Boksy - македонска дигитална библиотека за читање и слушање книги - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.641
Поени од реакции
8.792
Возраст
35
1700222149024.png
Дали сте запознаени со платформата Boksy.mk?
1700221937309.png
Со претплата од 499 денари се добива пристап до многу книги за читање и слушање аудио дигитално на македонски, англиски и албански јазик. Има опција профил за деца со детска литература книги и опција профил за нас возрасните книги.
1700222469785.png

Засега опција нудат и преку претплата во А1 операторот.

1700222270660.png

Јас не сум многу по читањето книги редок случај е да читам книга но некогаш кога се одлучувам за книга тоа е најчесто нешто биографија животот на некоја позната личност.

Boksy не сум користел па ме интересира дали воопшто има аудио книги на македонски јазик?
 
Последно уредено:
Јас не сум многу по читањето книги редок случај е да читам книга
:pos: :pos: :pos:
Ти си цар, жими се! :pos::pos::pos:

ме интересира дали воопшто има аудио книги на македонски јазик?
Нормално дека има, и тоа бесплатни. Не мора да имаш бокси за да знаеш дека има аудио книги. Ако навистина те интересирало, напиши на Гугл пребарувач: аудио книги на македонски и ќе ти се отворат. Има стотици бесплатни на платформата Самоглас, на сајтот на Сојузот на слепи лица и на Youtube.
 
:pos: :pos: :pos:
Ти си цар, жими се! :pos::pos::pos:

Нормално дека има, и тоа бесплатни. Не мора да имаш бокси за да знаеш дека има аудио книги. Ако навистина те интересирало, напиши на Гугл пребарувач: аудио книги на македонски и ќе ти се отворат. Има стотици бесплатни на платформата Самоглас, на сајтот на Сојузот на слепи лица и на Youtube.
Да си признаам дека ретко читам книги во животов мој. Ќе земам книга печатена верзија да читам и се нешто ќе ме деконцентрира, паметот ми е на нешто друго. Ретко сум прочитувал цела книга поради ова.

Верувам дека има аудио книги и на други места на македонски јазик и го знам Самоглас но не се во голем број оние комерцијализирани книги што најчесто ги нудат на хартија познативе наши издавачки куќи и книжари. Пример од Пауло Коејло, биографија за Обама, за принцот Хари аудио книга на македонски јазик немаш никаде додека српски и хрватски ќе најдеш.
 
Ми се свиѓа што отвараш тема за секоја македонска апликација :)

On topic, све стана subscription-based веќе, ебаве...

Јас сум за класични печатени книги, и тоа ги купувам нови, ретко некогаш користени преку eBay...
 
Дали си ја купил печатена или имаш опција дигитално во двете случаеви даваш пари.

Е сега се си има предности и мани, се е избор на секого.

И јас сакам печатено. Често до пред неколку години читав списанија и чувството кога листаш страните, мирисот на печатеното, шушкањето на хартијата кога листаш не може да се долови со дигитално.

Дигитално е добро бидејќи не секаде каде патуваш, си на работа имаш можност и можеби не ти дозволуваат да носиш книга со себе.
 
шушкањето на хартијата
И дигитално ги прават да шушка во последно време. :coffee:

Муабетов:
-Што е разлика меѓу весник и компјутер?
-Со компјутер не можеш да утепаш мува. :D
 
И дигитално ги прават да шушка во последно време. :coffee:

Муабетов:
-Што е разлика меѓу весник и компјутер?
-Со компјутер не можеш да утепаш мува. :D
Со маусот и тастатурата можеш да утепаш мува :kafence:
 
Дали си ја купил печатена или имаш опција дигитално во двете случаеви даваш пари.

Е сега се си има предности и мани, се е избор на секого.

И јас сакам печатено. Често до пред неколку години читав списанија и чувството кога листаш страните, мирисот на печатеното, шушкањето на хартијата кога листаш не може да се долови со дигитално.

Дигитално е добро бидејќи не секаде каде патуваш, си на работа имаш можност и можеби не ти дозволуваат да носиш книга со себе.
Е кај жити мене не би ми дозволиле книга да носам со мене?
 
Е кај жити мене не би ми дозволиле книга да носам со мене?
Во кола, авион, воз, автобус, во хотел, мотел, апартман, викендичка на плажа и други слични места нема никој да те допре да не носиш книга и да читаш.
Јас мислев на некој работни позиции не дозволуваат или нема можност за книга да си носиш со себе и да читаш а има паузи ќе читаш преку телефон по две три страни. Ако некој работни позиции не прават проблем голем за слушалка на уше да имаш опција е аудио книга.
 
Последно уредено:
Има ли шанса од вакви апликации да се симнат книгиве зашто се намачив да ги читам на нивната апликација и едвај
 
Немојте да ме сфатите погрешно, проектот и реализацијата е супер, треба што повеќе да има македонски дигитални продукти да имаме, но бомбастично да се рекламира дека има илјадници книги, а грубо колку што изброив нема повеќе од 150-200, не е во ред. Еве јас на пример од тоа што набрзина пребарав, ништо не ме заинтересира за читање, многу категории се целосно празни. И од сам почеток, ако е ваква понудата, а во иднина стварно се планираат илјадници книги, требаше промотивно да тераат со некоја симболична претплата од пример 100-150 ден, и 30 дена гратис, како за запознавање, кога ќе достигне понудата 500, 600 итн книги да се воведат и повеќе пакети, за секој да си одбере што му одговара. Вака од старт 400 ден некако се многу за просечниот македонец, а посебно за вака сеуште "сиромашна" понуда на книги. Бизнисот треба да се гради постепено, ама македончето сака брзи пари, тоа ни е во крвта :D . Колку за споредба, иако по број на корисници е неспоредливо, Спотифај пример, често дава free premium пристап цели 3 месеци, а редовната претплата им беше до скоро 5 еур, а сега е 5.5 еур. Додека за основиот free пакет можиш пак да слушаш музика со по некоја реклама. И ја имаш музиката од скоро се што постои во светов.
 
Нудат и македонски поткасти. Видов рекламираат поткаст на Коста Петров и на оној Јосиф Дамјанов што се занимава со здрав начин на живот.

Телеком преку Magenta Moments нудат промотивен ваучер за eден месец бесплатен пристап на Boksy.
 
Лани го пробавме, имаше доста проблеми со различни уреди. Искрено, не ја продолживме претплатата, затоа што не беше вредност за пари. Исто така многу бавно одговараа на „поплаките“.
Не планирам во блиска иднина да им дадам втора шанса.
 
Ја пробав, искрено нема нешто избор по мој вкус, а второ само на паметен уред можеш да читаш, јас преферирам Киндл. Поткасти многу ретко слушам, аудиокниги никогаш.
 
Ја пробав, искрено нема нешто избор по мој вкус, а второ само на паметен уред можеш да читаш, јас преферирам Киндл. Поткасти многу ретко слушам, аудиокниги никогаш.
Киндл имаат ли можност за инсталирање апликации?

И што ќе ти Киндл кога читање книги може и на друг вид таблет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom