Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,6%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    690
Дали јас нешто се трипам или Хајнекен не е толку добро ко до пред 2-3 год. Некако прегазирано а нема некој длабок вкус, ко газирана вода, зборам за ова од лименка, она од шише 0.4 е перфектно али многу замарање има да носам шишиња башка тешко ко ќе зеам 10 едвај се доносувам.
 
^^

Пченично пиво што има краток привкус на ИПА, барем јас така би го опишал :) Пиперките се тука за контраст :D

Прегледај го приврзокот 428363
Aххх... Блу Мун, ме мавнаа флешои од времето кога работев на Independence of the Seas, каква екипа бевме, колку многу испивме од ова пиво... Го има кај нас по маркети?
 
Пред 100 години на Пиволенд на Кале. Тогаш беа по рецептура на старото добро Скопско не на срањево сега што го прават.
Сега Пејата мислам е по рецептура на Лашко.
Пред десетина и повеќе години баш беше ОК, не сум го пробал оттогаш а ако е вака тогаш не ни сакам.
Автоматски споено мислење:

Дали јас нешто се трипам или Хајнекен не е толку добро ко до пред 2-3 год. Некако прегазирано а нема некој длабок вкус, ко газирана вода, зборам за ова од лименка, она од шише 0.4 е перфектно али многу замарање има да носам шишиња башка тешко ко ќе зеам 10 едвај се доносувам.
Нема врска со тоа од пред 10-ина години, види и во која пивара е правено.
Автоматски споено мислење:

35-36 денари беше ова бе :eek:

И ова и другоно Кениг, полски пива од Ван Пур (пиварата што ги прави пивана од КАМ)
Срање е дури и за 35-36 денари. :D
 
Aххх... Блу Мун, ме мавнаа флешои од времето кога работев на Independence of the Seas, каква екипа бевме, колку многу испивме од ова пиво... Го има кај нас по маркети?

Во Топ Дринкс продавницата во Кисела Вода.
Автоматски споено мислење:

Изненадувачки вкусно пиво, другите грчки пива (Митос, Алфа, Мамос) некако просечни, пријатно ме изненади грчкиот Амстел, силен на вкус, некако различен од оној што се продава кај нас (барем така ми се чини).

20240912_184319.jpg
 
Ми се допадна ИПАва, лајт а богата на вкус. Италијанска.

260 денари во Ботега или 560 во Бир гарден.

Уште 10 пива до 600ка.

Screenshot_20240915_145229_Gallery.jpg
 
Цена? Права ситница.
Види и јас кога се врткам низ Скопје имам ментална бариера дека пиво било 100денара (скопско даб) а Хајнекен/амстем 120-150 Али јебига тие цени биле пред 10 години не се веќе

тука мрчам скапи ги направиле пивата а у Шведска како попче у кафич си плаќам 7-8€ и добијам пиво кое ако го споредам со крали Марко нашево би било у топ 3 светски пива :)
 
Слично, тука во продавница обичните од 0.33 ги плаќам по 4.5 долари, ако е нешто поинтересно од маркет се по 7-8, во паб од 13 па се до 21 во поубавите.
Пример 4 Pines погоре го пиев во паб веднаш до плажата, 17 долари за 0.33, но во мкд гарант ќе ме нервира ако ми кажат 500 ден за пиво :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom