Фан клуб - РК Вардар

Член од
31 јануари 2014
Мислења
397
Поени од реакции
1.156
Вуко со пола снага 6 комада
Од трибина изгледаше дека Вуко во второ едвај стои на нозе. Гинеше во одбрана, во напад ефикасен, сепак играч од негов калибар со ваков противник може и на искуство да изигра топ натпревар. Петрич околу 45 минута сам побара замена и веќе не влезе. Одлично е тоа што со Вуко полека враќаат форма, после повредата на Хориха и двајцата ни се потребни на максимум. Во моментов кај нив нема повеќе од по 20 минути квалитетна игра со посилен противник и повисок интензитет на игра.
Еспиња денес на потребно ниво, би го издвоил и холанганецот во офанзива. Добри отворања, прифати неколку тешки додавања кои завршија со гол или пенал. Погоре имаше коментар за Маргели, делува сеуште невоигран, на моменти дури и отсутен. Кога имаше 3-4 позиции за влез додава до Гоце, кога е со човек на грб наместо да продолжи топка на крило се крева на шут. Ќе биде таму проблематично до крај на сезона. На другите позиции стандардно. Во глобала исто така стандардно - со посилен противник ќе се средат во глава, се гине на терен и се победува, после тоа ќе дојдат на дневен ред Бутел, Пролет и некој сличен на нив па ќе тарашкаме по фиоки за дијазепам.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
613
Поени од реакции
3.307
Горига се враќа за 2, 2.5 месеца најверојатно, таман коа ќе се врати е и пауза за ЕП, па ќе има доволно време да влезе во ритам за втор дел и за плејофот… најавите се дека веќе се преговара со среден бек за втора полусезона, би требало да дојде екстра класа играч, ама во секој случај има време до втора полусезона, мора да се изгура добро со овој состав да не сме во позиција ние да бркаме во плејоф…
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
2.444
Пријатно ме изненади Вардар,одлично изиграа,ги растурија исланџаните на чело со голманон-провокатор.Падот шо го имаше беше непотребен и тоа од три работи,промашените пенали,играта со играч повеќе и нормално двете исклучвења за приговорр на Мечка и Вуко.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.635
Горига се враќа за 2, 2.5 месеца најверојатно, таман коа ќе се врати е и пауза за ЕП, па ќе има доволно време да влезе во ритам за втор дел и за плејофот… најавите се дека веќе се преговара со среден бек за втора полусезона, би требало да дојде екстра класа играч, ама во секој случај има време до втора полусезона, мора да се изгура добро со овој состав да не сме во позиција ние да бркаме во плејоф…
Ова за средниов бек ти е инфо од клубот, или чаршиски причи?
 
Член од
13 август 2019
Мислења
613
Поени од реакции
3.307
Ова за средниов бек ти е инфо од клубот, или чаршиски причи?
Не се чаршиски муабети, свесни се дека со Марио и со Крсманчиќ не може да се игра цела сезона, поготово не кога ќе се решаваат титулите.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.101
Поени од реакции
3.847
Прва европска победа сезонава за било кој македонски клуб и да се множат. Рејтингот е доста паднат, па еве Вардар нека тргне вака и нека освои уште бар 3 победи да обезбеди 1/8-финале во овој куп. :cool: Добро е што утакмицата со Мелсунген дома е во последно коло, кога на нив веројатно нема да им значи утакмицата.
Цепелинот врв! :cuc:
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.834
Поени од реакции
7.257
Конечно европски ракомет, имаат некој посебен шмек натпреварите, целата атмосфера во сала, навивањето, притисокот од трибина, дефинитивно ни фалеа вакви натпревари изминативе две години.

За прво коло и отварање имавме противник по мерка, искрено и се изненадив колку лесно ги решивме уште во прво полувреме, ептен слаби биле овие Валур, наликуваат на екипа од наша суперлига, некако спори, млитави, физички не можеа да ни парираат.

За нашиот ростер останува тоа што го знаевме уште пред сезона, фали среден бек, организатор што ќе ја крене цела екипа, супер ќе биде ако стварно потпише некој квалитетен на полусезона, тоа може да биде и клучот за титула.

Борозан уште еднаш потврдува дека е играч од светска класа, имам впечаток дека голем дел од времето игра во прва брзина, без многу замарање, на моменти кога ќе запне нема одбрана за него, вчера така влезе во натреварот, со 3/3 за 7 минути, овие Исланѓаните делуваа како мали деца во споредба со него, како тенк ги разбиваше, мислам дека и ние уште не сме свесни какво засилување добивме.
Мечка како и секогаш одличен во два правци, со некој подобар разигрувач би се истурил од голови, истото важи и за Коиј, ретко добива пофалби, а искрено си врши добра работа, како пикер за ротација е одличен.
Еспиња со најдобра негова партија во Вардар, вакво нешто и очекував кога потпиша, мислам дека во иднина ќе гледаме повеќе вакви натпревари од него, се гледа дека е добар голман, му одговара и атмосферата, сака да игра пред ваква публика, верувам дека за брзо ќе ни стане миленик, вчера после секоја интервенција се палеше, скока, крева раце накај трибина...

Десната бековска позиција може да биде проблем, овој Маргели ќе направи еден добар потег и следуваат 5 грешки од него, проблем му е што нема играно никогаш европски ракомет, некако делува ракометно неписмен, знае само да игра некој сељачки ракомет, без тактика, често избрзува со непотребни шутеви, ќе се залета како бик и во прв налет на нападот кога има поставена цело одбрана пред него ќе шутне од 9 метри, многу пати прави и пробивање, грешка во додавање итн.
Ќе видиме дали со тек на време ќе има напредок, во вториот дел од сезоната такви технички грешки од негова страна може многу да не коштаат.
Со Томи не знам што се случува и зошто не беше во состав, кога се дискутираше тука за негово останување јас бев еден од тие што сметав дека треба да го задржиме, сега како поминува времето некако ми се менува мислењето, не очекував од него да стане Лазаров ама очекував барем некаков напредок, кај овој абер нема, на физички план е ист 5 години, никаков напредок, често делува и како несериозен на терен, треба озбилно да се размисли дали заслужува уште шанси во Вардар.


Групата е тешка, сепак мислам дека со сплет на околности и малку среќа може да поминеме, натпреварот со Порто дома на 22 Октомври може да биде клучен.
Добро е што последната со Мелсунген ја играме дома, најверојатно до тогаш ќе го имаат зациментирано првото место во група, ќе нема потреба да се замараат, може Парондо да направи некоја ротација повеќе, ќе части Столе кафана после натпревар.:D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.643
Поени од реакции
4.248
Судејќи по тоа како ги шитнаа Работнички за една година... не е ова спонзор од големо значење за клубот. Се надевам на газда слично како кај фудбалскиот тим, тука бар би требало таа работа да оди поглатко.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.635
Судејќи по тоа како ги шитнаа Работнички за една година... не е ова спонзор од големо значење за клубот. Се надевам на газда слично како кај фудбалскиот тим, тука бар би требало таа работа да оди поглатко.
Ова е еден од спонзорите кои одвојуваат одредена сума пари за спонзорирање на РК Вардар.Нешто слично како и Адмирал во Фк. Не се они газди. И нормално важно е каков договор е направен со нив, за да не може коа сакаат да напуштаат спонзорство. Се надевам ќе се зголемува бројот на спонзори а со тоа и нашиот буџет. После тоа небото ни е граница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom