Им фали сигурноста во животот и општеството.
Можеби им фали, но не верувам дека им недостига, не сакаат да се декларираат себеси како Балканци - иако иронично го имаат кристално истиот балкански менталитет навлечен на криминал и корупција - туку се декларираат себеси како централноевропејци, порано Белград им беше душманот кој им диктираше што и како треба да прават, затоа денес се крстат во несветото тројство Берлин-Брисел-Вашингтон.
Да ти бидам искрен, и` направиле услуга на Југославија со тоа што изгласале независност, два проблема помалку за решавање.
Проблемот е тоа што и ние сме го следеле нивниот пример, и еве затоа денес блескаме.
Да ти ветуваат независна држава, а да не направиш проста математика околу тоа што произведуваш, увезуваш и извезуваш денес, а што ќе произведуваш, увезуваш и извезуваш утре во независна држава и како ќе опстојуваш на економски план од утре во таа независна држава, говори дека си политички незрел за воопшто да имаш право на глас, а не па за да имаш право за да гласаш за или против независност.