Па пре би ти го поставил тебе ова прашање за претходниот пост. Не знам како не разбираш дека за да си ја земеш платата постои човек кој го обработува тој налог за плата, за да користиш картичка на банкомат се користи пластика за изработка, за да платиш сметка или да извадиш пари од шалтер ти објаснив претходно што како, и како сакаш некој да не ти наплати за таа услуга? А да не зборам што сега све е олеснето со е-банкарството и искрено не ни мораш да се појавиш у банка освен кога ќе подигаш картичка, мада и тоа наскоро ќе го направат да ти стигаат на домашна адреса картичките. Мене годишно за сите услуги ме фаќа околу 20 евра се на се, зборам членарина за картички, одржување сметка, е-банкарство, па јас мислам дека 1 евро месечно во просек и не е баш многу, не? Да не зборам колку гориво и време штедам што функционирам електронски, сметки, налози, менувачница, се правам онлајн. Без навреда ама ти си изгледа од оние луѓе што на први одат и ја вадат цела плата од сметка, се акаат со 20-30 илјади у новчаник насекаде, трошат еден куп време за да одат на 20 различни места да ги платат сметките и цело време пцујат по државата и системот и мислат дека некој ги краде.
Нема везе да не тупиме апла сме оф топик, како мислиш така нека е, јас пробувам само да ти доловам од лице место во врска со банките дека не е така.