Исчезнати лица

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.722
Поени од реакции
36.589
Еве ти линк, @Bafra , не се разгневувај: https://puls24.mk/полицискиот-началник-дејан-димовски/

Па небитно е кој ги поставува прашањата. Одоговрот е дека немаат докази.

За медиумите јасно ми е дека намерно одбираат кои делчиња ќе ги споделат, ама па и одговорниве или ептен неспособни (партиски кога се ставаат недоквакани) или намерно за сега не се споделени тие информации:
Не дека е битно кој ги поставува прашањата, муабетот ми беше дека разговорот кој го сподели @SilvijanL не е тој кој јас погоре го цитирав и за кој ти ми побара извор. Затоа реков: не е тоа, ова е адвокатот vs. сведокот, моето беше Палчо vs. сведокот. Ваљда појасно?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
А јас па прочитав некаде дека многу се карале со Зорица и наводно Вања имала обид за самоповредување заради нивните караници. Ова е од тоа што сум прочитала низ интернет. Теории милион.

Не ми е јасно како таткото константно знаел во која насока да ја насочи истрагата.
Абе и тоа да е вистина, јас знам многу парови кои се разведени и кои се караат после развод, па никој не го ризикувал животот на детето.

Да. А од друга страна ако знаел дека е убиена и се понашал толку ноншалантно, смирено и ладнокрвно и тоа оди во прилог на неговата психопатија.
Може да е психопат, ништо не викам, само за таткото сеуште сум резервиран.


Зборот ми е, не може да се носат заклучоци по тоа бил наркоман, се карал, разведени биле. Треба да се фокусираат на неговото понашање и да се види зошто така се понашал дали имал улога, дали бил некако изигран/иманипулиран со дојави, или едноставно ради други причини така се понашал. Најверојатно ќе се дознае све.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.486
Поени од реакции
18.750
Еве ти линк, @Bafra , не се разгневувај: https://puls24.mk/полицискиот-началник-дејан-димовски/


Не дека е битно кој ги поставува прашањата, муабетот ми беше дека разговорот кој го сподели @SilvijanL не е тој кој јас погоре го цитирав и за кој ти ми побара извор. Затоа реков: не е тоа, ова е адвокатот vs. сведокот, моето беше Палчо vs. сведокот. Ваљда појасно?
Од ова шо го прочитав овој началникот не се сеќава скоро на ништо, досега ја слушав Вилма со Ландов на претрес и таа на сите прашања велеше дека не се сеќава, ќутук до ќутук се сите од судство до полиција, со вакви недоветни ништо чудно и да се ослободи овој болниот
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Од ова шо го прочитав овој началникот не се сеќава скоро на ништо, досега ја слушав Вилма со Ландов на претрес и таа на сите прашања велеше дека не се сеќава, ќутук до ќутук се сите од судство до полиција, со вакви недоветни ништо чудно и да се ослободи овој болниот
Жив човек е, заборава, ако не е сигурен, боље да каже дека не се сеќава, одколку да тропа глупости несигурен. А и онака се прашањата поставени за материјални докази, кои ќе се изнесат на судењето. Прашањата на Палчо имаат улога да го замајаат обвинителството и јавноста.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.174
Поени од реакции
16.305
Од тоа и се плашам, да не остане и овој нерешен случај.
малку офф Топик, имаше поодамна Ликвидација на цело семејство на бизнисмен, мислам Струмица. само најмалата ќерка се спаси, не била дома....таа набргу се отсели во Уса. Мислам по 9-10 години од Ликвидација, МВР на Бркот го ЗАТВОРИ случајот со Образложение ; Нема Заинтересирани. ??????????????
Кога. ќе видам на кабелски во американските емисии расчистува убиства од пред 100+ години...(ама на Кенеди не :cool: )
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
447
Поени од реакции
337
Од ова шо го прочитав овој началникот не се сеќава скоро на ништо, досега ја слушав Вилма со Ландов на претрес и таа на сите прашања велеше дека не се сеќава, ќутук до ќутук се сите од судство до полиција, со вакви недоветни ништо чудно и да се ослободи овој болниот
Разговарав со судија од основен суд онака на кафе за случајот, доколку немаат матрејални докази од типот да се најде оружјето, днк во возилата, снимки од палчо, комунакација по телефони уреди, овој болниот само со исказите на овие дебилите тешко ке го осудат иако со притисок од јавноста тој мисли дека ќе биде спакуван исто така дека ќе биде осуден и таткото и другите обвинети дека пресврт во случајот нема да има ќе се остане на истиот мотив. Ова мислење од стручно лице.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.339
Поени од реакции
6.386
А Палчо алиби има за двете убиства? Може да докаже дека бил на друго место?
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
2.388
Случајот ке си биде решен, ама мислам мотивот нема да го дознаеме никогаш.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.486
Поени од реакции
18.750
Жив човек е, заборава, ако не е сигурен, боље да каже дека не се сеќава, одколку да тропа глупости несигурен. А и онака се прашањата поставени за материјални докази, кои ќе се изнесат на судењето. Прашањата на Палчо имаат улога да го замајаат обвинителството и јавноста.
Не можи началник на полиција за клучни работи да не се сеќава, не можи да не се сеќава на белешки на кои е тој потпишан, ајде ќе разберам да не се сеќава на некои искази на кои ме бил присутен и слично ама на другото ...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.349
И докази се демонстрираа и пак истите ликови бараат влакно во јајцето и упорно ама мајката ама ова, ама оти косата му беше фенирана на судење ...
Патем кај е Севиор, го снема нешто овие дена :kafence:
Зирла си доби казнени и по автоматизам бан од форум зашто имал акумулирано казнени од претходно :masa:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.722
Поени од реакции
36.589
Еве ви, какви, такви, транскрипти од денешните испрашувања:

О – во времето кога се случија предметните настани каде работевте?

д – началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, се уште сум на истата позиција

О – на какви предмети сте работеле

д – сум работел, во основа работам 22 години во МВР, од тие 22 години околу 20 работам во областа на крвните деликти, таму знате кои предмети се, кривични дела против животот и телото, слободата и правата на граѓаните, најтешките кривични дела, убиства, силувања, грабнувања итн, имало двојни, тројни убиства, сериски убиства

О – кога бевте известени за настанов, какви дејствија преземавте првично?

д – тоа беше 27 ноември 2023 година, јас имам три одделенија, за крвни деликтни, за насилен криминал и за семејно наислство, бидејќ во делокругот на работењето спаѓа и грабнување и противправно лишување од слобода, ние имавме информација за исчезнато девојче во Скопје, надлежноста не е во рамките на мојата единица туку во инспекторатот на потраги и бидејќи во тоа време девојчето живееше во центар надлежноста беше на евр Центар. Колегите постапувале цел ден, во текот на вечерните часови некаде, околу 17 часот добив телефонски повик од Музафер Каришиќ дека ќе мора да се вклучиме и ние, да се помогне бидејќи има изјави од страна на родителите дека може девојчето било киднапирано, немаше такви индиции но сепак да се вклучиме. Веднаш ги повикав повеќе колеги и отидовме во ПС Центар. Таму се собравме, беше и тогашниот началник на СВР Скопје, помошинкот Каришиќ, јас, тогашниот началник на ЕВР Центар и полициски службеници и од инспекторатот за потраги. Одржавме состанок со нив, да ни пренесат информации што ги имаат и одлучивме дека има доста нелогичности, одлучивме веднаш да почнеме со работа иако веќе беше 21-22 часот. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и не знам дали класната раководителка, ги водевме разговорите со нив. Не ни беше јасно зошто веднаш се алармира дека девојчето било грабнато или киднапирано и зошто мајката уште во 8 часот утрото пријавила во полиција дека има исчезнато девојче. Мислевме нормално би било да видат да не е негде, да отишла кај другарка, не веднаш да известат дека е исчезната, меѓутоа од разговорот видовме дека класната претходната вечер разговарала со мајката на Вања, рекла дека ќе се расчистат некои проблеми. Класната имала пракса, вообичаено било доколку некој не присуствува на настава, а да не е известена од родителите, после некое време да ги извести родителите. Така мајката добила информација околу 7.45 дека девојчето не е на училиште.

Разговаравме околу профилот на девојчето, каков ученик е , дали има проблеми. Почнавме да разговараме со родителите на Вања, беа заедно и Александар и Зорица и малата Миња. Почнавме разговори и со нив, за да го видиме профилот на семејтсвото, односите, навиките на девојчето, дали и другпат се случувало да ја нема. Како траеја разговорите едно време се поделивме, помошникот Музафер отиде со Александар и со некој роднина да пребаруваат некои локации низ градот каде евентуално ќе ја затекнат Вања, биле во станот во Капиштец, тоа ми го пренесе помошникот. Тоа беше околу полноќ, кога се вратија рекоа дека нема ништо, пмошникот рече дека му било чудно што Александар не искача, не пребарува со нас, вика дека џабе пребарувате. Што е чудно почна да повторува дека е киднапирана, може убиена е, нелогично беше тоа, се вратија назад, се вреше проверка и во Охрид бидејќи имале стан и таму, но немаше никој таму.

Ги одвоивме двеојчето со мајката и таткото посебно, нас ни беше нејасно зошто Александар вика дека е киднапиран, во еден момент се сеќавам рековме ќе имаме трага по што да одиме, ќе не контактираат, реков не верувам чим не сте добиле некаков повик досега.

Тоа беше до касно понеделникот, сабајлето веднаш продолжовме и работевме на некои теории, имаше информација дека наводно Вања имала некој виртуелен дечко, што комуницирала со него, од Шведска мислам дека беше, на англиски зборувале, биле блиски. Помисливме да не случајно нешто се договорила со него, го проверувавме профилот по Фејсбук, видовме дека има знамиња од ИСИС, ни се вклучи алармот, повикавме и колеги од Интерпол, проверки се вршеа во Шведска, проверувавме на граница, негативно беше сето тоа, а изгубивме два дена, одземавме телефони, компјутери и слично.

Тоа траеше два-три дена, а разговаравме цело време со родителите.
О – што велеше Александар, од каде се снимките?

д – он како загрижен татко одел по истите места кај што одевме ние. Него му помагаше едно лице Гоце, кажа дека му е кумовска врска некоја, 20 години не сме се виделе ама сега се најде тука ама многу ми помага, ги знае луѓето, има луѓе по полиции, може да помогне, за Гоце кажа меѓу другото дека Палчо ѝ бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце. Палчо бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце и дека се познавале нешто.

О – од каде ги добива тој камерите?

д – не знам од каде, јас претпоставувам дека му ги дале на пријателска база. Подоле најдовме менувачница, рече биле таткото и мајката, можеби Гоце имал врски ги обезбедувал тие снимки ама ние ги имавме веќе.

О – ве известија ли дека има камера на место кадешто ви предочил дека точно од некој објект се гледа влезот од згарадата

д – мислите за другата страна имаше една црвена бутка нешто за кафиња

О – кој ве извести за тоа, Александар?

д – да, Александар ама со Гоце ја открил таа камера монтирана на монтажен објект. Рече дека има камера, ние отидовме таа вечер, кажа ќе обезбеди контакт со газдите, дојдоа вечерта касно и отидовме и таму да видиме. Камерата беше насочена натака, дали имаше домет не знаевме, земавме техничар, рече нема струја, газдата рече дека знаел дека има струја. Праша дали да го земеме ресиверот, ни го дадоа, направивме обиколка како нема струја и доле имаше пресечен кабел. Го земавме ресиверот, може снимило нешто, ама немаше ништо дури ни од претходните денови ни кога работел.И да имало струја може ќе сме немале среќа.

Судија: Поспоро, со имиња, да биде јасно

д – се вративме назад, ги лишивме од слобода Кешишев и две лица од седиштето на Десна, не им ги знам ден денес имињата.

О – по кој основ ги приведовте лицата, заради кои сомнежи?

д – мислам дека основното ни беше за предизвикувања општа опасност, поради возилото, немавме поврзаност и мислевме дека ќе го расчистуваме Панче

, не знаевме што е со него, дали е инволвиран или е жртва, имавме верзија дека можеби Панче е сторител и затоа го пали возилото. Во станица разговаравме со трите лица и во исто време беа Лита и сопругот нејзин, сабајчето видовме дека двете лица од Десна не ни беа интересни, едниот беше телефонџија нешто се сеќавам и ги пуштивме во координација со јавен обвинител, ги ослободивме и Лита и сопругот.

Остана уште Кешишев, правевме проверки, Кешишев велеше не знам ништо, ретко го напуштам објектот, не се сеќавал кога бил подалеку, рече не бил во Велес. Ние претходно одржавме состанок со колегите од Велес, за тоа исчезнување. Ни кажаа дека одел во Будва, Црна Гора, не било чудно да исчезне.

Во разговорите со Кешишев, тој се гледаше дека нешто крие, ние сме со илјадници случаи, почна да спомнува, со кого се дружи, што со Палчо, рече му готвам, таму живееме, јас спијам во таа куќа. Имал подкасти Палчо, правел кафе кога има гости и демек не сум слушал муабети, Спомнуваше некој Веља, некој од Велес, па не знам како се презиваше. Моите го побараа кој е Веља, по систем утврдивме Велибор Манев од Велес, му покажавме и слика од системот, рече тој е тој. Видовме дека еден од колегите рече, овој Веља невоља живее на иста адреса, на иста улица со Панче. Дојде нешто сомнително и интересно, некаква поврзаност. Цело време се координиравме јавниот обвинител, да не повторувам. Одлучивме да пуштиме распит до СВР Велес, да се пронајде лицето и изврши претрес, тоа беше многу касно околу 12 ноќта отприлика, на втори вечерва ваљда не знам како му доаѓаше, Кешишев е уште приведен.

Велешанецот падна во несвест кога полицијата отиде на претрес кај Вељо. Велешани ни кааа дека кога отишле таму, паднал во несвест, кога ги видел. Го собраа, го приведоа и го донесоа во Скопје.
О – се уште немате поврзаност на настаните?

д – уште немаме, гледаме дека има нешто меѓутоа официјално не е поврзан настанот. Го земавме Кешишев за повторен разговор ноќта, седнав прашав дали сака цигара, вода, тивко, без галама, реков гледаш дека ве имаме, не сме си отишле дома, не случајно си тука, да видиме што е работава, биди човек. Он рече, Кешишев рече јас не сум човек, кажа еден лош израз, рече јас не сум човек и јас сум учесник во ова, чим сум учесник не сум човек. Се кршеше човекот, полека се разговараше, рече не сум бил, сме оделе со Палчо некаде накај тоа Бразда. Ќе ме однесеш ли? Не, ние одевме ми покажуваше Палчо некој објект сакал да гради, да ми го покаже местото, не знам дали ќе ве однесам, ќе видиме. После некое време рече ќе одиме, Музафер со него комуницираше најмногу, излеговме надвор околу 4-5 сабајле, ладно беше, влеговме во две коли во првата беше Музафер, Кешишев и уште еден колега Ријад мислам дека беше, во другата кола бевме јас, началникот Данчевски и Дени што работеше на опожареното возило.

Стигнавме накај Бразда, не шеташе, застанавме на некоја височинка, рече овде сакаше Палчо да прави некаков објект, реков кажи за што дојдовме, биди поконкретен, соземи се. Музафер ќе го тргнеше на страна, се шушкаа на страна. Тргнавме, јас пак да тргнам не знам таму да отидам, а Дени вика одиме кај што е запален Цитроенот. Како што дојдовме, навистина, излеговме од кола, таму беа остатоците, запалената трева. Штом сте дошле до овде, рековме да каже што е, тој му викал цело време се плашам ако дознае Плачо, има многу луѓе по полиција, ќе ме убие, ќе му кажат они, тој му викаше не се плаши.

Отидоа понапред , Музо рече ај да одиме понапред, да одиме на тој ридот горе. Влегоа во кола, тргнавме нагоре, по пат одевме по асфалтен пат, тука ги оставивме колите, имаше земјен пат и тргнавме нагоре, одеше прв Музо со Кешишев, ние позади и дојдовме на еден пат што се дели. Се поделивме, они отидоа лево, ние десно. Идевме, бараме не знам што бараме, мисле дека бараме некој леш ама немаше ништо. Како ќе најдеш кога е голема површина и не знаеш што бараш.

Помина пола саат, се слушнавме со овие, се најдовме доле. Рече дојдете по мене, го фативме левиот крак, на 500-600-700 метра и тој како дојдовме таму не зборее со глава покажуваше. Ние земавме да копаме, да растргнеме. Пак покажуваше со глава, земавме јас, Дени, а имаше да дојдовме до нешто како прекривка, некои перници и јас и Дени ги тргнавме тие перници, некоја мушама расфрлани, куфер некој, ги тргнавме и видовме доле некои дрва, ровка беше земјата. Копаме тука, пропаѓа како копаме, а Музафер и кешишев стојат на страна, Кешишев нејќеше ни да гледа со грб беше свртен и дојде Музо рече овој вика може да е маленкото, кое маленко, девојчето Вања… Продолживме со копање, го викнавме и Кешишев да копа со нас, дојде копаше со нас и се тргна пак на страна и Музо почна да збори со него на страна. Баравме лопати, ние не бевме спиени со денови, немаше сила да копаме, отиде еден колега од селото донесе лопати и Кирчо началникот копаше и одеднаш гледаме нешто бело… Застанавме да не направиме некоја штета на телото, бевме во шок солзи ни идеа на сите.. Известивме, му се јавивме на Бубевски, на директорот на судска медицина, сите претпоставени старешини… Им се јавив на колегите други, во меѓувреме го донесоа Веља од Велес, имавме друг тим што го пречека Веља за разговор. Им се јавив дека го најдовме девојчето, разговарајте видете нека ви каже што знае Веља. Музафер разговараше со Кешишев и му рекол знаеш ли кој беше со нас, Боре некој, каратистот, не го знаеш. Началникот се јави кај началникот во Велес да го најдат кој е Боре Каратистот и да се обезбеди да се донесе во Скопје. Дојдоа сите од судска медицина, ОЈО, не знам кој се уште не. Телото се подигна.

О – што најдовте на местото кај телото, дали беше нешто чудно?

д- девојчето беше како живо, рацете ѝ беа врзани позади со стеги исто и носете и имаше уста на ленатат. Други знаци на насилство немаше, беше буквално како жива.

д – кога се вративме назад, колегите ми кажаа дека Веља им кажал за друго тело, за Панче дека е закопан и дека ќе им го покаже телото. Тоа тие го откриле со него. Пред да отидат да разговараат, ние со Веља разговаравме исто, откако се вративме назад.

О – што ви кажа Кешишев кога веќе дојдовте до телото на Вања, што ви рече, како дошло до тоа телото на Вања да биде тука закопано во дупката, дали ви појасни нешто?

д – сите кажуваа, тоа се нивните искази дека по насоки на Палчо работеле, дури еден од нив рече тоа беше одлука на Палчо, јас не можам да знам што има во неговта глава, тоа сум го слушнал од нив. Веља опишуваше каок отишле, што правеле, зборам за делот за Вања ни го кажуваше.

Судија – ме интересира како стигнавте до телата

д – ви кажав, со Кешишев, не знам што не ви е јасно

Судија – за Панче како стигнавте до телото

д – колегите го земаа Велими со колеги од Скопје и Велес, ова ви го прекажувам од нив, јас не бев тие ми кажаа, тој ги носел до некои како грмушки, тука им рекол да копаат, било многу длабоко, викнале други полицајци од Велес, имало и камења бутано внатре, го најдоа таму и Панче и на тој увид пронашле и една чаура, така доаѓаат до Панче
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.722
Поени од реакции
36.589
П – дали се сеќавате на оваа фото-документација број 1306/2024 екомуникација меѓу вас и обвинетиот александар?

му го покажуваат документот

д – да, моја комуникација

п – во однос на цитроенот, што беше чудно, кажавте дека е чудно, на 02.12 во 11.02 минути александар ви пратил слика од цитроенот?

д – точно е дека ми прати

п – дали на истиот дeне го лишивте од слобода велибор манев во велес?

д – вечерта можеби беше тоа, таа порака е испратена, а лишувањето на Велибре е подоцна, вечерта беше

п – кога беше донесен Велибр манев во скопје во ПС Пролет?

д – ноќта, точно време не можам да ви кажам, еден-два часот

п – дали присуствувавте на испрашувањето?

д – не, јас утредента го видов, кога се вративме од Бразда

п – дали се сеќавате на исказот на Велибор манев при испрашувањето?

д – на делови кај што бев јас да

п – ќе може попрецизно да соопштитe сомневања дека, што слушнал каko исказ од обвинетиот Велибор Манев?

д – утрото рече дека спиел во тој објект, станал околу 5.30, Кешишев отишол да земе бензин од Макпетрол пешки, после сте отишле сите заедно четворицата некаде во Радишани каде Цитроенот бил препаркиран, тој не го оставил таму, го оставил на паркинг позади политичката партија, рече они го препаркираа и сабајчето отидовме во Радишани, тргнавме накај Центар

п – околноста александаr и палевски комуникација ако може подетално заа информацијата за комуникацијата

д – тоа не траеше долго, на нашето прашање како знаевте дека девојчето ќе биде само, анализиравме дека децата стално одат заедно во школо, кога прашавме како знаевте дека ќе биде сама, рекоа Палчо ја имал информацијата од таткото

судија – поставувате прашања за информативен разговор, не можат да се поставуваат прашања за тоа

п – на трети кога е однесен да даде исказ во обвинителството Велибор Манев има исказ дека само сум ги познавал роителите, но не и дека сум комуницирал „претпоставувам Палевски ги познава родителите“ тоа е исказ, дали велибор го спомна името Александар во полициска станица?

д – не се сеќавам, мислам дека викаше со таткто, не со име

п – освен сомневањето, пронајдовте било каква комуникација меѓу александар ѓорчевски и палевски?

д – НЕ

п – дали ги прашавте обвинетите при разговорот дали постои засолниште за маолетната жртва вања ѓорчевска, дали подготвиле засолниште

д – не сме ги прашале

п – ако нема засолниште, не е коментар увод е (кон судијата). Вие не сте се сомневале дека Вања е убиена, зошто?

д – ви објаснив два саати

п – зошто тогаш кога сте се раздвоиле на двата пата кажавте дека сте очекувале леш

д- панче го очекувавме

п – имате одлично ивестување до ОЈО од 12 јануари, вие сте потпишани и дали ви е позната службената белешка 2532 од 07.12 за хотел романтик, во врска со камерите?

д – не се сеќавам стварно

п – дали некој од вашите оперативци воопшто ја читал оваа службена белешка

д – тоа е материјал претпоставувам од колегитe од Велес, не е мој материјал тоа, не постапуваме за Велес ние

п – предадена ви е на 13 декември

судија – кажа дека не знае

п – дали добивте одговор кога е копана дупката за вања

д – да

п – кој е одоговор, кога е копана?

д- еднаш беше дека е тогаш, тој ден на 27ми кога биле горе, не знам дали се колебал и претходниот ден не се знаеше дали доаѓале

п – дали ова тогаш значи 27.11?

д – да

п – дали воопшто ви беше познато дека во велес со службена белешка е констатирано три лица учесници во грабнување?

д – не се сеќавам

п – дали мене ме видовте на било која камера?

д – да

п – на која?

д- на камерите од Сјеф Сити на неколку локации од Скопје, се гледа лице

п – дали утврдивте кога осомничените возила по убиството на Панче влегле во Град Скопје?

д – ние го истражувавме убиствово на Вања, а кога е утврдено, трипати има влез во скопје цитроенот на 24ти, 25ти и 27ми, а кангото има само во скопје

п – прашањето е за 22.11 денот на убиството на Панче

д- не го гледав тоа не се сеќавам

судија – од каде знаеме кога е убиството на панче?

п – од обвинението

п – дали за патувањето во белград ви спомнале каде сум престојувал

д – не од колегите од белград

п – во доказите стои точно секторот за меѓународна размена има неколку информации до вас за мојот пат до белград, дали ви пратија и каде престојувал палевски во белград?

д – не се сеќавам, имавме информации за границата и исплата на средства од Швајцарија во два-три наврати, а тоа ни потврди и адвокатот Васко бидејќи сте му барале пасош заради ограничување на средства што може да ги примите и тоа беше потврдено

п – дали се сомневавте дека јас бегам?

д – ние за вас ви кажавме као дојдовме до вас, бевте недостапни, тоа се факти

п – дали се сомневавте?

д – дознавме кога се беше зваршено, немаше што да се сомневаме

п – како утврдувате идентитет на лице од уреди кои со закон регулираат идентификација на возила

д – фотографиски само, по фотографија, тој систем може да направи фотографија и да направите увид

п – дали пораката за која ве прашав веќе за цитроенот од александар, дали се покажа за точна, дали е точно тврдењето на александар?

д – се покажа дека е точно

п – и тоа е сомнително за вас кога родител пронашол и се посомневал дека е овој цитроен?

д – многу коли поминаа, што ви е прашањето?

п -дали тоа беше сомневање за александар?

д – помеѓу другото беше, зошто би ја посочил таа кола

п – дали се сеќавате дека пред вас се повикал на влатко кешишев обвинетиот велибор манев во врска со разговор меѓу палевски и александар?

д – не се сеќавам

п – освен тврдењата на обвинетите, кое е сомневањето дека јас сум оганизатор?

д – за тоа има судење, нека се види

п – дали воопшто во предистрагата се појави било какво барање за откуп?

д – не

п- дали било каков контакт е сомнителен е воспоставен со родителите на вања, обид за откуп?

судија- веќе е одговорено

д – немаше

п- успеавте да докажете комуникација меѓу мене и александар?

д – НЕ
Страшевски: Дали од страна на Александар и Гоце ви се доставувани материјали?

Судија: Одговорено е прашањето, колегата не беше присутен до сега.

Страшевски: Дали материјалите од Александар и Гоце ги заведовте некаде?

Дејан Димовски: Јас не сум добил такви материјали од Гоце.

Страшевски: Дали материјалите од Александар се некаде заведени?

Судија: Не се дозволува прашањето, се опоменува бранителот да го почитува редот во судницата, ќе добие парична казна.

Обвинител: Приговарам, комуникацијата е фотодокументирана и приложена во листата на докази.

Страшевски: Прашав дали службено ги завеле.

Дејан Димовски: Што да заведам, тоа се неформални пораки.

Страшевски: Дали имате составено барем службена белешка?

Судија: Одговорено е прашањето

Дејан Димовски: Тие битни комуникации што сметало ОЈО дека се битни и било известено се фотодокументирани, што повеќе евидентирање од документирње на тие комуникации?

Бранителот го праша началникот и дали Палевски на снимките од безбедносните камери е забележан заедно со осомничените, или одвоено во некои одделни снимки.

Страшевски: Дали на камерите кадешто го утврдивте Палевски е некаде виден заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Видете, тие фотографии им ги покажавме на нив, да, по кажување дека се они.

Страшевски: По кажување, или вие го видовте дека е заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Во возилто се гледаат две лица, не можат да се видат сите, не се гледа дали има лице позади.

Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?

Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.

Бранителот на Палевски праша и дали е направена парафинска ракавица, по што судијата не го дозволи прашањето бидејќи истото беше поставено претходно во периодот кога Страшевски се уште не беше пристигнат во судницата.

Страшевски: Дали, на осомничените им имате направено парафинска ракавица?

Судија: Одговорено е прашањето
О – што ви е вас Зорица?

м – внука од брат

о – кој ве извести за настанот со Вања?

м – Ме извести Зориза, рече ми ја нема Вања

О – што направивте вие

м- ја прашав како ја нема, рече последниот сигнал од телефонот бил кај Силбо, а јас у близина живеам и отидов со точакот да барам

о – таму бараше ли некој друг?

м – ја видов таму колата на Сашо

о – каде беше Сашо (александар?)

м – беше во кола, имаше со него полицаец еден, го прашав што е работата рече ако е утепана Вања, ќе се утепам и јас

о – бараше ли некаде александар?

м – не искочи он од колата после си замина со колата

о – вие продолживте да барате?

м – да, вртев тука крувоги

о – ви беше ли чудно однесувањето на Сашо?

м – чудно ми беше, си отиде

о – после тоа се видовте ли во текот на денот со Сашо?

м – во текот на денот бевме во станот на Зорица, таму се видовме и после веќе не

о – зорица од кога живееше во тој стан?

м – летото го реновираше, јас ѝ помагав, децата сакале таму да живеам, од една собра две направивме за децата

0 – тој стан беше сопственост на зорица?

м – јас цело време знам дека е на зорица

о – ги баравте ли камерите?

м – не јас со точакот бев низ скопје

о – ве праша ли александар нешто дали најдовте?

м – не, ние баравме тука него го снема
Текстовите се преземени од https://puls24.mk/
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.424
Поени од реакции
13.475
Каратистот некако најмалку се спомнува, која му била улогата на него?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom