Прашање за Христијанството III

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
93
Поени од реакции
95
Нешто беше со великомученици.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.286
Поени од реакции
4.409
Нешто беше со великомученици.
Кога се благословува лебот/погачата, свештеникот изговара серија од молитви, а меѓу нив е и изразот кој си го навел. Начелно, молитвите зависат од намерата и потребата ради кои верните носат леб/погача во црква или дома, за да биде благословена од страна на свештеното лице.
 

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
93
Поени од реакции
95
Мислам дека е оваа
 

Лаик

Калдераш
Член од
4 август 2018
Мислења
1.475
Поени од реакции
3.209
Јас го имам најважното прашање:
Дали луѓето живеат во последните часови на земјата и дали се наближува крајот на светот и царството небесно?
- Според моето видување, имам да ви кажам неколку работи:
- Имам некои визии кои ми се јавуваат во сон, имам предвидено работи и ми се случиле
- Сум размислувал за пари, лакомост и во исто време сум одел во црква што е погрешно сосема
- Се гордеев, но пополека ја гаснев горделивоста и почнав да се покорувам кон Бога
- Сум се правел безгрешен, но сега се каам за гревовите што сум ги сторил, но некои биле несмислени и без да сакам да ги сторам.
За Овие работи ги слушнав дека ако некои ги прави се ближат крајните денови и судот божји. Исто така разбрав за Антихристот и тоа како ќе бидат луѓето со печат и тие на судниот ден ќе бидат уништени одма.
И имам уште едно прашање: Кој е антихристот? Кој е моментално неговиот претставник?

Бонус:
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
44
За назиреите и левитите е пишано дека не треба да пијат алкохол (не да се опиваат, туку да не користат). Самсун не се придржувал кон принципите, па ги сносел последиците.
Христос, Месија исто така не требало да користи алкохол, дури и на крстот, во агонија и маки одбива да пие оцет.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.537
Поени од реакции
9.978
Дали некој знае, зошто во македонските манастири не се наплаќа за влез?
Илјадници луѓе секојдневно одат да го посетат манастирот во Црна Гора на Василиј Острошки, плаќаат по 1 евро влез, спијат под ведро небо и му се молат за помош...а ние имаме прекрасни манастири, исто така посветени на исцелители, чудотворци, ете го св.Наум Охридски, прекрасна градба на карпа поред езерото......
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.537
Поени од реакции
9.978
@PROROKOT ај удостоиме со одговор.
Дали нашиве свештени лица не ги бива за верски туризам или пак не можат да се договарат со државава како да ги делат парите.
Секојдневно илјадници евра се слеваат во манастирот св Василиј О......зошто и нашиот поубав манастир св.Наум да не добива финансиски средства со кои многу работи можат да се средат!?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.286
Поени од реакции
4.409
@PROROKOT ај удостоиме со одговор.
Дали нашиве свештени лица не ги бива за верски туризам или пак не можат да се договарат со државава како да ги делат парите.
Секојдневно илјадници евра се слеваат во манастирот св Василиј О......зошто и нашиот поубав манастир св.Наум да не добива финансиски средства со кои многу работи можат да се средат!?
Најнапред, зависи што подразбираш под поимот „верски туризам„.

Еден професор на „теолошки„, нема да го именувам (често организира поклонички патувања), во една прилика посочи дека огранзирани посети од верници на свети места односно на места каде е чуваат мошти од Светители, постојат уште пред векови (!). Значи, тоа е верски туризам: посета од верници на свети места или на Светии.

Манастирот Острог е токму такво место (Св. Василиј Острошки е чудотворец, неговите мошти се наоѓаат во именуваниот манастир), така не гледам зашто си зачудена за неговата масовна посетеност.

Во „нашата земјата„ не се решени купишта други проблеми, особено не оние од секојдневното живеење и потреби а не пак да развиваме верски туризам.

Таков облик од туризам треба да огранзира и благословува самата Црква (по примерот од веќе споменатиот професор), оти таков е редот во самата Црква-не може било кој, кој е потчинет „под вертикала„ да работи нешто „на своја рака„. без да добие благослов за неговата намера од повисоките чиновници во Црквата.

Од друга страна, постои една чудна затвореност кај нашите манастири, не сите, но дел од нив. На пример, немаш пролем да отидеш во „Бигорски„, тој е прилично отворен за посетители, но малку е проблем да отидеш во „Лесновски„.

Плус, само дел од нашите манастири чуваат мошти од Светители, така да посета на манастир, без вистинска животна потреба, се претвора во световен туризам.

Кога пред 7-8 бев до Св. Наум, ми се смрачи-манастирот е ограден со средновековен ѕид (???), затворен, ограничен, а во опфатот од дворот се поставени несоодветни содржини...

Ќе размислам дали ќе отидам повторно на тоа место...

П.С.

Пред повеќе години, еден вероучител (од Скопје, сега веќе е свештеник), редовно организираше вернички посети по нашите манастири. Со години не забележувам нечија таква акција, од друг организатор.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom