@PROROKOT ај удостоиме со одговор.
Дали нашиве свештени лица не ги бива за верски туризам или пак не можат да се договарат со државава како да ги делат парите.
Секојдневно илјадници евра се слеваат во манастирот св Василиј О......зошто и нашиот поубав манастир св.Наум да не добива финансиски средства со кои многу работи можат да се средат!?
Најнапред, зависи што подразбираш под поимот „верски туризам„.
Еден професор на „теолошки„, нема да го именувам (често организира поклонички патувања), во една прилика посочи дека огранзирани посети од верници на свети места односно на места каде е чуваат мошти од Светители, постојат уште пред векови (!). Значи, тоа е верски туризам: посета од верници на свети места или на Светии.
Манастирот Острог е токму такво место (Св. Василиј Острошки е чудотворец, неговите мошти се наоѓаат во именуваниот манастир), така не гледам зашто си зачудена за неговата масовна посетеност.
Во „нашата земјата„ не се решени купишта други проблеми, особено не оние од секојдневното живеење и потреби а не пак да развиваме верски туризам.
Таков облик од туризам треба да огранзира и благословува самата Црква (по примерот од веќе споменатиот професор), оти таков е редот во самата Црква-не може било кој, кој е потчинет „под вертикала„ да работи нешто „на своја рака„. без да добие благослов за неговата намера од повисоките чиновници во Црквата.
Од друга страна, постои една чудна затвореност кај нашите манастири, не сите, но дел од нив. На пример, немаш пролем да отидеш во „Бигорски„, тој е прилично отворен за посетители, но малку е проблем да отидеш во „Лесновски„.
Плус, само дел од нашите манастири чуваат мошти од Светители, така да посета на манастир, без вистинска животна потреба, се претвора во световен туризам.
Кога пред 7-8 бев до Св. Наум, ми се смрачи-манастирот е ограден со средновековен ѕид (???), затворен, ограничен, а во опфатот од дворот се поставени несоодветни содржини...
Ќе размислам дали ќе отидам повторно на тоа место...
П.С.
Пред повеќе години, еден вероучител (од Скопје, сега веќе е свештеник), редовно организираше вернички посети по нашите манастири. Со години не забележувам нечија таква акција, од друг организатор.