Дужам пиво. Одличен!
Закаснето малце, кога го играм овој рулет и гледам она што ќе биде прво предложено (иако ризично поради тролање) обично за време на викенд побрз одговор добивав па сега дур добијам одговор за да се спаси време, јас како прогресивен, дозволив a woman to take the wheel и дозволив жена ми да избере. Го гледав The Unbearable Weight of Massive Talent од мемето:
Мета бади комедија без воук претензии каде Николас Кејџ се глуми самиот. Збунувачко и трипи на почеток но после некое време повторно се претвара во филм со сите комедија нишани. Иако наговестено, сепак… малце разочарувачко, но сеуште забавно. 4/5.
@Björn
Уште понесен од еманципирање и права на жените поради дозволување да сношти избере филм, решив утрото исто да дадам шанса на предлогот Young Woman and the Sea, филм за женa спортист. Прво не знам да пливам а и воопшто не следам спорт за да сум импресиониран од based on a true story плус, Дизни филм за женски лик звучеше воук и најверојатно никогаш немало да го имам предвид но сепак сакав да останам доследен и конзистентен и го пуштив.
Уживав, беше ептен лесно да се следи и да се сочувствува. Емотивно чешкаше кај што чеша. Приказна што инспирира како и самиот филм. Главна улога Реј од Стар Ворс е слатка и пријатна за следење. Уште еден одличен филм годинава за две жени со проблеми, покрај portrait of a lady on fire. Хаха. Убав предлог, ти благодарам. 5.