- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.530
- Поени од реакции
- 66.066
Ajде, ајде, да не се правиме сега мутави. Тимбер стана, као ке продолжува да игра, за да седне 10 метри понатака. Раја седна на земја и се правеше повреден, за да може Артета да има тајм аут, да им го пресече налетот на Сити, па продолжи да игра. Го направија ова зашто голманот не може потоа да ги добие 30 секунди казна со излегување надвор од терен заради укажана медицинска помош.А да, и да го искоментираме легендарниот фер плеј на Сити во 92 минута. Кога Тимбер падна и одма покажа со раце дека бара замена и Раја (во посед на Арсенал беше топката ама во игра) за да му се укаже помош ја избацува топката надвор од игра, играчите на Сити не дозволија да излезе (судијата мора да ја прекине играта пошто Тимбер лежи), овие откако излезе пак не ја вратија во посед на Арсенал, туку си продолжија во нивни посед. Па врати ја и така судијата продолжува +5 минути од судиското продолжение секое полувреме, и така одма ќе ја добиеш назад пошто Арсенал не можат 5 додавања да сврзат во напад, а Тимбер ти се враќа од скинати лигаменти повреда. Ама Арсенал биле гнасните, Пеп што крши столчиња бидејќи Вокер лагано си оди назад во одбрана, тие супер се.
Со оглед на тоа дека потоа лежеа и Калафиори, Тимбер, Габриел и уште некој без да интервенира лекарската екипа, па продолжија да играат уште малку, ги разбирам Сити зашто на ваков фер плеј од страна на Арсенал, одговорија со иста мерка на крај кога бркаа резултат. Како што и самиот виде, не забележав дека некој од Арсенал се буни зашто не им е вратена топката.
Арсенал сака да ги применува овие dark arts, шутирање на топка на страна, и потоа да викаат, ете, судијата не казнил, иако пред почеток на сезона беше кажано на сите екипи дека откако судијата ке свирне, не смееш никако да ја пипаш топката, ако поседот е на противникот.