Се` ми се чини дека не постои подобра тема за мојот камбек на форумов од оваа.
Пофалби Goddess of Chaos за темава.
Ај да почнам.:je:
Како прво, JuveFan, откачи се од егалитаријанистичката заблуда која ја влечиш со себе, ПЛИИИИЗ, поубаво ке живееш. Да си знаеш дека дури ни при самото наше раѓање не сме исти. Некои уште од самиот старт се со поголеми интелектуални или физички способности некои не. Некои се раѓаат во подобра економска ситуираност, некои не. Единствен изедначувач на сите луѓе е смртта бидејки сите, кога тогаш, ке умреме. Од друга страна пак, ако ја изоставиме самата смрт како суштината на изедначувањето тогаш и тука можат да се забележат разлики ако човек сака да ги види, нели?
Е се`а, троа за надмоќноста и манипулацијата.:zlo:
Сигурно некогаш чувствувате надмоќност спрема другите, во смисла, знаете и чувствувате дека знаете подобро да расудувате, имате повеќе и покомплексни и креативни идеи, дека имате повеќе знаење, дека сте на тотално друг степен од тие околу вас, кои не го разбираат вашето?
Нема ништо лошо во тоа кога една личност се споредува со тие кои ја опкружуваат. Исто така, нема ништо лошо во тоа една личност да дојде до констатација дека поседува, одредена, позитивна, квантитативна разлика во ресурсите од останатите или народски кажано: поседува поголеми способности од другите.
Самата констатација на личноста дека поседува, одредени, поголеми способности не доведува до чувство на надмоќност наспрема другите освен, се разбира, ако самата констатација е со некаква фалинка.
Бидејки голема улога врши интроспекцијата во донесување на проценка на самиот себеси во однос на другите таа не е прецизна бидејки нормална појава е секој од нас себеси да се види во најубавото светло со кое може да се осветли.
Значи, чувството на надмоќност се појавува како потреба сопствениот суд за себеси да се оправда, односно потврди, пред тие кои се проценети со послаби способности од своите. Тоа се прави преку вршење на активности со кои ќе се етаблира доминација врз, условно кажано, послабите единки. Доминацијата, во општествено оправдани рамки, се постигнува и преку вршење на манипулација на послабите единки.
Откако успешно ќе се изврши доминацијата тогаш чувството на надмоќност, личноста си ја оправдува својата (преценета) проценка за себеси.
Сепак, оваа психолошка активност не е без своја цена. Личноста која врши доминација заради чувството на надмоќност е во постојана борба со останатите и ретко кога постојат искрени чувства помеѓу него и околината. Тоа е токму поради потребата за одржување на оправданоста на соствената проценка за себеси. Постојано е во грч да ја проценува секоја личноста дали може да и` ја загрози надмоќноста.
Секој е непријател бидејки, нели секој, поседува определени способности кои можат да ја загрозат сликата на надмоќност.
Рамноправност никаква, а за соработка со таква личност, заборавете.
Личноста која настапува на наведениот начин влегува во еден зол круг од кој многу тешко се излегува и често доведува до одредени психолошки пореметувања.
Дали кога ќе станете свесни, го користите сето тоа за манипулација на останатите или пак решавате дека не сте добри во манипулирање а за да не бидете црна овца, се откажувате од своето и го прилагодувате кон за вас веќе виденото?
Кога човек е навистина свесен и сигурен во својата способност тој бара соработка, не се труди да доминира за да ја покаже својата надмоќност. Своето го остварува преку убедување со аргументи, а не со манипулирање. Може да се прилагодува ама само во случаи каде што тоа би се извлекло најголемо добро за сите.
Темава од старт терминолошки погрешно е поставена. Поправете ме ако грешам.