Како и да е, кај и да се играше со Грција ќе беше полна салата. Се сложувам дека 90% од натпреварите треба да се играат во Струмица, ама сепак 6000/7000 публика во Скопје и 2000/3000 во Струмица не е исто, барем не за овој меч.
Битно е да ги добиеме грците.
Согласен сум со делот за публиката, повеќе е подобро, но ако има атмосфера, реално одбојката е најтапа спорт што може да постои за бодрење, вчера атмосферата во Скопје од тоа по телевизор на почетокот на натпреварот беше топ, но како резултатски паѓаа така и атмосферата спласна, пример 5 поена разлика колку и да стои многу, достижна е, во Струмица на 6 разлика имало серија 8-0 со која се добил сетот пред години, да не филозофирам многу, салата беше исполнета, но требаше далеку понаелектризирана атмосфера, а за тоа си треба организирана група за репрезентација, секаде го имаме тој проблем во сите спортови, посебно што Скопје нема таква одбојкаска култура како Струмица, не дека во Струмица атмосферата ќе беше кој знае каква на одбојка, ама ете можевме ние да идеме ко група раштракани низ сала, полесно се врши притисок врз судија во мала сала каде публиката му дише во врат, турчинот речиси сите спорни ги даде нив, само на нас ни даде една на крајот од кога се беше решено, сакам да кажам повеќе ќе имаше реакција на поени, на моментуми каде се крши резултат, а и самите играчи како струмичани речиси сите ќе беа помотивирани, како и да е мене ме изненади и што се игра во Јане , кога стално играа во Борис кога се во Скопје.
Печени беа за пораз на 2 3 ситуации кога се кршеше досудија поен за нив таман кога ги стигавме, жал ми е посебно зашто се искручија на крај громогласно Хелас извикаа
Sent from my SM-S926B using Tapatalk
Без клупа нема како, повеќе играчи се пензионираа а за ниту еден од нив замена нема, ако видиш прва постава и речиси и да нема кој да влезе од клупа да одмори играч, да направи промена, со една постава во која речиси сите се во години тоа е капацитетот, а и Грција си има контиунитет, нашите и кондициски немаа сили во последниот сет за нешто повеќе, штета што на толку години успех, од спорт во кој ништо немаме вложено добивме неколку настапи во серија на ЕП, не се пројави некој интерес за популизирање на спортот низ државата , а и лигата сеуште е аматерска, што па и не дава шанса за напредок и развој на млади таленти.
Реално очекувано вака да реагираат грците, на почетокот им се исвирка химната, официјалниот коментатор ги нарекуваше нашиот јужен сосед, и нашиве играчи сочно си пцуеа во некој моменти, па да победиш во такви услови нормално ќе провоцираат и заслужија тоа да го прават.