Не е точно дека им нудеа да го вратат Донбас. Неутралност со забрана за зачленување во ЕУ и НАТО, плус ограничувања колку голема војска смее да има Украина.
Како ова според тебе не е капитулација? Што гарантира дека после пет години од потпишување на тој договор, Русија нема да најде изговор и да влезе повторно во Украина за да ги припои Одеса и Харков? Тука лежи зајакот, зошто кога првите руски тенкови ја поминаа границата во февруари пред две години и пол години, “неутралност” за Украина прекина да биде опција. Неутралност само гарантира дека за неколку години, Русија пак ќе влезе да анектира нешто што си го смета за свое.
Повторно измислуваш работи. Автономија за Донбас беше потврдено и од украинскиот преговарач. Тој сам, или некој друг од украинскиот тим изјави дека во Киев со шампањ сакале да го прослават договорот. Точно е дека имало ограничување за тоа колку војска и колку вооружување ќе има Украина.
Како е тоа капитулација, еве објасни, и како сега ќе добијат повеќе од тоа? Што со тој договор губеше Украина за да биде окупација? Крим? Крим е руски, и не постои сценарио на завршеток на оваа војна во кој Крим се враќа на Украина. Тоа му е јасно секому што има барем една функционална мозочна клетка. Што се однесува за тоа дека после потпишувањето на таков договор Русија би можела повторно да ја нападне Украина, тоа е едноставно дебилно. Значи влезени се во територијата на Украина, и во тој момент држеа повеќе теритотија отколу сега, ама нудат договор со кој би излегле потполно од Украина освен од Крим, за по 5 години повторно да влезат?
Кое ниво на дебилно објаснување е тоа? Договорот беше во интерес и на рускиот и на украинскиот народ, но не беше во унтерес на САД, и беше торпедиран преку Борис Џонсон, кој за мене е воен злосторник и заедно со Нуланд треба да одговараат во Хаг.