Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 267 39,8%
  • Златен даб

    Гласови: 185 27,6%
  • Amstel

    Гласови: 65 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 74 11,0%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,9%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 121 18,0%

  • Вкупно гласачи
    671

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.448
Поени од реакции
58.818
Во Глуво Куче повторно има залиха на новосадските 3bir.
5 ИПА и 1 ејл.

Нема да ги коментирам и нема да ги постирам сите. Но да ја испоштувам темата еве една дабл ИПА.
Интересна блага и цитрусна нота имаше, така што малку тешко ќе почувствуваш дека е 7.5% алкохол, во споредба со нивното Juice IPA пример.
По 290 денари се.

Доста добри крафт пивари имаат Србиве. А покрај пивото и на дизајн доста настојуваат (3 Бир, Догма, Робокрафт...)

1723136527286.jpeg




Претходно имаше добар пост за review на грчките пива, па ајде и од мене еден коментар, пошто сезона им е.
На скромни 34 сум, со надеж дека летово ќе дојдам до 40 :D

Одбегнете...
Hellas Brau, Henninger, Edelsteiner, Pils Hellas... малце Германски звучат знам, ама грчки се, како и она Берлин во Тинекс (Од EZA е како и Hellas Brau и Pils Hellas што ги спомнав).
Главно по маркети се среќаваат, не толку по локали. Ефтини и лоши.

Онака...
Kaiser, Vergina... попознати, лесно достапни, ништо посебни. Има и подобар избор.

Approved...
Алфа, Фикс, Митос, сите ми се океј. Би ги пиел пред овие погоре.
Мада веќе и во Скопје се наоѓаат, па не се интересни :D

Препорака...
Nymph или Mamos. Од стандарните грчки пива би ги препорачал овие. Mamos имаат и добро нефилтрирано.
Мање више класа со претходните, ама ги немаме во Скопје. Исто Volkan blonde е интересно ако најдете.

Летен лагер...
Mythos ice или Blue islands. Второво би.

Крафт...
Ако има избор на крафт, секогаш би крафт, бидејќи генерално се локални и достапни само на одредена географска локација.
Nissos, Valtinger, Methia најчесто ги имам сретнувано по краците. Пробајте.

Ако треба да одвојам едно омилено Грчко пиво, Head Twister (Craft Pale Ale)... толку добро или само беше идеално оладено не знам :D

1723137862209.jpeg

Edit:
Аа и уште една категорија, странски...
Мислам дека со франшиза ги точат таму некаде пошто исто така достапни во многу локали/маркети.
McFarland црвеното. Сакам црвени пива и ова би ми било прв избор ако немам нешто ново за пробување.
Фишер пилснер имаат исто, класа со нивните стандардни лагери.
Од пченични Шнајдер вајзе (го имаме и тука btw)


И така :D
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.448
Поени од реакции
58.818
Претходно имаше добар пост за review на грчките пива, па ајде и од мене еден коментар, пошто сезона им е.
На скромни 34 сум, со надеж дека летово ќе дојдам до 40
Надминав 50 :D

Главно листата ја надополнив со просечни и подпросечни пива, што не би ги препорачал никому. Со мали исклучоци.

Тоа што ми остави добар впечаток беше Alfa Sea Salt, предлагам да се проба.

20240824_142545 (1).jpg

Имав можност да пробам и други типови на пива од Вергина (Црвено, црно, пченично, радлер...)

Screenshot_20240827_150310_Gallery.jpg

Голем фан на црвено пиво сум, но ова не ми ги исполни очекувањата. Слично и црното. Би им рекол не по втор пат.

Е пченичното пак ми се допадна иако имам кажано дека ми се најнеомилени пченичните. Можеби и ова било лошо пченично, па затоа ми се допадна :D

Screenshot_20240828_180228_Gallery.jpg
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ги има некој пробано косовскиве пива Peja во Веро што почнаа да се продаваат?
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.404
Поени од реакции
590
Калимера ... не знам дали е до сонцето и морето , ама убави се Грчкиве пива
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.448
Поени од реакции
58.818
Ги има некој пробано косовскиве пива Peja во Веро што почнаа да се продаваат?
Пилснерот, стандардното го имам пиено. Океј ми беше, со алкохол послабо од нашиве, лајт пиво.
Да не ги има и другите типови (Крудо, премиум лагер)?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Не сум го приметил,што пари е?
Пилснерот, стандардното го имам пиено. Океј ми беше, со алкохол послабо од нашиве, лајт пиво.
Да не ги има и другите типови (Крудо, премиум лагер)?
Ги има Крудо, пилснерот и мислам премиумот. 3 флаши и една лименка. Прв пат гледам флаша од 250 ml. :D

Цените се 40-55 денари. Крудото мислам е најскапо.
Автоматски споено мислење:

Пробал некој Tuborg Ice?
Да. Не го бива. Има боље.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.197
Поени од реакции
2.197
Пробал некој Tuborg Ice?
Доста лошо и ова Ајс би требало да значи летно лесно барем по моја логика а мене баш напротив ми беше некако тешко. не би го пиел више никогаш
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.514
Поени од реакции
26.161
Ги има некој пробано косовскиве пива Peja во Веро што почнаа да се продаваат?
Пред 100 години на Пиволенд на Кале. Тогаш беа по рецептура на старото добро Скопско не на срањево сега што го прават.
Сега Пејата мислам е по рецептура на Лашко.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.197
Поени од реакции
2.197
Peja има и во КитГо, 46 ден. е лименка од 0.5 и за цената не е лошо реално за таа цена нема некој подобар избор ако сакаш ефтино да купиш. е сега плус 4,2% алк. е па ќе треба повеќе да пиеш и мочаш да те фати.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.623
Поени од реакции
5.333
У топ дринкс вчера купив Blue Moon 45 денари парче
Пристојно пивце да разбиете монотонија, иако не ми е многу по кејф повото сепак си е добро
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
394
Поени од реакции
2.128
И ова го пробав, темно, со јачина од 7,5 %. Не ме одушеви нешто посебно.

20240903_235109.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom