- Член од
- 17 април 2024
- Мислења
- 645
- Поени од реакции
- 1.554
Според мене и Горига, ама за жал се повреди...Многу просечни бекови имаме, само Вуко е класа
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Според мене и Горига, ама за жал се повреди...Многу просечни бекови имаме, само Вуко е класа
Од трибина изгледаше дека Вуко во второ едвај стои на нозе. Гинеше во одбрана, во напад ефикасен, сепак играч од негов калибар со ваков противник може и на искуство да изигра топ натпревар. Петрич околу 45 минута сам побара замена и веќе не влезе. Одлично е тоа што со Вуко полека враќаат форма, после повредата на Хориха и двајцата ни се потребни на максимум. Во моментов кај нив нема повеќе од по 20 минути квалитетна игра со посилен противник и повисок интензитет на игра.Вуко со пола снага 6 комада
Горига се враќа за 2, 2.5 месеца најверојатно, таман коа ќе се врати е и пауза за ЕП, па ќе има доволно време да влезе во ритам за втор дел и за плејофот… најавите се дека веќе се преговара со среден бек за втора полусезона, би требало да дојде екстра класа играч, ама во секој случај има време до втора полусезона, мора да се изгура добро со овој состав да не сме во позиција ние да бркаме во плејоф…
Не се чаршиски муабети, свесни се дека со Марио и со Крсманчиќ не може да се игра цела сезона, поготово не кога ќе се решаваат титулите.Ова за средниов бек ти е инфо од клубот, или чаршиски причи?
Ова е еден од спонзорите кои одвојуваат одредена сума пари за спонзорирање на РК Вардар.Нешто слично како и Адмирал во Фк. Не се они газди. И нормално важно е каков договор е направен со нив, за да не може коа сакаат да напуштаат спонзорство. Се надевам ќе се зголемува бројот на спонзори а со тоа и нашиот буџет. После тоа небото ни е граница.Судејќи по тоа како ги шитнаа Работнички за една година... не е ова спонзор од големо значење за клубот. Се надевам на газда слично како кај фудбалскиот тим, тука бар би требало таа работа да оди поглатко.
Подобра опција од Јагуриноски е малиот.Стаменковиќ мушки играње, браво!