Life after Love

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Ти имаш изгубено некого во животот?!
Поважно прашање:
Имаш чувства?!
Ако си ги изгубил негде-купи си..:nesvest:

Не умре ама никогаш нема повеќе да ја видам , тешко е ама време лечи се :smir:
 
Јас немам такво искуство,но знам братми се соочувше со таков проблем пред 2 години западна во депресија (причина нормално љубовта)но тоа го надмина брзо и сеа се е ок.Исто така му беше страв да остане сам тоа е депресијата.А за да надминеш оваа состојба не е лесно сеа ти е многу тешко,но обиди се повеке да бидеш во друштво излегувај што повеке.И да знаеш дека можеш да го надминеш проблемов само треба да си одлучна.
 
"Секоја трагедија втурната врз нечиј живот не претставува казна, туку предизвик истата да се преброди"!!!

Веројатно сега во овој неподнослив период на болка си мислиш - Зошто Господ толку ме казнал,зошто баш мене, зошто баш него...
но верувај времето лечи се (или барем го намалува интензитетот на болката), па штом веќе еднаш ќе успееш да собериш сила да го пребродиш овој навистина тежок период за тебе ќе излезеш уште посилна и ќе си докажеш себе ЈАС МОЖАМ, ЈАС НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ ОД ЖИВОТОТ, ЖИВОТОТ ОДИ ПОНАТАМУ, СЕ' СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЧИНА, МОЖЕБИ МЕ ЧЕКА НЕШТО ПОДОБРО ВО ЖИВОТОТ.
 
не го обвинувам Бог што го земал, не сум самодеструктивна, верувам дека се се случува со причина и сигурна сум дека од ова ќе излезам посилна, само се прашувам дали проклето долго ќе трае ова што ми се случува секоја вечер и кога ќе можам да се сетам на него со намсевка и да кажам - фала ти господе што го донесе во мојот живот, макар и на кратко
Беше совршено и стварно не верувам дека може да се повтори макар и нешто слично со некој друг, но не очекувам, нити сакам, нити некогаш ќе барам, а нити ми треба некој друг

Воопшто не се затворив дома, од првиот момент сум постојано со другарки, не ме оставија ни момент сама
Не објаснив добро, не е дека се плашам да останам сама во животот, без партнер, напротив, воопшто не ми треба друг, ВООПШТО, сакав да кажам дека се плашам да останам сама со себе сега, баш сега, во моменотов, бев човек што ужива во времето сам со себе, но не повеќе
пример, вечерва се вратив дома, моите веќе си легнаа, а тоа значи - треба да останам сама со себе. Тоа е она што ме плаши, овој саат време пред да заспијам, не можам да се соберам, вечерите пред да легнам се вистински пекол, уште од самото утро се тревожам за тоа што ќе правам кога ќе дојде време за спиење и ќе ме совлдаат спомени
тоа е тој страв од самата себе, ужасно
и да, веќе почнав да му пишувам мали писменца, но многу ми е полошо што после ги читам и се давам во солзи
навистина не му посакувам нешто вакво на никого, да искусите ваква љубов - да, но да ја изгубите - никогаш
 
можам да се сетам на него со намсевка и да кажам - фала ти господе што го донесе во мојот живот, макар и на кратко
---------------------------------
навистина не му посакувам нешто вакво на никого, да искусите ваква љубов - да, но да ја изгубите - никогаш

Ги издвоив овие две реченици, како најважни.
Првата... кога нешто во животот ќе добиеме кое е толку добро, и претставува врв во нашиот живот во позитивна смисла, нема шанси да остане долго или засекогаш. Тоа го покажало искуството, минатото, статистиката. Како понатаму навистина не знам, и би било лудо да ти кажам дека знам решение или вистински начин како да го решиш тоа. Верувам дека е тоа болка која ќе остане засекогаш во тебе, и сосема е возможно никогаш повторно да не бакнеш друг, но сигурен сум, дека ваквото искуство кое го преживуваш во моментот, ќе допринесе нешто прекрасно да се случи. Бидејќи и покрај тоа што кругот се врти и луѓето кои грешат ги стигнува казната, така и во твојот случај, болката ќе донесе светлина во твојот живот. Каква... не знам.

Втората реченица, само би ја потенцирал, нагласаил и повторил... а од тука понатаму Лиана, навистина не знам. Животот е ебано суров, и кога би имало ѓаволче тоа сигурно ја користи секоја проклета шанса да ни згази на нерв, да ни го упропасти денот и да ни се потсмева додека го прави тоа. Дури и оние кои мислат дека се среќни и кои оддаваат слика на совршенство, во себе и пред да легнат патат и повеќе од нас. Сите сме преполни со болки, иако твојата е преголема за нашите тривијалности, но токму од неа ти ќе искочиш како ветеранка, а ние сеуште ќе пливаме во плиткото.

Сигурен сум дека (иако ќе помине голем период пред да застанеш цврсто на нозе) ќе се претвориш во една прекрасна личност, само... причекај процесот на редење коцки да помине. Тогаш ќе бидеш силна за двајца, бидејќи ќе го преживееш личниот пекол сега, а тој... тој секогаш ќе биде во тебе, чувајќи ти го грбот од демоните кои еднаш те нападнаа.
:smir:
 
не го обвинувам Бог што го земал, не сум самодеструктивна, верувам дека се се случува со причина и сигурна сум дека од ова ќе излезам посилна, само се прашувам дали проклето долго ќе трае ова што ми се случува секоја вечер и кога ќе можам да се сетам на него со намсевка и да кажам - фала ти господе што го донесе во мојот живот, макар и на кратко
Беше совршено и стварно не верувам дека може да се повтори макар и нешто слично со некој друг, но не очекувам, нити сакам, нити некогаш ќе барам, а нити ми треба некој друг

Воопшто не се затворив дома, од првиот момент сум постојано со другарки, не ме оставија ни момент сама
Не објаснив добро, не е дека се плашам да останам сама во животот, без партнер, напротив, воопшто не ми треба друг, ВООПШТО, сакав да кажам дека се плашам да останам сама со себе сега, баш сега, во моменотов, бев човек што ужива во времето сам со себе, но не повеќе
пример, вечерва се вратив дома, моите веќе си легнаа, а тоа значи - треба да останам сама со себе. Тоа е она што ме плаши, овој саат време пред да заспијам, не можам да се соберам, вечерите пред да легнам се вистински пекол, уште од самото утро се тревожам за тоа што ќе правам кога ќе дојде време за спиење и ќе ме совлдаат спомени
тоа е тој страв од самата себе, ужасно
и да, веќе почнав да му пишувам мали писменца, но многу ми е полошо што после ги читам и се давам во солзи
навистина не му посакувам нешто вакво на никого, да искусите ваква љубов - да, но да ја изгубите - никогаш

Да ги напишеш сите овие зборови, тоа е вложен труд - труд кој ја прикажува твојата болка пред сите. Пишуваш дека болката е огромна, дека многу те боли, дека страдаш, дека тешко ти е да заспиеш... Она што си му го зборела на психијатрот 6 недели, сега го пишуваш тука. И тоа само ја зголемува твојата болка, како што било и во текот на целиот овој период.

Ај смени нешто. Ај напиши „Утре е нов ден. Преживеав до сега, ќе преживеам и утре. Се радувам. Ако вечерите ме болат, ќе измерам колкава е таа болка и ќе се радувам повеќе во текот на денот, за да не ме боли толку ноќта. Многу ме троши оваа болка и не сакам да го контролира мојот живот - среќна сум, зашто заслужувам да бидам.“

Прашуваш, до кога ќе трае? Одговор: до оној момент кога ќе одлучиш да бидеш среќна и да се однесуваш така. Твојата лична среќа не зависи од никого друг и таа не си отишла заедно со тој човек - таа е лично твоја, останала во тебе (некаде зафрлена во купиштето на емоции што ги чувствуваш сега) и ќе се појави кога ќе ѝ дозволиш.
 
:( Шест пати сакав да ти напишам нешто и исто толку пати не можев. И солзи ми надоаѓаат. Знам како ти е. Никогаш нема да избледне тоа што сте го поминале заедно. А тоа што физички не е присутен, многу боли. Спас... Има. Оди по цел ден на работа, ако треба и 2 смени. Не се прибирај дома. Никогаш немој да бидеш сама. Земи си цимерка. Биди цело време со луѓе. Излегувај, патувај. Постави си некоја професионална цел и насочи се кон неа. Кога ќе ти дојде да вриштиш, вришти. Неколку години верувам дека нема да започнеш врска. Толку би сакала да можеш сега веднаш да се заљубиш...
 
Како прво има ваква тема.Како второ читајќи го првиот пост добив впечаток дека ова е американска драма„он сака голф,а јас фудбал“што ме наведе на тоа дека сте од различни земји дефинитивно.Трето верувам дека било ова врска на интернет и никогаш не сте се виделе.Четврто не верувам во врска без физички контакт.Петто прочпкај на интернет ќе најдеш уште милион сродни души.И шесто испаднете од дома прошетајте,интернетот ги убива мозочните келии,ќе станеме како американците за брзо време,ќе бараме состаноци преку интернет,ќе зборуваме она што сме го прочитале,а не доживеале,ќе плачеме зошто Бред Пит настинал.
 
Life after LoVe......

Кога би дошло до крај на врската многу ќе зависи дали после тоа ќе ја сакам или сум престанал да ја сакам, и нормално најважното зашто дошло до прекин на врската значи постојат две опции...
Ако ја сакам ќе гледам колку што можам побрзо да ја заборавам а тоа значи предмети слики и остали работи кој што не поврзувале заедно им правам Format или пак ги складирам во скафцето горе каде што има многу прашина во една кутија за некад да ја отворам и да се потсетам на таа девојка што сум ја имал и сакал..искрено се наоѓаат 2 девојки кој што се горе се надевам дека и на толку ќе остане...
Ако сум престанал да ја сакам поради одредени причини како што е на пример лажење и варање мислам дека нема да ми биде тешко да ги избришам сликите и сите работи кој што не поврзуваат...
многу е глупо кога доага до прекин на врската, моментално сум во врска многу ми е убаво во исто време и глупо да размислувам за прекин...Заљубен сум признавам и ептен ми е убаво...али шта је ту је, како што викаат животот продолжува понатаму...Живеј си го животот и пушти им на другите да си го живеат, тоа е мотото...Поздрав со песната...
 
Да ги напишеш сите овие зборови, тоа е вложен труд - труд кој ја прикажува твојата болка пред сите. Пишуваш дека болката е огромна, дека многу те боли, дека страдаш, дека тешко ти е да заспиеш... Она што си му го зборела на психијатрот 6 недели, сега го пишуваш тука. И тоа само ја зголемува твојата болка, како што било и во текот на целиот овој период.

Ај смени нешто. Ај напиши „Утре е нов ден. Преживеав до сега, ќе преживеам и утре. Се радувам. Ако вечерите ме болат, ќе измерам колкава е таа болка и ќе се радувам повеќе во текот на денот, за да не ме боли толку ноќта. Многу ме троши оваа болка и не сакам да го контролира мојот живот - среќна сум, зашто заслужувам да бидам.“

Прашуваш, до кога ќе трае? Одговор: до оној момент кога ќе одлучиш да бидеш среќна и да се однесуваш така. Твојата лична среќа не зависи од никого друг и таа не си отишла заедно со тој човек - таа е лично твоја, останала во тебе (некаде зафрлена во купиштето на емоции што ги чувствуваш сега) и ќе се појави кога ќе ѝ дозволиш.

Со првиот твој пост на темата од Лиана, иако прилично суров се сложив, убаво го имаше кажано тоа страна поназад, но со ова не.

Зошто?
- Прво, зашто секое отварање на душата и исфрлањето на своите емоции надвор помага за стабилизирање на духот кој очигледно во моментот е во нокдаун. Нејзиниот душа во моментов е како експрес лонец кој постојано го зголемува притисокот и доколку нема издувен вентил по извесен период ќе експлодира. Таа во моментов има чудесна снежна топка од емоции во градите која пулусира а не ја собира во нејзиното малечко тело и излегува од секоја пора и простор кој ќе го најде. кога би се забарикадирала и би ставила крем на своето тело да го затвори и маска на своето лице за да проба да се убеди дека е се` во ред, ќе умре.

Ова не е ситуација каде загубил нашиот фудбалски тим па не можеме да се помириме, ова е највисокото чувство кое постои во нашата свест, и тоа е цунами на душата... брановите едноставно мора да поминат и морето пак да биде мирно. Само ти пукај девојко, и држи ја рамнотежата со реалноста колку можеш, бидејќи друг излез нема.

До кога ќе трае?
- Има варијанти кои ги пишува во секој женски месечник, секое списание кое се бави со проблеми на тинејџерки. Варијанти од типот, преболувањето на момчето е двојно од тоа кое сте биле заедно. Фецес за публика.

Колку ќе трае можеби само Бог знае, можеби вечно, можеби ќе мине во следните два месеци. Секако зависи и од твојата заложба и применувањето на советите од стручното лице, но не е никаква гаранција, бидејќи човечките карактери се толку варијабилни што сигурен резултат или пронаоѓање час и минута е апсолутно невозможно.

Според мене, важно е да не се предава човек, да не дојде во ситуација да каже “не можам веќе“, да легне и да чека да умре, бидејќи во природа сум човек кој сака борба, и што потешко е, тоа повеќе сила ми дава. Да, кукам, плачам и мафтам, ама токму тоа е борбата која сметам дека и Лиана треба да ја води.
 
ништо, само ке си легнам и...
а може и ке пробувам да најдам некоја труга :smir:
 
Се сложувам комплетно и не, не се предавам. Преку ден и со луѓе околу мене се е во нормала, излегувам постојано, прочитав погоре и да, останувам на работа од 9 до 19 зошто ми треба контакт со луѓе кои воопшто не го познавале, дури и се смеам, и искрено ми е многу подобро, единствен проблем се ноќите, се плашам да не остане засекогаш така
Точно е дека беше од друга земја, но не престојуваше таму, не се гледавме по една недела месечно само кога мораше да се врати назад, а некогаш ни толку, одев со него, а и не сум тип што седи на интернет, никогаш не сум нити ќе бидам дел од некаква социјална интернет мрежа, добиваш погрешна претстава леандра
Mи требаше само некој што го поминал ова, за да слушнам како ќе биде после подолго време
Виктор, Крусер, фала многу, не звучи сурово, тоа е комплетната вистина и јасно ми е, и ја прифаќам и со сета сила се борам, единствено сум гневна што на 25 години морав да изгубам нешто толку големо
 
Како прво има ваква тема.Како второ читајќи го првиот пост добив впечаток дека ова е американска драма„он сака голф,а јас фудбал“што ме наведе на тоа дека сте од различни земји дефинитивно.Трето верувам дека било ова врска на интернет и никогаш не сте се виделе.Четврто не верувам во врска без физички контакт.Петто прочпкај на интернет ќе најдеш уште милион сродни души.И шесто испаднете од дома прошетајте,интернетот ги убива мозочните келии,ќе станеме како американците за брзо време,ќе бараме состаноци преку интернет,ќе зборуваме она што сме го прочитале,а не доживеале,ќе плачеме зошто Бред Пит настинал.
Леандра... дечкото е починат...
 
Живот после љубов... Иако звучи неверојатно, сепак сметам дека и покрај се’, животот вреди да се продолжи.
Љубовта како една од најголемите и највиталните чувства на човекот е повеќе од потребна. Меѓутоа понекогаш се појавуваат и моменти кога едноставно мора да се живее и без неа.
Всушност, иако љубовта е поврзана со срцето, таа доаѓа како еден од бубрезите на телото. Со неа е совршено, а без неа мачно е и боли, но сепак живее... Поентата ми е, едниот бубрег кој останал е во суштина душата и она што сме ние. Е токму поради тоа вреди да се продолжи со живот.
Сепак, како и после операција на бубрег, така и после скршено срце, рехабилитацијата е тешка, болна и многу мачна, но во ниту еден случај не е неиздржлива и трајна.
 
Како прво има ваква тема.Како второ читајќи го првиот пост добив впечаток дека ова е американска драма„он сака голф,а јас фудбал“што ме наведе на тоа дека сте од различни земји дефинитивно.Трето верувам дека било ова врска на интернет и никогаш не сте се виделе.Четврто не верувам во врска без физички контакт.Петто прочпкај на интернет ќе најдеш уште милион сродни души.И шесто испаднете од дома прошетајте,интернетот ги убива мозочните келии,ќе станеме како американците за брзо време,ќе бараме состаноци преку интернет,ќе зборуваме она што сме го прочитале,а не доживеале,ќе плачеме зошто Бред Пит настинал.
Шесто и многу важно: Не потценувај ја болката и тагата на трет. Тебе ти се гледа како америчка драма додека некому е реална трагедија.

Не ми е јасно како од прва не ја осетивте тежината на постот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom