Фан Клуб: Барселона

Член од
7 август 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.207
1000047225.jpg

Он уште нема дадено збор дека ќе остане во Билбао, сега па одекнаа медиумиве дека кажал да. БАШ ДА ВИДИМЕ СЕГА.:angel:
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.242
Поени од реакции
4.163
Можда ќе немаме некои wow трансфери, али барем Флик се ослободува од се што не е потребно.

:oleee:

Прегледај го приврзокот 426113
Не сметаше ама ич Роберто.
Не се бунеше никад и кога не играше ич.
Зимаше најниска плата сезонава.
Јас искрено би го остаил, може да покрие повеќе позиции.
Од друга страна, имаме 8 штопери.

П.С. Араухо у Бурнмаут за 10 милиони.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.207
Муабетов за Нико фаќа залет.

Никогаш не било за одговор, он е за премин во Барса само ако успеат да го регистрираат ако не ќе си остане во Билбао уште една година.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
432
Поени од реакции
157
Па уште пред неколку денови се шушкаше дека по експедицијата во Сад Лапорта лично да ги преземе преговорите со Нико во свои раце и очигледно е дека тоа се деси,Лапорта во Бартомеу стил како што направи Бартомеу во 2019 кога во последен момент да го блиндира Френки Де Јонг а трансферот беше договорен во Псж така и Лапорта сега презеде иницијатива за овај важен трансфер важен од многу аспекти:Нико можи драстично ќе го подигне квалитетот на тимот,но и од политички аспект овај трансфер се гледа ако стратешкир трансфер против здружената опозиција на изборите за две години,но контрадикторно на тоа мене некако ми мириса дека Деко ќе добие отказ.Јас сепак стојам на ставот дека наместо Олмо можи требаше да се носи 9-ка (Алварез) иако Атлетико прескапо го плати,а моментало кружат информации дека Рафиња Ленглет Гундоган Френки се на излезни врати.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.175
Поени од реакции
1.271
Каков демант на Билбао, денеска Нико официјално претставен со нов број 10ката од Муниаин. Мислам дека после ова нема потреба веќе да се надеваме дека ќе дојде. Мачкање очи само беше целава работа, од старт знаеа Лапорта и компанија дека нема да дојде.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
432
Поени од реакции
157
Дали 10ката на Нико е дел од покер паријата и одговор на Атлетик Билбао или Нико стварно ПРОДОЛЖУВА во Билбао? После сите овие случувања стварно е тешко да се извлече некое НЗС,во клубот иако никој не прикажува ништо владее Хаос:Кристенсен Роке Рафиња Гундоган Ленглет и (најново за Де јонг се шушка) дека се на излезни врати додека НЕјасна иднина имаат Кансело и Фаје.Денес се шпекулира дека клубот се насочува кон алтернативите Диаз и Коман (Наводно Флик бил голем фан на Коман.Ако е вистина ова за Коман стварно незнам што да кажам,уште еден стаклен играч мислам дека не ни треба Коман во две сезони дали 10 натпревари има изиграно за Баерн а клубот го смета како алтернатива.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.354
Поени од реакции
38.599
Нема ништо од овој циган баталете го. Решен е да прави трансфер наредно лето, 90% ќе заврши во англиски клуб.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.207
Каков дно клуб, уште виси salary capot.
Уште е над лимитот и ќе бркаат сеа гулаби да регистрираат што можат.

Џабе плакнеа очи, момаков не е крив. Сезоната почна веќе, немаше никакви гаранции. Со сила бркаат за да можат првотимци да регистрираат. Официјално пробушија дно.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
На тимов му фали лево крило, шпиц, дм, десен бек, голман …
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
Каков дно клуб, уште виси salary capot.
Уште е над лимитот и ќе бркаат сеа гулаби да регистрираат што можат.

Џабе плакнеа очи, момаков не е крив. Сезоната почна веќе, немаше никакви гаранции. Со сила бркаат за да можат првотимци да регистрираат. Официјално пробушија дно.
дај извади ја вредноста на играчите,нивните плати ,да собериме на куп колку тежи буџетот на расходи,па да видиме во што е пробиено дното

овие сосила што ги бркале,требало порано да напуштат......или требаше ден денес да играат Пике и тајфата(читај нивните милионски договори дадени од прошлата управа) кои не знаеја кога е доста
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.610
Со невозможност граничи Барса да се врати на формулата 1:1 до 30ти август...

Се чини дека Дани Олмо ќе биде единственото засилување на Барселона во летниот преоден рок. По кој знае кој пат сме насамарени, низ медиумите се кажува едно, се ветуваат брда и долини, а во пракса ситуацијата е многу полоша. Па така од шпански дрим тим со Нико Вилијамс, Дани Олмо, Микел Мерино... останува да се крстиме во Пау Виктор, Касадо, Пабло Торе, Бернал и останатите кантераноси кои се наметнаа кај Ханси Флик.

Сагата со Нико, можам да кажам дека е и дефинитивно завршена, но не поради тоа што баскиецот ја одби или насамари Барселона, туку поради тоа што клубот не успеа навремено да ги балансира сметките, моментално Барселона сеуште не работи по формулата 1:1, што значи дека тие 40 милиони не беа доволни, за нормално функционирање во овој преоден рок, требаше да се потпише и договорот со Најк. Па денес, 14.08.2024 со невозможност граничи Барселона, летово да работи по формулата 1:1.

Е сега, Барселона успеа на некој начин финансиски да се стабилизира и сезоната 2023-24 да ја заврши позитивно, примарно поради продажбите на Дембеле и Кеси, веќе амортизирани фудбалери, чии продажби се прокнижија како чист приход. Но, од друга страна тука се старите долгови, кои откако легнаа тие 40 милиони од Либеро, остануваат уште 60тина милиони минус.

Оваа управа од секогаш инсистирала дека минусот нема да се покриво со продажба на играчи, па се бараат начини за обезбедување на нови приходи. Тука е клучот во договорот со Најк, за Барселона конечно и долгорочно да се врати да работи по формулата 1:1. Но, иако според медиумите договорот уште од мај е “прашање на часови“, сепак со невозможност граничи да се потпише пред 30ти август.

Значи, денес 14.08.2024, ФК Барселона и натаму е “блокиран клуб“. Тоа ги кочи и продажбите, а штом нема продажби, тогаш и засилувањата граничат со невозможност. Пак ќе се вратам на пластичниот пример со Рафиња, ако Барселона го продаде бразилецот за 80 милиони, па по амортизационен план има уште 30 за амортизирање, од продажбата на Рафа остануваат 50 милиони приход... и ако Барселона по формулата 3:1, тогаш само 1/3 или 16 милиони ќе може да ги искористи за нови засилувања и заминувања.

Што значи дека ако Барселона пробува сметките да ги балансира со продавање на играчи, тоа ќе значи голем чекор назад од спортски аспект... Бидејќи настрана повредените Араухо и Де Јонг, моментално само Кристенсен, Гундоган (веќе амортизирани) и Рафиња, Кунде може да донесат солидни приходи... но, тоа ќе послужи само за баланс на сметките, а не и за финансирање на други засилувања.

Затоа, клубот сега прави напори да се ослободи од вишокот, веќе го продаде Жулиан Араухо, сега следуваат имиња како Ленглет, Витор Роке, Мика Фаје... најверојатно Алеиш Ваље и Кристенсен ќе бидат “непланирани“ заминвуања, само за да се регистрираат Дани Олмо и Пау Виктор... Не верувам дека во овие околности би имале 'last minute' заминување на Рафиња и(ли) Гундоган.

А Нико Вилијамс, останува да се надеваме дека нема да го продолжи договорот со Билбао и одгодина ќе важат истите услови како ова лето, па тогаш ќе може Барса да го донесе.

 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
секој познавач на шпанскиот фудбал знае дека скоро невозможно е да земеш јак фудбалер од баскија,скапо ги продаваат во странство,а за ла лига е скоро невозможна мисија

сагата е повеќе медиумска без дилема

на флик останува да го продолжи и надогради тоа што се случува изминатите години и вадење играчи од нула до репрезентативни ѕвезди како педри,гави,јамал,араухо,балде,да не се повтори грешни трансфери како дембеле,кутињо,преголеми плати за пике,буски,суарез итн

лапорта е мастермајндот во секој случај и ќе испорача максимални резултати,посебно со флик и неговата програма која очајно недостигаше години наназад.......само да ги доведи во натпреварувачка форма педри,гави,де јонг,балде и други кои очигледно немаа добри физички припреми па страдаа од тешки повреди на смешен начин,ќе се видат резултатите.......а за новите играчи од младинските школи ќе се види набрзо дали е тоа што треба да биде,мада сигурен сум дека ќе гинат и ќе гризат кога ќе им се даде шанса
 

Kajgana Shop

На врв Bottom