Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Да, ај кажи сеа како да стегнам седиште да не се спушта?
Стегнато е колку може, ама пак на удари ќе се спушти некој милиметар, нерви ми кине.
Истиот проблем го имам веќе месец дена на Max 26 што го тркалам низ град откако купив колце со амортизер.Ќе го наместам во висина колку треба и по некој саат приметив дека се спуштило.Единствено прво да се види дали рамот на завршетокот се стеснува на празен отвор откако ќе се извади колцето па ако функционира тогаш да се проба да се здебели колцето со трака.
 
Нешто си помешал.Квалитет и евтино како што бараш не одат заедно а очигледно од што си сакал поевтино да поминеш затоа и не си задоволен од услугата бидејки рокот на траење бил пократок од што си очекувал како онаа народната СИРОМАВИОТ ДВАПАТИ ПЛАЌА.На битпазар не ти препорачувам да сервисираш точак.
Јас мојот велосипед го носев кај еден сервисер кој што за одредени делови реално преплатив. Гумите не ги сменив од кај него бидејќи една гума му беше 2,000 денари, две ќе ми испадна по 4,000 денари. Пластиката која што го држи седиштето двапати од кај тој ја мењавам, и еве пак е пукната...

Најдов еден во Дебар Маало карши боемска кафана кој што ми даде две гуми за 2,000 ама неможеше да ми ги намести, нит да ми го среди велосипедот бидејќи секогаш бил во гужва...

Затоа барам најпрвин некој саглам точкар, јас ќе отидам кај тој позади универзална некој ден и ќе си разговарам со него. Кажете ми само од кога до кога работи.

И слободно познавате точкари кажете кои се, каде се наоѓаат. Нема цената да ми биде толку голем проблем, ќе ги прежалам тие потрошени пари ако се направи се квалитетно како што треба.

Иначе, дали постои и можност да се вградат диск кочници на точак без диск кочници, и колку од прилика би коштало тоа?
 
друже, ја до сега пет пати ќе го средев точакот дома и до водно ќе се качев. Што е филозофија не знам педали да смениш или да ги смениш брзините. Купи ги деловите и смени ги сам. За клучеви имаш на пазад за 100-200 динари сетови. Тезгаџиите ќе те услужат одма, појди им со точакот и све ќе ти најдат што ти треба. Ако толку ти е до точкар у Ѓорче пазарчето имаш два кој што нон стоп работат. Еден кај кружниот ток влае и еден во пазарот. Тафталиџе исто имаше точкар околу пазарот порано.
 
Последно уредено:
Истиот проблем го имам веќе месец дена на Max 26 што го тркалам низ град откако купив колце со амортизер.Ќе го наместам во висина колку треба и по некој саат приметив дека се спуштило.Единствено прво да се види дали рамот на завршетокот се стеснува на празен отвор откако ќе се извади колцето па ако функционира тогаш да се проба да се здебели колцето со трака.

Preporaka za kolce so amortizer od kade da se kupi, a da ne e 2000den.
 
друже, ја до сега пет пати ќе го средев точакот дома и до водно ќе се качев. Што е филозофија не знам педали да смениш или да ги смениш брзините. Купи ги деловите и смени ги сам. За клучеви имаш на пазад за 100-200 динари сетови. Тезгаџиите ќе те услужат одма, појди им со точакот и све ќе ти најдат што ти треба. Ако толку ти е до точкар у Ѓорче пазарчето имаш два кој што нон стоп работат. Еден кај кружниот ток влае и еден во пазарот. Тафталиџе исто имаше точкар околу пазарот порано.

Не сум од Скопје, ама за тој од позади универзална имам од многу колеги точкаџии чуено дека е најдобар. Така да не го сваќам зошто цело време прашува за други и уште Аудиофил му вика убаво да си појде таму. Ова околу менување делови, подобро да го однесе да го види цел, педали е секако лесно да се сменат, ама мора да се проверат и други работи како погонот, тркалата...
 
Кај да најдам некое точаче, не мора ништо фенси...да врши работа до кај 200 евра, на старо, роудбајк. Не сум некој фанатик ама возам по некои 1500 Км годишно.
 
Кај да најдам некое точаче, не мора ништо фенси...да врши работа до кај 200 евра, на старо, роудбајк. Не сум некој фанатик ама возам по некои 1500 Км годишно.

боди за толку ни пони веќе не можеш да најдеш.
 
каде точно се наоѓа и кое време работи?
Во овој пролаз ќе свртиш и последна тезга лево пред самата чајџилница.Нема шанси да ја промашиш тезгата бидејки само на неа има делови за велосипеди:
 
Било какво, да врши работа само...и 30 год старо да е не ми е проблем.

Боди прашај во овие две групи, овој најдоле составува велосипеди, а можда има и некој на лагер во твој ценовен ранг. Ако има некои понуди, прати ми да видам дали вредат за тие пари.

Здраво дечки, ако може совет, помош во врска со заштита на гуми од трнчињата од тревите. Дали има некое решение? некои гуми специјални со заштита дали и каде има ако постојат такви?
 
Здраво дечки, ако може совет, помош во врска со заштита на гуми од трнчињата од тревите. Дали има некое решение? некои гуми специјални со заштита дали и каде има ако постојат такви?
Ако возиш само низ град, можеш внатрешна гума да ставиш во надворешната гума како дополнителен слој и всушност со две внатрешни да возиш.

Друга опција што не ја препорачувам, да ставиш млеко (tire sealant). Но млекото после некое време ја губи лепливоста и само може да ти го уништи вентилот.

Трета опција е да инвестираш во нова гума што има протекција од мали трнчиња. Јас пример еднаш годишно лепам на Specialized Ground Control, а со претходните гуми почесто ми се случуваше тоа.
 
Ти благодарам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom