше, туку Панче имал навика да исчезне без да се јави и затоа не испаничиле и така кажале на полиција.
Да, така сфатив и јас, и за нив било изненадување што почнало да се одмотува клопчето за Вања.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.377
Поени од реакции
6.528
Тоа што нема да го најдат оружјето, не значи ништо у постапка пошто оружје може да се уништи. Треба да се утврди алибито на Палчо ако уопште го има, а најверојатно го нема.

Него замисли си отишол у Исланд да живееш, небитно таму дали возиш автобус или переш клозети, си се тргнал од тука. Ствараш за нормален живот, и те фаќа таа идиотска маЌедонска жичка да финансираш пробисвети ко Палчо ко Тодор Петров за “името да го вратиме”, и ти се дешава ова. Па само ради глупоча и показна вежба таа Рита и тој таклабасот од маж нејзин би ги репнал у затвор по 6 месеци. Глупаци.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
964
Поени од реакции
1.573
Муабетов 'ако е утепана и ја ке се утепам' уште прв ден, и 'сигурно е киднапирана' и 'убиена е' од страна на таткото не ви личи ли на некој шо апла знае дека ја испосрал работата?

Не ни барал низ град, он повеќе можеби го барал местото каде е извршено убиството бар според ова шо го читам. Се асоцира дека веќе знаел или барем претпоставувал што се случило па помагал и посочувал со камериве.

Ако успеат да го извлечат да не оди у затвор ептен ќе бидам разочаран. Господ грев да не ми пише, ама типот ја има закашкано и тоа на велико.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.428
Поени од реакции
13.514
Значи ако не го убиеле Панче, немаше никогаш да стигнат до Вања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom