Сосема случајно на почетокот на 2024 година се најдов во муабет помеѓу двајца од поголемиве дистрибутери на прехранбени производи низ Македонија, кој кажа дека само во 2023 година Ројал рестораните - ако не грешам ги има само 2 (ДВА) во Скопје - оствариле чиста добивка од 1 (ЕДЕН) милион евра.
Ако со само 2 (ДВА) ресторана во градов успеал типот да оствари 1 (ЕДЕН) милион евра чиста добивка за само година дена, тогаш повеќе од очигледно е дека рајава не се двоуми и не жали кога ја стрижат за ситници, а и` наплаќаат како за копмплетен третман за убавина заедно со маникир, педикир, па дури и како за масажа со хепиенд.
Значи ние будали бевме кога си носевме сендвичи од дома на училиште и на факултет, па не само на училиште и на факултет, и на работа ако планираш трошоците за доручек или ручек да ги сведиш на минимум.
Ма да во наше време најскапи јадења во сендвичарите беа хамбургерите и пилешките стекови кои ги продаваа по цени од 50 или 60 денари, тостовите беа ситници кои ги продаваа по цени помеѓу 30 и 40 денари, или 45 денари со помфрит, бурекот исто така никогаш не достигна цена повисока од 50 денари за четвртина или повеќе од 35 денари за симит со празен бурек или повеќе од 40 денари за симит со бурек со месо или со сирење.