Life after Love

Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
tesko e posle dolga vrska da go pronajdes svetliot pat...
barem za mene bese (i se uste e) tesko da izlezam od depresijata, koja ponekogas e premnogu golema...
ama ete koga veke dosol krajot toa treba da se prifati i da se prodolzi so zivotot, zasto nisto drugo ne ti preostanuva.
 

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
45
Што кога ќе ја изгубиш љубовта на својот живот?

Откако се прибрав и собрав доволно сила да седнам на пц и да се соочам со ден поминат на интернет без контакт со него, што е екстремно тешко, неописиво, една мала ситница како скајп икончето ме тера да станам по паломи, само затоа што ме потсеќа на бессоните ноќи кога останував со него цела ноќ се додека не ми дојде време за на работа

Се појави кога изгубив комплетна верба во љубовта, после мојата тригодишна врска која прекина штом сфатив дека нема никаква хемија веќе и штом ми се одрони и последната надеж дека љубовта сепак постои...И тогаш колку само ми го смени животот, после само 3,4 недели не можев да го замислам животот без него, како што не можам ни сега кога повеќе го нема.
А бевме толку различни - социјален статус, возраст, религија, култура.... јас сакам фудбал, тој сака голф, јас сакам комедија , тој сака драма, јас сакам италијанска, тој кинеска храна....наизглед комплетно неспоиви, но времето што го поминвавме заедно не можам ни да опишам колку беше исполнето, човек кој знаеше во секој поглед да ме задоволи, подготвен да ги исполни и најлудите мои желби, не постоеше нешто што не бевме спремни да го направиме еден за друг, буквално...

Сковавме милион планови, некои од нив веќе реализиравме, се спремавме за заеднички живот, за да сега, на најлошиот можен начин го изгубам, без воопшто да дознаам што се случило цели 4 дена.
Животот ми се претвори во пекол, сега не знам како да продолжам без него, за прв пат во животот се чувтсвувам беспомошно, изгубено, чувствувам физичка болка при самата помисла на него.
Страв ми е да останам сама, додека претходно уживав да сум сама со себе, бев најголемиот индивидуалец што постои, сега речиси да не можам да поминам улица сама, се плашам самата од себе
не знам како да го пребродам овој период, пробав и на психијатар, малку од малку е подобро, поминаа 6 недели и болката се уште е неподнослива

Ве молам, има ли некој што поминал низ нешто слично, ми треба совет и насока, како да се соочам со самата себе пред се
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
И претходно ти било исто, нели? Си ја загубила вербата во љубовта, во животот, во самата себе... и се појавил овој. И си била пресреќна.

Сега и него го немаш... И пак: стравови, депресии, затвореност... Додека не дојде следниот, до кого ќе се залепиш.

Девојче, треба да се соочиш со најголемиот можен страв: да бидеш сама.

Не барај врска. Не барај помош. Не барај нова љубов. Се покажа дека не умееш да ја задржиш. Ти останува само да бидеш сама, зашто никој нема да сака да те љуби. Не ваква, уплашена, депресивна и зависна од другиот.

Ако сакаш да станеш достојна за вистинска љубов, прв чекор е да признаеш дека во моментов не си. И да признаеш дека има работи, во твојот карактер пред сè, што ти недостасуваат.

Втор чекор е да поминеш извесно време и да замислиш каква сакаш да биде твојата вистинска љубов. Иако можеби нема теорија тоа да се оствари, размислувај на таа тема. Може и да запишуваш и да црташ, ако ти помага. При тоа, размислувај од двете страни: каква би сакала јас да бидам во оваа љубов? Каква би сакала да биде мојот партнер?

Трет чекор, кога ќе ја имаш веќе менталната слика за тоа каква сакаш да ти биде љубовта, е почнеш да излегуваш и да ја бараш. Најчестата грешка што луѓето ја прават после раскинување е веднаш да почнат да излегуваат надвор и да бараат што да е, без да знаат што сакаат, што влече огромен ризик дека следната врска ќе биде исто така разочарувачка.

Значи, помини извесно време сама, постави си ја целта во љубовта и дури после почни да работиш на тоа да ја оствариш.

И знај дека вистинската љубов ќе те најде ако ѝ дозволиш, а ќе остане ако ја пуштиш да си оди, ако сака. Со други зборови: дозволи си спонтаност, дозволи си среќа, дозволи си успех, но исто така дозволи си и неуспех, зашто веќе си ги имала минимум два и не смее тоа да те тревожи - кој работи, тој и греши.

Винстон Черчил убаво рекол: „Успехот е премин од еден неуспех кон друг без губиток на ентузијазам.“ Затоа, главата горе и почни да се смееш, зашто животот е премногу заситен од тага и му треба малку разведрување. :helou:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
"Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине"

"Секое чудо за три дена"

"Ако се сака, се може"

"Бог дава со едната рака, а со другата зема"
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Прво седни научи да бидеш независна... Животот е суров, а кога ке ти даде лимон, направи си лимонада. Гледај го позитивниот дел од секоја работа, замисли да бевте во брак и бракот да отидеше.... подобро вака.

Седни, средиси ги мислите, почни да излегуваш со другари/ки, пополниси го времето некако.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Надежта умира последна...
Само немој да направиш некоја глупост,светот ќе продолжи да постои и без него,ако веќе нема начин како да бидете заедно барај си друга љубов,не мора во почетокот да го сакаш,потоа времето ќе си го направи своето...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас би рекла, земи си го целото време на светот кое ти е потребно за себе. Сите околку тебе ќе се трудат да ти помогнат, ама од незнаење што да направат, ќе испадне ти да треба да се грижиш за нив наместо обратно...
Лесно е тука на форумов сите да ти се правиме силни и да ти збоуваме дека си „емоционално нестабилна“ и да ти збориме како не можеш да ја задржиш љубовта (Крусер пер, на што си вечерва!?)... Ама фактот е дека сега те боли и дека колку и да се трудиш да го андминеш тоа - треба да помине време за да престане да боли. Прави се што знаеш дека нормално те исполнува и прави среќна, дури и ако во прво време не наоѓаш задоволство во истото...
Немам други совети, биди силна. Ќе пројде...
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Nikoj ne e nezamenliv! Gledaj pozitivno na rabotite, edna budala podaleku od tebe, ako bil za tebe i ako te sakal nemalo tolku da te povredi. Ne vredi za nikogo da se nerviras i da trosis vreme za razmisluvanje a najmalku ne za masko, ke si najdes nov i gotovo.I koga ke te fati nekoja depresija ili slicno neka ti tekne koj kreten bil i brzo ke go zaboravis. I ponataka za se vo zivotot nemoj da si stavas se na srce, zatoa sto samata si pravis loso.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233





Нееее.


Има и други макар и да се полоши од таа "љубовта" на животот. Мораш некогаш за да се задоволиш од помалку за свое добро.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Абе ја сум неонка или шо е финтава?
Колку што сватив од текстот,човекот е починат..Шо туку давате совети дека не треба да се нервира и да плаче!?
Гего бее:uvo:
Ако лошо протолкував се извинувам..

Инаку..загубата нема да ја надокнадиш никогаш и никако.Многу работи ќе те потсетуваат на него,во многумина ќе го бараш него.
Ќе те боли и тоа е факт.
Ама со тек на време,ќе видиш,дека болката ќе почне да се намалува,ќе се навикнеш да живееш без него,ќе помине долго време ама ќе се научиш да живееш со тоа чувство дека некој ти недостига,дека нешто ти фали покрај тебе...
Иднината ќе ти донесе нови личности покрај тебе,не очекувај да бидат како него.
Убаво ти рече Анастасија,земи се време за тебе,ако ти е полесно вришти,пишти,мавај по перница за некако да ја канализираш таа болка.
Земи некаде запишувај си ги своите мисли,пишувај му нему како се чувствуваш..Иако ќе знаеш дека нема да прочита,верувај,ќе ти биде полесно тебе.
Се надевам ќе се опоравиш брзо.
Со среќа и ако ти требаме како форумџии,ќе се обидеме да ти помогнеме.

:smir:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Ам ај ако не и таа нека се убие .... life goes on
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ти имаш изгубено некого во животот?!
Поважно прашање:
Имаш чувства?!
Ако си ги изгубил негде-купи си..:nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom