Многу работа има пред Инзаги, едно 10 пати сме полоши од лани во секој можен ебан сегмент, голови примаме многу, се мачиме шанси да направиме, слаба реализација и тн, и многу причини има за тоа но све тоа може и многу лесно да се исправи, зашто веќе има добитен систем и формула, што мислам дека е најтешкото нешто што можеш да го изнудиш од тимот. Ама фактот што неспремни влегоа во сезонава е секогаш вина на тренерскиот тим, зашто ние како тим имаме проблем, не е до индивидуалци, еден може да прави фрки, ама сега ништо не функционира ко што треба.
Проблем за нас се многуте ротации што се прават, изнудени неизнудени ретко кој ротира своја најдобра 11ка како што тоа го прави Инзаги, од старт на сезона немаме еден перманентен прв тим, туку се прават осетни ротации на секој дел од истиот, освен голманот што си брани цело време, еве Пеп да не го прави тоа, освен ако има повреди, или Реал, Барса и слично. Само ако се принудени менуваат доста, така да си имаат тренинзи, нека си ги сетира адекватно на распоредот на натпревари, нека се олабават малце зашто не може секое коло различна одбрана да имаш, бековско дуо, трио у средина и слично, не ја бива така. Со Монца терен не помирисаа Барела и Хакан,
Пример, еден од Барела и Хакан мора да е 90 минути на терен (освен ако натпреварот не е решен), не можеш ти најголемо дерби да завршиш без двајцата на терен, кога Пеп тоа го направил со активен резултат, а да ги нема Родри и Де Брујне на теренот? Никад, незамисливо е тоа, башка што со Монца, Барела и Хакан не ни играа, чему таа ротација кога дерби вчера пак без двајцата завршуваш, а имаш 1-1.
Со вакви ротации ништо нема да направиме сезонава, ќе губиме пак бодови, веќе изгубивме на 2 гостувања што мораше лесно да ги добиеме, нарочито слабата Монца на која лани, со појак тим и појак тренер им дадовме 5 комада.
Што би рекол Бране од телма на времето, ѓаволот ни ја однесе шегата, секој нареден кикс за нас ќе значи големи шанси на повторување на сезоната кога Наполи освоија Скудето, само што разликата од тогаш и сега е, Интер го има најдобриот тим во лигата, и се актуелни прваци. Ова не смееме да си го дозволиме, нарочито не на ваква сезона, ако некој ни направи осетна разлика со вакво темпо на натпревари и згуснат распоред кур што ќе го стасаме, нарочито па ако тоа се умрените Наполи кои не играат во Европа. Не ми е страв ни од нив ни од никој, и пред сезона реков, Интер ме плашат највеќе и на стартов тоа се испоставува како точно, самите на себе се проблем, и после вчерашното лошо издание, има 1 тон работа тука и тешко дека за недела две ова магично ќе се среди, треба поише време што исто само по себе за нас е проблем.
Следна е со Удинезе гости, скоро недела дена одмор, повеќе од доволно за корекции, и излагање во тој меч со најдобрите 11 на терен, ни на крај памет тука не треба да му биде да ротира, зашто игра со ебаните Ѕвезда во ЛШ потоа.