...
За жал, од минатата година Македонски телеком повеќе не врши набавка на Huawei рутери, поради тоа што тендерот им е насочен кон чиста мрежа т.е. опрема која не е кинеска.
Не се секирај, на корисниците на другите оператори преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, овие и понатаму им ги даваат рутерите од Хуавеи - претежно постариот модел HG8245H со помалите антени, а за по дома, односно за себеси и за своите блиски и понатаму практикуваат да го користат поновиот рутер од Хуавеи HG8145 V5 со големите антени.
Ѓубрето од Техниколор вработените во Македонски Телеком го користат исклучиво ако користат некој од поскапите пакети со Интернет брзини поголеми од 1 гигабит во секунда, бидејќи мрежните порти на Хуавеи рутерите имаат максимален капацитет од 1 гигабит во секунда, а рутерите од Техниколор имаат една мрежна порта со капацитет до 2.5 гигабита во секунда, па ако сакаат да користат пакет со Интернет брзини над 1 гигабит во секунда ќе мораат да користат рутер од Техниколор.
Точно, не набавуваат повеќе Хуавеи рутери, а рутерите HG8145 V5 со големите антени кои ги чуваат настрана се веќе користени од поранешни корисници, но бидејќи сепак не се премногу стари - почнаа да ги набавуваат во втората половина на 2020 година, а престанаа да ги набавуваат во втората половина на 2022 година кога почнаа да го увезуваат ѓубрето од Техниколор, ако се добро сочувани им прават фабричко ресетирање и го користат за себеси или за своите блиски, или за некои поголеми корисници кои не користат пакет со Интернет брзини над 1 гигабит во секунда.