Нешто си помешал.Квалитет и евтино како што бараш не одат заедно а очигледно од што си сакал поевтино да поминеш затоа и не си задоволен од услугата бидејки рокот на траење бил пократок од што си очекувал како онаа народната СИРОМАВИОТ ДВАПАТИ ПЛАЌА.На битпазар не ти препорачувам да сервисираш точак.
Јас мојот велосипед го носев кај еден сервисер кој што за одредени делови реално преплатив. Гумите не ги сменив од кај него бидејќи една гума му беше 2,000 денари, две ќе ми испадна по 4,000 денари. Пластиката која што го држи седиштето двапати од кај тој ја мењавам, и еве пак е пукната...
Најдов еден во Дебар Маало карши боемска кафана кој што ми даде две гуми за 2,000 ама неможеше да ми ги намести, нит да ми го среди велосипедот бидејќи секогаш бил во гужва...
Затоа барам најпрвин некој саглам точкар, јас ќе отидам кај тој позади универзална некој ден и ќе си разговарам со него. Кажете ми само од кога до кога работи.
И слободно познавате точкари кажете кои се, каде се наоѓаат. Нема цената да ми биде толку голем проблем, ќе ги прежалам тие потрошени пари ако се направи се квалитетно како што треба.
Иначе, дали постои и можност да се вградат диск кочници на точак без диск кочници, и колку од прилика би коштало тоа?