Ги банираат поради backdoor во опремата, не поради коперациски муабети
Sent from my iPhone using Tapatalk
Во дигиталниот свет не постои такво нешто како безбеден систем и не постои такво нешто како приватност.
Ако Кинезите или било кој сака да те хакира и да те шпионира ќе го постигне тоа на полесен или потежок начин, порано или подоцна.
Главниот фактор поради кој западот сака да ја отстрани кинеската телекомуникациска опрема од европските и американските пазари е квалитетот кој Кинезите го продаваат по далеку пониска цена во споредба со преценетите европски и американски производители на телекомуникациска опрема.
Тоа не би им пречело толку многу на американците и на нивните европски вазали колку што им пречи фактот дека парите од продажбата на телекомуникациската опрема остануваат во Кина, а тоа не им беше во планот кога почнаа да го селат производството во Кина по смртта на Мао Це Тунг во 1976 година па наваму. Замислата им беше дека Кина ќе остане извозник на евтина роба и дом на евтина работна сила, а не дека ќе стане втора најголема индустриска и економска сила во светот за помалку од 50 (ПЕДЕСЕТ) години.
Хакирањето и шпионажата се само шлагот врз тортата, или врвот на сантата мраз како што велат американците.