Предлог за Охридските (или скопските?) угостители. Тоа не успеав никогаш да го разберам. Сите што се добри угостители се Охриѓани, домаќини, сите што се лоши, се локали, на газди Скопјани покондурени.
Цените да бидат нормални, но да се плаќаат додатоци. Сакаш Нес кафе, нема проблем:
Нес кафе - 60 денари
Охрид има 365 цркви, + 40 денари
Гледаш накај ѕид + 20 денари
Гледаш накај езеро дур пиеш кафе + 130 денари
Охридско е најстаро + 35 денари
Охридско е најчисто + 55 денари
Келнерот е непријавен + 80 денари
Нема холанѓани пензионери годинава толку + 100 денари
И така ќе доеш до некоја разумна цена за кафе од некои си 400-500 денари, кои просечен Енглез ги троши кај и да седне во Британија и едвај чека да ја спичка цела заштеда на Охрид 5 дена.
Предности:
Нема да има патлиџан туризам, нема да има сликање сметки, нема да има поплаки.