MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Да за приговор ќе почекам во понеделник да поднесам ,еве сега повторно се јавив на 122 требало техничар во централата во Чаир да провери каде е проблемот и се додека не добијат повратна информација неможат од 122 да отворат налог за сервисирање и да добијам СМС порака така љубезно операторката од 122 ми објасни , и повторно истиот муабет може за половина час да се среди инаку монтерите кои дојдоа за монтажа едниот е вработен во Телеком а другиот во некоја друга фирма едно нешто не ми е јасно до самата бандера пред две години имаа поставени подземна инсталација не ме држи за збор но имаше некаде 10 празни црева и место од едното од тие црева да се извлече тие го водат оптичкото влакно по бандери а претходно јас имав поставено во договор со телеком мое црево од нивната шахта до бандерата за да не висат кабли мислам дека имаше некој закон до кога сите мрежи (кабли) треба да бидат под земја исто така од самата бандера имам поставено црево до мојата куќа , оптичкиот кабел кој го протнавме под земја е долг само 50 метри и за многу малку недостасуваше па го лепеа оптичкото влакно
Доколку правеле продолжеток на оптичкиот кабел можно е да направиле лоша спојка, па поради тоа сигналот да е лош.

Но во таков случај PON сијаличката воопшто не би светела, а кај тебе свети црвено и одвреме навреме трепка зелено.

Сигналот можеш да го провериш во страницата за конфигурирање на рутерот за која ти напишав претходно како можеш да пристапиш. Ќе кликнеш на запчаникот во вториот квадрат Broadband од лево и тука кај Rx вредноста ти го дава сигналот. Вредноста треба да изнесува помеѓу -8 и -27, било кое ниво под или над тие вредности е лош сигнал.

Но јас сепак мислам дека проблемот е во техничките параметри, односно физичката патека. Тоа е проблем кој треба Македонски Телеком да си го реши со вработените во техничка служба, а воопшто нема да мораат да доаѓаат кај тебе. Но секако дека е препорачливо да дојдат за лично на терен да го проверат сигналот и да не си заминат додека не проработат и рутерот и рисиверите.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.001
Поени од реакции
1.040

Нов гланц кабел само да стават, од котур со оптички долг кабел да извлечат нов и до кутијата да го спроведат. Кај домаќинствата не се препорачува лепење, само надворешно кај што поставуваат и соодветни кутии за да се заштити кабелот. Лошо им е 99% споен, многу е веројатно да е така, бидејќи не треба да има проблеми со сигналот на интернетот.
 
Секогаш се прави лепење, односно сплајсување како што гласи техничкиот израз, на оптичкиот кабел.

Се прави сплајсување во катното сандаче, вообичаено се прави сплајсување и надвор во уличниот ормар, а ако има потреба се прави сплајсување и во завршната дозна кај рутерот. Во завршната дозна кај рутерот не се врши сплајсување единствено ако спроведениот доводен кабел доаѓа со сопствен фабрички приклучок, односно SC/APC зелен конектор или SC/PC плав конектор.

Но таквите кабли доаѓаат само во фабричка должина од 20 или 30 метри, ги има и во подолги фабрички должини, но Македонски Телеком ги нарачува единствено во фабрички должини од 20 и 30 метри.

Со оглед на тоа дека @mishko спомна во пост #6.645 дека му спровеле доводен оптички кабел во должина од 50 метри, загарантирано е дека мора да се направи сплајсување во завршната дозна или во најмала рака да се стави завршен NPC - no polish connector приклучок кој нема потреба да се сплајсува, туку рачно се внесува оптичкото влакно внатре во конекторот.

Не е проблем да се прави спојка доколку истата е добро направена. Тоа е најголемата предност кај оптичкиот кабел, може да има десетици, стотици, ако треба и илјадници преспојни точки од централата до крајниот корисник, ако на сите преспојни точки спојката е добро направена загубата на оптичкиот сигнал ќе биде минимална, можеби дури и непостоечка.
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.637
Поени од реакции
786

Лепењето на надворешното влакно е направено внатре во бела пластична кутија
инаку еве и фотографии од менито и конфигурацијата
како што и претходно кажав истиот проблем го има и братми со една разлика кај него е отворен налог и му е испратена СМС порака и за два работни дена ќе биде отстранет проблемот а кај мене не ми испратија СМС порака со објаснувањето која сабајле ми ја даде техничка подршка на 122
 
Attachments

Сигнал со ниво на загуба -15 е одличен сигнал.

Дефинитивно проблемот е во техничките параметри - физичката патека - за поврзување на рутерот со централата.

Проблемот се решава за 10 до 15 минути, нема ни потреба да доаѓаат кај тебе дома бидејќи проблемот е кај нив. Но секако дека е препорачливо да дојдат и да останат додека да проработат рутерот и рисиверите.

Ако сеуште не ти е пристигната СМС порака за пријавената пречка, веќе утре оди во салон и жали им се.
 
Да утре ми е планот да одам во салон ,истиот -15 сигнал го има и кај братми
Според твое мислење проблемот е во централа а не во конекцијата на оптичките кабли ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Да утре ми е планот да одам во салон ,истиот -15 сигнал го има и кај братми
Според твое мислење проблемот е во централа а не во конекцијата на оптичките кабли ?
Со оптички сигнал со ниво на загуба -15 внатрешната инсталација кај тебе треба да е одлично сработена, барем така претпоставувам судејќи според оптичкиот сигнал.

Еве конкретно во што е проблемот: кога го одобрувале налогот за инсталација на оптичка телекомуиникациска линија кај тебе, истиот го одобриле на погрешна оптичка порта во централата.

И сега имаат две опции:

1. Ќе се враќаат тие кои ја правеле монтажата и надвор каде што се прави поврзувањето со доводните оптички влакна од портата ќе направат ново преповрзување за да те поврзат со точната порта; ова никој не го прави бидејќи на толку налози одобрени на погрешни оптички порти техничарите нема глава да кренат од поправање на туѓи грешки, да се потсетиме ова не е нивна вина, односно не е вина на тие кои ја правеле монтажата кај крајниот корисник, туку е вина на тие кои го одобрувале налогот - техничарите од Македонски Телеком или диспечерите од техничка поддршка;

2. Ќе ги контактираат луѓето од централа за да им ги дадат точните технички параметри - физичка патека, како што ја нарекуваат - на оптичката порта на која те поврзале, ќе им ги дадат тие технички параметри на луѓето од техничка поддршка за да ги заменат погрешните технички параметри со точните во компјутерскиот систем, и за 10 до 15 минути треба да проработи рутерот; ова решение го практикуваат сите техничари во над 99% од монтажите со погрешни технички параметри во налозите.

Целата работа за решавање на твојот проблем трае максимум 20 (ДВАЕСЕТ) минути, така што воопшто не ни мораат да доаѓаат кај тебе дома бидејќи проблемот не е кај тебе дома, туку кај нив во централата. Но секако дека се добредојдени да дојдат на лице место кај тебе дома за да го решат проблемот и да не си заминат додека да проработат рутерот и рисиверите, за бидат тие на раат исто како и ти.
 
Денес од 122 ми се јавија и ме прашаа што е проблемот за на крај да отворат работен налог за сервисирање за после 2 часа да ми испратат повторно нова СМС порака каде што било потребно да се интервенира на терен и пречката ќе биде отстранета за два работни дена мислам дека е проблем што во сето ова се испомешани две фирми кои се подизведувачи на нивната мрежа како и третата е самиоит телеком што дозволија надворешни фирми претходно вработени во телеком да ги префрлат во тие фирми за одредени директорчиња од една или друга партија да си перат пари Во скоро време повторно ќе има враќање на „избрканите „ од телеком само ние корисниците на сето ова плаќаме - страдаме бидејки никој не знае кој јаде кој пие само битно јас да си ја платам сметката инаку ќе бидам исклучен
 
Член од
11 септември 2023
Мислења
9
Поени од реакции
2
Da nema ko da nabavi nalog za magentu (a da ima sport klubove), placam pola pretplate mjesecno.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.034
Поени од реакции
12.554
Денес од 122 ми се јавија и ме прашаа што е проблемот за на крај да отворат работен налог за сервисирање за после 2 часа да ми испратат повторно нова СМС порака каде што било потребно да се интервенира на терен и пречката ќе биде отстранета за два работни дена мислам дека е проблем што во сето ова се испомешани две фирми кои се подизведувачи на нивната мрежа како и третата е самиоит телеком што дозволија надворешни фирми претходно вработени во телеком да ги префрлат во тие фирми за одредени директорчиња од една или друга партија да си перат пари Во скоро време повторно ќе има враќање на „избрканите „ од телеком само ние корисниците на сето ова плаќаме - страдаме бидејки никој не знае кој јаде кој пие само битно јас да си ја платам сметката инаку ќе бидам исклучен
За сметката ќе поднесеш приговор за да ти ги одбијат деновите од кога ти ја наместиле оптичката телекомуникациска линија и ја демонтирале и ја зеле старата опрема за раздолжување, до денот кога оптичката линија ќе проработи.

Кога сме кај приватниот подизведувач, ако едниот бил облечен во службени алишта од Македонски Телеком не значи дека е вработен таму, туку можеби порано бил вработен во Македонски Телеком, па сега се префрлил кај приватниот подизведувач. Или па можеби е вработен во Македонски Телеком, а техничарот од приватната фирма подизведувач го пратиле привремено да им помага на техничарите од Македонски Телеком додека имаат недостаток на луѓе, а имаат и допрва ќе имаат, кој стигне бега бидејќи немаат заеднички јазик со новото раководство од пролетта 2023 па наваму.

Биди 100% сигурен, тие луѓе не се враќаат во Македонски Телеком па макар и тежината да им ја нудат во златни прачки, не додека сегашното раководство не биде целосно отстрането и заменето со луѓе кои се разбираат од техничка работа, а не од продажба. Ако некој знае да продава станови, тоа не го прави архитект или инженер за да им командува на градежните работници што треба да работат, како треба да работат и за колку време треба да завршат со работата. Истото е и во Македонски Телеком, ако некој се разбира од продажба, тоа не значи дека се разбира од техничка работа.

Како и да е, сега кога ја имаш СМС пораката со бројот на пречката ќе им се јавуваш секој ден за да ги потсетуваш дека доколку не ти го решат проблемот до крајот на неделава ќе ја откажеш претплатата.
 
Конечно ми го пуштија интернетот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom