Ни одговара резултатот во Португалија, со некој добар сплет на околности, со три победи дома би ја минале групава. Секако, од сегашна перспектива, триумфи над Порто и Мелсунген се научна фантастика.
Сепак, Порто можеби може да падне на атмосфера. Се изненадив дека имаше доста публика денес, со оглед на тоа што забегаа со цени на карти и се доста слаби на поле рекламирање на утакмици.
Со Порто мислам дека ќе биде ко во старите времиња, плус нареден ден играме фудбалски куп со Тиквеш, ќе се сврзе добра најава.
Слаб противник беа Валур. Голем дел од одбраните на Еспина се должеа на добрата одбрана или слабиот напад на исланѓаните.
Борозан засега игра добро, веројатно што знае да потроши некоја топка, се должи на тоа што немаме среден бек и он е тој што ја води екипата.
Во моментов Јапан би ја кренал екипава за 100%, само не знам каква е шансата некогаш да го вратиме кај нас. Дури и пред Карачиќ би го земал во моментов. Не дека не сакам Кара да се пензионира во Скопје, ама сепак... Најдобро и двајцата
Многу просечни бекови имаме, само Вуко е класа, само до кога ќе тера со здрав разум. Реално, со ваков состав веројатно би освоиле некаде меѓу 0 и 6 бода во ЛШ, далеку сме од некаков европски крем. Имаме дупки во играта во секоја утакмица.
Гоцка да го пофалам дека откако се врати кај нас, игра на врвно ниво.