Бедни сме што сме нестрпливи, и на нероден петко му кроиме капа, треба да чекаме да завшри целиот процес, кој е јавен, сите докази да излезат на површина, па тек тогаш, нарочито за ваков многу премногу осетлив случај, да влечеме заклучоци и да дадеме став базиран на све што црно на бело ни е и нам приложено.
Прашања на за кои ја имам интерес некаков да добиеме одговор се следниве:
1.Врз база на што таткото толку време беше во притвор и како е поврзан со ова, и дали воопшто е поврзан и има цврст и непобитен доказ дека и он бил дел од ова. Последно што гледам е дека он возел по Качанички пат, пред да биде решен случајот, што им давало индиции на МВР подоцна дека знаел каде е она, бар од прилика, иначе зашто би возел баш по тој пат, неговото објаснување било дека можно е да била изнесена од државата (истиот пат е и накај селото Бразда). Плус, пратил порака во погрешна група на Фејсбук/месенџер, група која била за родителите најверојатно, колку пари треба да се плати, па потоа приметил и ја избришал. Ова го потврдиле и други родители, па останува прашањето, кому всушност он сакал да ја прати таа порака?
2.Врз база на што е заклучено дека Палчо е тој кој ја ликвидирал, значи знаеме дека и он бил дел од оваа група, но како е дојдено до заклучокот дека он ја ликвидирал, дали само поради тоа што е посочен од останатите, или има нешто друго? Сега за сега имаме X eгзекутор, само изјава на еден или останатите не е цврст доказ.
3.Зашто воопшто се решиле да го убијат девојчето, која е користа од сето тоа, логиката и слично, кога и самите барем до толку се паметни за да знаат дека киднапирање е едно, 2 убиства се нешто сосем трето, и ќе го јадат и во наредни 100 животи поради тоа, поготово зашто убиле и дете.
Се надевам ќе добиеме одговори на овие прашања следниот период, сега за сега такво нешто немаме, ама па не мора да влечеме одма заклучоци додека све не биде исцртано.
Едно е сигурно, постојат докази црно на бело дека они се директно вмешани, ги има на камери, ги има во возилата од кои едното е украдено од убиениот велешанец, дадени се локации директно од нив каде се закпоани двете тела, ова последново, во пакет со видео записите од украденото возило, се непобитни докази дека они се директни извршители и функционирале како група.
Сепак, треба да се знае и кој е егзекуторот тука ако воопшто е можно да се дојде до тоа со 100% сигурност, фактот што прво убиле еден човек, и после тоа истата група сеуште заедно функционирала исто така многу говори, ниту еден од нив не се поколебал, да рече чекај бе, мајка барам ја тука, убивме човек, не беше тоа планот, нормални ли сме и што уште не, не, сеуште сите биле заедно, што пак ќе кажам, многу работи доловува и овој момент.
Зашто нели имаше и претпоставки дека наводно Палчо од нигде никаде сам реагирал изненадно и ја застрелал, па овие биле затечени, ама малце внимание добива и овој момент, дека претходно веќе сите учествувале во друго убиство. Без разлика кој бил егзекуторот, они сеуште си се држеле заедно и учествувале во уште едно киднапирање и се воделе според планот, каков и да бил тој план, а со оглед на тоа дека убиството на велешанецот ниту еден од нив не поколебало да се повлече, исто, многу нам треба тоа да ни каже за какви луѓе станува збор, монструми.