Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку знаете на српскиот тв канал Film klub емитуваат и доста стари македонски филмови. Во моментов е Ангели на отпад. Тој филм го има и на Јутјуб но убаво е да се начека и на некоја телевизија наш мкедонски филм.

Од информации кој ги прочитав е дека Film klub од 1.6.2024 ќе биде заменет со нов тв канал Superstar 3 канал на Телеком Србија кој најверојатно ќе ги преземе повеќето филмови од Film klub.
Film klub емитува и доста реставрирани стари југословенски филмови во целосен HD квалитет.
 
Последно уредено:

Се смени власт и кукавиците одма почнаа да кукаат. :D До вчера бевме успешна кинематографија, денес пропаѓаме…
 
Дали некој можеби знае, можеби дури ги има филмовите од серијалот на Алек Русјаков ,,приказни за љубовта и свршувањето” ? Неодамна баш ги фатив на наша тв и стварно сакам да ги пронајдам за да ги изгледам во целост :)
 
Серија од седум епизоди е. Ќе пробам да ја прикачам деновиве, евентуално следнава недела.
 
Деновиве каналот на Телеком Србија Superstar 3 е исполнет со пoвеќето македонски филмови.

Црвениот коњ, Мис Стон, Циганска Магија, Пред Дождот, Tетовирање, Збогум 20 век, Среќна нова 49-та...

Можеби тоа се филмови веќе емитувани на други телевизии ама е убаво да се види дека сеуште им текнува од време на време да ги пуштаат.

Superstar 3 во Македонија е достапен засега само на MTEL.
 
Дали некој можеби знае, можеби дури ги има филмовите од серијалот на Алек Русјаков ,,приказни за љубовта и свршувањето” ? Неодамна баш ги фатив на наша тв и стварно сакам да ги пронајдам за да ги изгледам во целост :)
Ти пратив пп.
 
Знае ли некој каде можат да се најдат старите епизоди од Тврдокорни со барем малку подобра слика?
 
За празникот во четврток на МРТ 1 Најдолгиот пат.
 
За тие што не сме во МК и со можност да одиме во Синеплекс, кога и каде може да го очекуваме Бизнисот на задоволството на Гоце Цветановски?
 
Ептен ме израдува веста што за брзо време го добиваме 'Јон Вардар против галаксијата' - првиот долгометражен анимиран филм на македонски јазик.

Филмов ќе има светска премиера за 2 недели на Ситгес - најголемиот фестивал за фантастични филмови, а Синеплекс го имаат најавено од 1 ноември.

Историски момент за македонскиот филм и македонската анимација. :)
 
Само на англиски јазик е или има синхронизација и на македонски јазик?

Дали имате некоја листа за 2024 кои домашни филмови имале премиера и ќе имаат до крај на годината? Поздрав!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom