Прашање за Христијанството III

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
113
Нешто беше со великомученици.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
Нешто беше со великомученици.
Кога се благословува лебот/погачата, свештеникот изговара серија од молитви, а меѓу нив е и изразот кој си го навел. Начелно, молитвите зависат од намерата и потребата ради кои верните носат леб/погача во црква или дома, за да биде благословена од страна на свештеното лице.
 

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
113
Мислам дека е оваа
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.292
Јас го имам најважното прашање:
Дали луѓето живеат во последните часови на земјата и дали се наближува крајот на светот и царството небесно?
- Според моето видување, имам да ви кажам неколку работи:
- Имам некои визии кои ми се јавуваат во сон, имам предвидено работи и ми се случиле
- Сум размислувал за пари, лакомост и во исто време сум одел во црква што е погрешно сосема
- Се гордеев, но пополека ја гаснев горделивоста и почнав да се покорувам кон Бога
- Сум се правел безгрешен, но сега се каам за гревовите што сум ги сторил, но некои биле несмислени и без да сакам да ги сторам.
За Овие работи ги слушнав дека ако некои ги прави се ближат крајните денови и судот божји. Исто така разбрав за Антихристот и тоа како ќе бидат луѓето со печат и тие на судниот ден ќе бидат уништени одма.
И имам уште едно прашање: Кој е антихристот? Кој е моментално неговиот претставник?

Бонус:
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
64
Поени од реакции
47
За назиреите и левитите е пишано дека не треба да пијат алкохол (не да се опиваат, туку да не користат). Самсун не се придржувал кон принципите, па ги сносел последиците.
Христос, Месија исто така не требало да користи алкохол, дури и на крстот, во агонија и маки одбива да пие оцет.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.113
Поени од реакции
10.138
Дали некој знае, зошто во македонските манастири не се наплаќа за влез?
Илјадници луѓе секојдневно одат да го посетат манастирот во Црна Гора на Василиј Острошки, плаќаат по 1 евро влез, спијат под ведро небо и му се молат за помош...а ние имаме прекрасни манастири, исто така посветени на исцелители, чудотворци, ете го св.Наум Охридски, прекрасна градба на карпа поред езерото......
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.113
Поени од реакции
10.138
@PROROKOT ај удостоиме со одговор.
Дали нашиве свештени лица не ги бива за верски туризам или пак не можат да се договарат со државава како да ги делат парите.
Секојдневно илјадници евра се слеваат во манастирот св Василиј О......зошто и нашиот поубав манастир св.Наум да не добива финансиски средства со кои многу работи можат да се средат!?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
@PROROKOT ај удостоиме со одговор.
Дали нашиве свештени лица не ги бива за верски туризам или пак не можат да се договарат со државава како да ги делат парите.
Секојдневно илјадници евра се слеваат во манастирот св Василиј О......зошто и нашиот поубав манастир св.Наум да не добива финансиски средства со кои многу работи можат да се средат!?
Најнапред, зависи што подразбираш под поимот „верски туризам„.

Еден професор на „теолошки„, нема да го именувам (често организира поклонички патувања), во една прилика посочи дека огранзирани посети од верници на свети места односно на места каде е чуваат мошти од Светители, постојат уште пред векови (!). Значи, тоа е верски туризам: посета од верници на свети места или на Светии.

Манастирот Острог е токму такво место (Св. Василиј Острошки е чудотворец, неговите мошти се наоѓаат во именуваниот манастир), така не гледам зашто си зачудена за неговата масовна посетеност.

Во „нашата земјата„ не се решени купишта други проблеми, особено не оние од секојдневното живеење и потреби а не пак да развиваме верски туризам.

Таков облик од туризам треба да огранзира и благословува самата Црква (по примерот од веќе споменатиот професор), оти таков е редот во самата Црква-не може било кој, кој е потчинет „под вертикала„ да работи нешто „на своја рака„. без да добие благослов за неговата намера од повисоките чиновници во Црквата.

Од друга страна, постои една чудна затвореност кај нашите манастири, не сите, но дел од нив. На пример, немаш пролем да отидеш во „Бигорски„, тој е прилично отворен за посетители, но малку е проблем да отидеш во „Лесновски„.

Плус, само дел од нашите манастири чуваат мошти од Светители, така да посета на манастир, без вистинска животна потреба, се претвора во световен туризам.

Кога пред 7-8 бев до Св. Наум, ми се смрачи-манастирот е ограден со средновековен ѕид (???), затворен, ограничен, а во опфатот од дворот се поставени несоодветни содржини...

Ќе размислам дали ќе отидам повторно на тоа место...

П.С.

Пред повеќе години, еден вероучител (од Скопје, сега веќе е свештеник), редовно организираше вернички посети по нашите манастири. Со години не забележувам нечија таква акција, од друг организатор.
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Од убавините на христијанството издвојуваме:
„Нема потреба да тагувате! Имаме се. Добивме повеќе отколку што заслуживме. Имаме повеќе отколку што заслужуваме. Фали Бога, не барај ништо од Него. Слава Ти Господи, живеам!
Сите имаме милион причини да кажеме: „Слава Ти Господи, слава Ти! „
„Ако Господ те стави во нешто, Тој ќе те изведе преку тоа.
Во среќни моменти фалете Го Господа,
Барајте Го Господа во тешки моменти,
Во тивките моменти поклонете Му се на Господа,
Во болни моменти верувајте во Господа,
Фала му на Господа во секое време!
„Не плашете се, Јас сум Првиот и Последниот, и живиот.
И јас бев мртов и еве сум жив за секогаш и во векови, амин. „
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.463
@PROROKOT што мислиш за вознесението? Не сум сигурен дали во св.Писмо сретнав такво нешто, дали идејата дека душите ќе се вознесат на небесата заедно со физичките тела е само идеја на некои протестантски субденоминации?
Освен ако нема нешто во Откровението, тоа е чудно поглавје...
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
@PROROKOT што мислиш за вознесението? Не сум сигурен дали во св.Писмо сретнав такво нешто, дали идејата дека душите ќе се вознесат на небесата заедно со физичките тела е само идеја на некои протестантски субденоминации?
Освен ако нема нешто во Откровението, тоа е чудно поглавје...
Под поимот „вознесение„ во неговата полна смисла, се подразбира само и само вознесението Христово, кога Он, со човечко тело, се вознесе/пренесе (од Земјава) на Небесата и седна оддесно на Отецот.

Кога обичен смртник се вознесува, тоа се случува само по исклучок и само ако Бог „изведе„ такво вознесување од смртникот, затоа што наведениот смртник се покажал достоен пред Бога за да (смртникот) навистина „види и чуе„ дека и надвор од овој Свет има поинаков облик и начин на битисување и живеење. Таков е примерот кој го наведува Св. Ап. Павле, или како што се случаите со старозаветните пророци (Илија, Енох...).
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2015
Мислења
64
Поени од реакции
47
Жива душа е спој на телото и животниот дух од Бог (Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа. Битие 2.7). При второто Христово доаѓање (судниот ден) ќе се вознесат на небото праведните мртви (кои Бог ќе ги воскресне) и праведните живи. Кога човек ќе умре телото оди во земја, животниот дух се враќа кај Бог (...и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде. Проповедник 12.7) . Душа како дух, како нешто мистично, како нешто непознато не постои.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
939
Поени од реакции
1.482
Јас го имам најважното прашање:
Дали луѓето живеат во последните часови на земјата и дали се наближува крајот на светот и царството небесно?
- Според моето видување, имам да ви кажам неколку работи:
- Имам некои визии кои ми се јавуваат во сон, имам предвидено работи и ми се случиле
- Сум размислувал за пари, лакомост и во исто време сум одел во црква што е погрешно сосема
- Се гордеев, но пополека ја гаснев горделивоста и почнав да се покорувам кон Бога
- Сум се правел безгрешен, но сега се каам за гревовите што сум ги сторил, но некои биле несмислени и без да сакам да ги сторам.
За Овие работи ги слушнав дека ако некои ги прави се ближат крајните денови и судот божји. Исто така разбрав за Антихристот и тоа како ќе бидат луѓето со печат и тие на судниот ден ќе бидат уништени одма.
И имам уште едно прашање: Кој е антихристот? Кој е моментално неговиот претставник?
Ауууу

Луѓе немој да паѓате у делириум , Христијанството е верување засновено на победа ,а не на пораз.

Јас не знам кој ве учи на вакви глупости.
Кога ќе видам , "судниот ден"...
Каков суден ден , какви бакраци , нема да не собира како на митинзи , не си прајте бајрам на паметот и немој да верувате на секташки работи.

Да , ќе не собира сите и со бројчиња ред ќе чекаме :vozbud: :vozbud:

Секој си има суден ден и кога е пишано , пишано е.

@PROROKOT
Ја и тебе те видов дека се распишува нешто , а ти некако си ми најрелигиозен овде..

Нели 2рото негово доаѓање е кога се појавува на 500те души и на Апостолите?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
@PROROKOT
Ја и тебе те видов дека се распишува нешто , а ти некако си ми најрелигиозен овде..

Нели 2рото негово доаѓање е кога се појавува на 500те души и на Апостолите?
Не ќе е така...

После воскресението, Христос им се појавува на Апостолите и им зборува за Неговото Царство Небесно, и Он (Христос, нели...) се појавува 40 денови по ред, се‘ до денот од Неговото вознесение. Нормално, И‘ се појавува и на Мајка Си, како на „помалите„ Апостоли.

Така, ако „броиме„, Христос не се јавил „втор пат„ туку барем 40 пати, но сето тоа е во меѓувремето од воскресението (Великден) до вознесението (Четириестница).

Второто, она вистинското „второ„ доаѓање Христово, ќе се случи на крајот од времето и од Светов, и тоа доаѓање Христово ќе биде битно поинакво од Неговото прво доаѓање, кога Он дојде како Спасител, а пак ќе дојде како праведен Судија.

Второто Христво доаѓање ќе биде придружено со мноштво настани, кои ќе бидат видливи за сиот човечки род, за разлика од првото, кога Он им се јави само на Евреите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom