Прегледај го приврзокот 428958
Многу игри долго ги имав на листа за чекање, па мора некако да ги чистам.
Досега немам играно ништо од оваа франшиза, па ајде реков да ја пробам оваа. Сакав да одам прво со TNO и TNB али немам толку време и пасија да чистам цели франшизи, а има и уште две после оваа кои евентуално ќе ги пробам.
Сега имам мал проблем...
Поминав само 2 часа, а штом треба следно да ја пуштам некако како да немам волја
Ми се дешава со многу игри за жал. А штом еднаш се деси, мислам дека знам како ќе завшри. Али ќе пробам да ја финиширам.
До некни играв Mortal Shell. Мислам играта не е ништо спектакуларно како соулс-лајк креација, али е сосем солидна.
Поентата ми беше дека секој ден во тие недела-две додека ја играв имав страст и возбуда да продолжам од кај што сум застанал, а со оваа тоа го немам.
Сакам FPS, ги сакам како комбинации на survival или horror FPS. Ама овдека ништо не ме хајпна, барем досега.