Може и научно истражување спроведе, со контролна група, со сВе.
Жал ми е што си повреден, ама да треба да дејтам да речеме разведен маж, би сакала да ја прашам бившата оти се разведени, искрено.
Не е гаслајтинг да не трпи некоја да ја гушиш. Јас не трпам да ме гушат. И сум скроз искрена од старт. Не сум крива ако некој се лаже себе (или мене) дека ме прифаќа таква некаква, а притоа очекува дека ќе ме промени или моделира.
Е сега, колку ти бившата/бившите си ги слушал што ти зборуваат - не можам да знам, за себе си зборувам. Ако ти кажам нешто, тоа и го мислам, значи не е гаслајтинг.
Баш ова што го спомна со гушењево ти го кажувам скроз искрено, може и месечината да ми ја симне, ама да ми душка и да ме замара да давам рапорти, џабе ќе му биде. Ниту барам такво нешто, ниту нудам.
А се случува после Х време да се жалат за работи кои од старт ги знаеле. Ами то е.