Sto pravite koga nema da vi odgovaraaat na rabota sefovite?Barate premestuvanje ili si odite od rabota zasekogas?

Член од
14 август 2024
Мислења
14
Поени од реакции
14
Tocno ima
Ексоплоатација не се случува поради вишок на работна сила туку поради недостаток на конкуренција и лоши услови за водење бизнис.

Али ова е веќе друг муабет.
Ima rabotnici ama sefovite im se gadovi i zatoa im begaat lugevo
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Tocno ima

Ima rabotnici ama sefovite im se gadovi i zatoa im begaat lugevo
Ама зошто се гадови? Монопол, корупција, неспособност.

Да има добри услови и релативно ефтин кредит и самите работници би можеле да конкурираат.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Tocno ima

Ima rabotnici ama sefovite im se gadovi i zatoa im begaat lugevo
Ај од ново кажи во што фирма работиш (државна, приватна, мала, голема, странска корпорација, маалски дуќан ... )
Секој е заменлив тоа е факт, па нема белки да затвори утре фирмата ако ти или некој друг не појди на работа дали поради одмор, боледување или слично...
Така да на крај верувај дека ќе преживеат и без тебе а дали ти ќе можиш без нив ако немаш најдено друга работа то е знак прашање... додатно ако си заглавена во кредити, лизинг итн... Ако можиш без таа плата дај си отказ и никому ништо а ако не засучи ракавите и работи да си ја извадиш платата.
Тоа мобинг бла бла заборави освен ако некој шеф не ти барал нешто за „после работно време“ ...
Ако барал да си ја сработиш работата за која си потпишала договор дека ќе ја извршуваш секој претпоставен го има правото да бара од тебе да работиш.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279

Ќе преживее и она. Ко што кажа, секој е заменлив, па така и фирмите и работните позиции. Само треба да си вреден работник, а не џаболебар кој во секоја прилика претставува колку сработил, а во суштина е само штета за фирмата.

Ако си е вредна и си ја гледа и работи работата ко што треба, не би требало да има проблем.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.984
Поени од реакции
6.470
Ако работиш како што отвараш тема со една полуписмена реченица без запирки, пукла ти црна погибија :D
 
Член од
22 август 2022
Мислења
544
Поени од реакции
1.786
Мора емоциите и енергијата правилно да се насочат и колку можеш да се штедиш ако не толку преку работа барем емотивно да поставиш ѕидови и кадешто моеш да бираш, да избереш не место кадешто повеќе ќе работиш или заработиш, туку кадешто поефективно ќе ти оди работниот ден. Оти, вистина, сите се заменливи. Ова го потенцирам затоа што се потсетив на пример од лани лето. Има 2 одговорни во обезбедување. Едната од нив, иако за разлика од другата, мажена, со 2 деца и подалеку живее од другата што си живее со сестра ѝ, го избра местото со 2 саати подолго работно време дневно за некој минимален додаток колку да се покаже нели. Сега, не велам дека е од тоа, ама лани лето, почина на 34 години од мозочна хеморагија, остави млад маж и две деца, ќерка 12 години и син 9 години. Не заборавај, покрај работа те гледаат и како човек со став, со однос кон работата, како некој од којшто утре може да се бара да биде насочен кон решенија. Работи ја работата најдобро и најквалитетно што можеш, во обем и квантитет којшто ти дозволува таков да се покажеш. А, емоции... ќе се исклучат. Не заборавај, твојот живот не е тоа работно време, туку пред и по истото.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
862
Поени од реакции
564
Koga vlegov na rabota po prv pat, se raboteše za državna firma, slušav se što ke mi kažeea. I sekogo, od najmalo šefče do direktor. Možam da kažam deka pretrpaev i eden vid polesen psihički mobing, no si čutev. Morav. Se raboteše za rabotno mesto.
Kako tečeše vremeto, se izgraduvav postepeno i profesionalno i so znaenje i so poznanstva, i veke ne morav da molčam. Čefovite bea povnimatelni so mene, me vikaa i na privatni družbi, stanav cenet. Ja igrav igrata iako ne im go zaboraviv, i se ušte ne im go zaboravam. Posle nekolku godini mi se otvorija nekoi drugi vrati i dadov otkaz. So zadovolstvo. Ne možam da kažam deka im beše mnogu krivo, verojatno brzo najdoa zamena, no gi začudi toa što poveke ne im krevav telefon, ne gi družev ne gi zapoznavav so moite novi kolegi. Na nekoj način doživeav nekoja satisfakcija za pretrpenite maki, iako ne mi znači mnogu. Sreken sum što otidov od tamu. I što poveke ne moram nikogo da podnesuvam
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Ќутењето и трпењето отсекогаш биле опасна работа по самиот себе, затоа што на овој свет отсекогаш имало злобни и исфрустрирани ликови кои знаат многу добро кај да удрат, а удираат баш на оние луѓе кои ќутат и трпат.

Најчесто, на теророт со терор возвраќам и се трудам да е неколкукратно поголем.
За да се воспостави баланс, нормално.

Жените во државава се особено подложни на ниски работнички права, злоупотребување и разни други форми на терор од страна на газдите и шефовите, токму поради тоа ќутење и наведната глава.
Кај фирми каде се вработени мажи е многу поинаква приказната, не дека е идеално, ама има помалку злоупотреби и понижувања.

Еден совет до членот кој ја отворил темата (иако може и да е трол, небитно):
Бегај од таа фирма по секоја цена,
Не кредити, не Јанковци, не Петковци, што сакаш имај како товар, самото понижување и трпење е подеструктивно отколку губењето на работата или задоцнување со кредити.
Бегај што поскоро и ако имаш можност одмазди се.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2024
Мислења
14
Поени од реакции
14
Ај од ново кажи во што фирма работиш (државна, приватна, мала, голема, странска корпорација, маалски дуќан ... )
Секој е заменлив тоа е факт, па нема белки да затвори утре фирмата ако ти или некој друг не појди на работа дали поради одмор, боледување или слично...
Така да на крај верувај дека ќе преживеат и без тебе а дали ти ќе можиш без нив ако немаш најдено друга работа то е знак прашање... додатно ако си заглавена во кредити, лизинг итн... Ако можиш без таа плата дај си отказ и никому ништо а ако не засучи ракавите и работи да си ја извадиш платата.
Тоа мобинг бла бла заборави освен ако некој шеф не ти барал нешто за „после работно време“ ...
Ако барал да си ја сработиш работата за која си потпишала договор дека ќе ја извршуваш секој претпоставен го има правото да бара од тебе да работиш.
Tocno rabotam vo lanec na prodavnici za bela tehnika,a sum rabotela i po Vero i zasto ima postojano vlezi izlezi po firmive? Ne se sposobni da gi zadrzat rabotnicive ne e fintava jas da gi setam firmive tuku koga vlagam vo edna firma treba za vek i vekovi
Автоматски споено мислење:

Ако работиш како што отвараш тема со една полуписмена реченица без запирки, пукла ти црна погибија :D
Aj aj sto e sega
Ако работиш како што отвараш тема со една полуписмена реченица без запирки, пукла ти црна погибија :D
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Tocno rabotam vo lanec na prodavnici za bela tehnika,a sum rabotela i po Vero i zasto ima postojano vlezi izlezi po firmive? Ne se sposobni da gi zadrzat rabotnicive ne e fintava jas da gi setam firmive tuku koga vlagam vo edna firma treba za vek i vekovi
Трговија е специфична, секоја сабота сигурно е работна со прераспределба на работни саати па така немате прекувремено, искрено не гледам што тука би било проблем па шефот да малтретира ако се однесуваш културно кон муштерии, успеваш да продаваш бела техника како што велиш. работиш брзо ако си на каса или потполнуваш документи или слично. Сега дали вработените бришат прашина од производите тоа не знам но сигурно не ти викаат да растовараш камиони па да е нешто физички тешко. Сигурно е полесно е од веро или слично каде се мести роба по 100 пати на ден. Платата не знам како е па дали тоа е доволна компензација но се си има позитивни и негативни страни. Работа во три смени во производствена компанија сигурно би ти била многу потешка од колку трговија.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
110
Поени од реакции
172
една од причините е ова од која си заминав од претходна фабрика. Немав никаков проблем со шефови, за тоа што сум платен за тоа работам, ама секогаш има ама. Работна средина.
Работев во фабрика производство со 600 луѓе во смена и имаше се да видиш. најголем дел простотилак, оговарање и кодошење кај надреден, и курварлак, и љубомора на секој што е поуспешен
. Мобинг фала богу немаше, ама имаше психичка и физичка тортура скоро секој ден да се постигни пропишаниот таргет на линија. Се знае амалска работа :D сега гледам да барам работа ама со 3-4 луѓе максимум во тим и тоа е
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom