- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 1.520
- Поени од реакции
- 3.658
И ова мене не ми е јасно ама ич, буквално во фирмава каде што сум вработен има неколку позиции советници консултанти кои наводно ни помагаат во работите а уствари ефектот им е минимален скоро никаков. Од друга страна тие што на терен ја бркаме буквално цела работата не добиваме доволно колку што реално би требало, ај јас па и имам некаква поодговорна функција ама ме ставаат во ситуација да се расправам со работници за ситни смешни пари додека они на страна фрлаат во непродуктивни работи.Може ли некој овој феномен да ми го објасни?
Пошто многу често се зборува дека ако работникот и носи профит на фирмата, ќе биде добро платен.
Мајсторот од примерот погоре сработуваше дупло повеќе од останатите (не дека и другите беа толку лоши), а доби едвај 10 денари плус од саат.
Овоа во 90% од ситуациите важи само за менаџерите кои ја цицаат фирмата со нереално високи плати, а многу од нив паразитираат, додека оној кој навистина ја сработува во пракса работата, ќе добие едвај некој 3.000 плус од останатите ама за сметка на тоа ќе се дупне од работа.
Е токму овоа е главната проблематика на темава, а не да го рационализираме и браниме овој модерниов тип на капитализам кој никој не го сака, ама сите мораат да ја играат играта присилно.
Газдиве повеќе ценат филозофи политичари што им прават политика и продават приказна отколку хардкор работници