- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.034
- Поени од реакции
- 12.554
Доколку правеле продолжеток на оптичкиот кабел можно е да направиле лоша спојка, па поради тоа сигналот да е лош.Да за приговор ќе почекам во понеделник да поднесам ,еве сега повторно се јавив на 122 требало техничар во централата во Чаир да провери каде е проблемот и се додека не добијат повратна информација неможат од 122 да отворат налог за сервисирање и да добијам СМС порака така љубезно операторката од 122 ми објасни , и повторно истиот муабет може за половина час да се среди инаку монтерите кои дојдоа за монтажа едниот е вработен во Телеком а другиот во некоја друга фирма едно нешто не ми е јасно до самата бандера пред две години имаа поставени подземна инсталација не ме држи за збор но имаше некаде 10 празни црева и место од едното од тие црева да се извлече тие го водат оптичкото влакно по бандери а претходно јас имав поставено во договор со телеком мое црево од нивната шахта до бандерата за да не висат кабли мислам дека имаше некој закон до кога сите мрежи (кабли) треба да бидат под земја исто така од самата бандера имам поставено црево до мојата куќа , оптичкиот кабел кој го протнавме под земја е долг само 50 метри и за многу малку недостасуваше па го лепеа оптичкото влакно
Но во таков случај PON сијаличката воопшто не би светела, а кај тебе свети црвено и одвреме навреме трепка зелено.
Сигналот можеш да го провериш во страницата за конфигурирање на рутерот за која ти напишав претходно како можеш да пристапиш. Ќе кликнеш на запчаникот во вториот квадрат Broadband од лево и тука кај Rx вредноста ти го дава сигналот. Вредноста треба да изнесува помеѓу -8 и -27, било кое ниво под или над тие вредности е лош сигнал.
Но јас сепак мислам дека проблемот е во техничките параметри, односно физичката патека. Тоа е проблем кој треба Македонски Телеком да си го реши со вработените во техничка служба, а воопшто нема да мораат да доаѓаат кај тебе. Но секако дека е препорачливо да дојдат за лично на терен да го проверат сигналот и да не си заминат додека не проработат и рутерот и рисиверите.